Коските можат да растат ако се користат стероиди а тие стероиди се многу опасни по живот а по натурален пат е невозможно да се рашират коските. Јас тренирам години па ниедна коска не ми се проширила.
Очигледно е дека Македонките водат пред Србинките, Албанките и Бугарките со најголеми задници. Но јас тоа го гледам како добра особина. Не ги намалувајте, добри сте.
5та година сум на медицина и ова не е во контекст со темата убаво во текстот си пишува коските растат додека растеме и ние а не со вежбање мислам fuck logic
Штотуку разгледав некои дебели луѓе кои ослабеле а со тоа им ослабела кичмата, вратот на фемурот... Може стручно објаснување за ова? Бидејќи под мускулот лежи коска и многу зависи формата на телото од коските.
вишокот на килограми прави притисок на големите зглобови и на рбетот па нормално после ослабување ќе попуштат и ослабат Па да зависи токму од коските формата на телото и тоа е цел муабет тука дека некоја женска на пример колку и да вежба не може да ги зголеми колковите оти коските НЕ растат Освен ако станува збор за гигантизам што е патолошка состојба
@ray-man викаш со редовно вежбање можам да ги стеснам раменава? Зборам скелетно да ги стенсам. Или евентуално да ми ја снема вишокот коска на коленото? Ај кажи ми вежби за тоа жити све.
На страна гигантизам и некои заболувања. Точно е дека коските не растат кај женски над 23 год и кај машки над 27 години но со макотрпни вежби може да се промени нивната форма - во милиметри.
Хормон за раст,расти цело тело о во ширина и во висина. Шварцо се оперира од вишок коска на челото,рони колеман има израсток на коски на лакти,џеј катлер имаше коски на глуждови кој му беа оперирани. Причината е поради користење на хормони за раст.
Неговата мускулатура му била обвиткана со сало и кога го симнале салото и изградиле мускулна маса изгледат како да ги смалиле и коските.
Здраво, јас немам голем задник, и како сплескан ми изгледа па сакам да одам еден месец секој ден во теретана да вежбам конкретно за задникот, исто и за спојлерите сакам да ми се намалат и малку стомакот, дали би имало ефект доколку секој ден еден месец одам во теретана и вежбам за задник по неколку часа?
генетиката игра најголема улога тука Вежбање редовно правилно распоредување на вежбите на пример јас вежбам нозе и задник 2 пати неделно едниот тренинг правам вежби со големи тежини и малку повторувања наредниот изолациони вежби со повеќе повторувања Внесување јаглехидрати и мнооогу протеини и секако трпение и упорност зошто не се случува преку ноќ.
Луѓе дај не правете заблуди факт е дека поголем задник може да се создаде. Сум била сплескана во газот обем на задник кога почнав со теретана ми беше 78 сега ми е 91. Се е до упорност, редовност во теретана , 8 часовен сон (клучен за раст на мускул) , и изведување на вежби кои ќе доведат со изолација на глутеусите. Како ќе ви изгледа задникот зависи од структура на коските ама на пример јас немам колкови но бидејќи редовно го вежбам задникот не се ни приметува сето тоа. Така што можете до поголем задник a ако мислите работи у стилот : Генетика јбг за изговор да не вежбате подобро не ни почнувајте. Демек сите бодибилдери ја имаат совршената генетика па затоа се тоа што се. Како да не има некои крш се во коскена структура па пак имаат гром тело направено. Прекинете со изговори и ако сакате гз работете на него а не само да седите.
само еден месец сакаш да одиш? тоа е многу мал период ама е довоолно за да ти стане навика и не треба да вежбаш неколку часа за еден тренинг 4-6 вежби се прават а тоа е некаде околу 50мин ако сакаш да го ослабиш стомакот внимавај на храната среди Не можеш да знаеш каква генетика имаш ако не почнеш да вежбаш на пр стомачните мускули се кај секој различна форма некој убави за око некои не баш истото и со сите мускули. Јас вежбам 3 години редовно и стигнав од 98цм обем на задник до 112цм и од 63цм струк на 59цм и моја другарка вежба исто колку мене ама нема голема разлика Оти генетски толку и е потенцијалот
Не е се до потенцијалот, важно се исто така исхраната, дали зема додатоци за градење на мускулна маса, со каков интензитет и фреквенција вежба за разлика од тебе.