Па не знам не сум пробала. Мене најдобри вежби ми се squats, donkey kicks, исчекори и некои вежби со ласик за страничните мускули за задникот.
Најефективни вежби за задник кои ми помогнале мене се squats и сите нивни варијанти: sumo, deadlifts плус тегови, lateral squat. Исто и lunge, side и reverse, crab walk. Но, најважно е да се прават правилно за да се чувствува тензијата во мускулите на задникот. Во спротивно нема ефект.
Здраво девојки Сакам да се здебелам кај бутките и задникот но не оди етее..јадам постојано но ми останува истата тежина Што би требало најмногу да јадам?
Со храна не може, каде си генетски предодредена да ти се таложат масти таму и ќе ти се таложи, такви големи корекции само со тежински тренинг
Здраво сакам да прашам, прво да кажам дека имам крушковиден облик на тело ( широки колкови, и помалечки гради и рамена) висока сум 175cm и имам 80kg сакам да оформам поубав задник, па дали прво треба за да оформам мускул да ослабнам барем 5кг или можам да постигнам и вака резултат и потоа да намалувам кг ??
Како сакаш ти. Можеш во исто време да работиш и на задникот и на килажата. Да вежбаш задник, па после да слабееш ти е најлоша варијанта според мене, само од причина што резултатите нема да ти бидат видливи долго време, па поголема е веројатноста дека ќе се разочараш и откажеш.
Pamela Reif гледајте ја. Ако вежбате дома има клипчиња без опрема. Ако одите во теретана мислам повеќе вежби може да искомбинирате и поубав ефект ќе има.
Има. Трчање брзи и интервали ќе ти ја зголеми мускулната маса на задникот. Џогирање ќе ги топи мастите и ќе се намали задникот но ќе се зацврсти мускулатурата па задникот ќе изгледа зацврстен и подигнат.
Не е вистина, само од физичка НЕАКТИВНОСТ може да клапни или да биди неоформен. Со трчањето не сум сигурен дека ќе дојде до посакуваната форма на газ, но дефинитивно колку толку ќе се формира.