Има, ќе ослабнеш и ќе ти биде затекгнат убаво. Атлетска форма. Ако имаш поголем задник и сакаш само за го оформиш и затегнеш само вежбање и ништо друго. Ако трчаш ќе ослабнеш.
Ајде да повториме пак. Значи се слабее со исхрана + физичка активност. Со трчање не се затегнува телото ниту пак опаѓа задникот ниту пак ќе се затегни. Со трчање се добива само вени, ништо друго. За слабеење најидеално е кардио на празен стомак на пример на сабајле брзо одење. За добар затегнат, симетрија и добро обликован задник и нозе се добива со чучњеви, спуштање мах до долу. Се останато е гола вода.
Убаво рече, се слабее со калориски дефицит (не претеран) и физичка активност (прилагодена на исхраната и нивото на спремност). Со трчање освен придобивки за кардиоваскуларно здравје, други нема. Активираш минимално листови, добро е за загревање или за после тренинг, ама бенефити за изглед скоро никакви. Од кардио признавам пешачење на лента, со incline или орбитрек со висок отпор. Евентуално и степер со контролирано движење. Кардио на празен стомак според мене е лоша идеја, и се практикува ретко. Слабеење веќе рековме дефицит (здрава храна пожелно) и физичка активност. Од squats задник минимално расте, освен ако не се прават подлабоко, качен на клупи, задник расте од изолирани вежби со сериозни тежини (од искуство). За пополнување на задник и менување на форма е многу комплексно и бара истрајност и сосема други вежби.
Имам средни колкови и имав задник,но бев активна физички значи не вежбав но бев активна Сега веке 5месеци не сум активна се преселивме па додека се прилагодам ова она деца училиште обврски нова средина и по цел ден дома со нив Приметив дека задникот ми нема форма како предходно Нормално е оваа? Сакам да го затегнам малку и да добијам форма,не можам теретана бидејки имам многу други обврски но дома навечер можам да најдам време за вежбање по пола час до 40мин 4 пати неделно би успеала Дали ми требаат тежини,отпор или можам да почнам без ништо Дали исхраната нешто би влијаела,бидејки искрено не внимавам на исхрана не јадам многу слатки работи но и не пазам знам кога јадам да изедам и 5парчиња леб,одсекогаш лебот ми е слаба страна Ако треба и на исхрана незнам дали ке успеам но би се потрудила Секој совет ми е добредојден што и како да почнам и дали ке успеам
Можиш да пробаш да вежбаш дома по програмите на Vicky Justiz.Бесплатни се некои за задник и за танок струк,секако и струкот е битен ако сакаш голем задник,а понатаму можиш да вежбаш и со тежини(има и такви предизвици).Јас вежбав еден месец по нејзиниот предизвик за во карантин и имам резултати.И најважно битна е исхраната некој велат 80 % исхрана 20 % вежбање.
Дечки од стрес ослабев 10 кила не јадев ништо и потполно изгубив апетит и се изгубив себеси пред тоа имав преубав задник ама сега сум премногу ослабена и сакам да си го вратам задникот зошто ништо освем еластичните хеланки не ми стои убаво па сакам да прашам за мислење ваше дали ако јадам повеќе и со одредени вежби би ми се вратил задникот???
Не само да јадеш повеќе, туку да внесуваш и повеќе протеин за да градиш мускулна маса. Таргет вежби 2-3 пати неделно, но не занемарувај и останати мускулни партии
Дали постои можност да се зголеми задникот со внесување на одредена храна и што би можела да јадам за да се пополни задникот ? И дадете ми пример за вежби што можам да ги правам за пополнување на задникот, а не обликување ?
Ова што го бараш не е можно. Не можиш да таргетираш со храна кој дел од телото ќе ти се пополни (ма да не сум сигурна што точно подразбираш под ова), а што се однесува до вежби, имаш таргет вежби за глутеус со кои мускулот ќе се обликува, напумпа, зацврсти, пополни...како сакаш наречи го. Е сега како ќе изгледа тоа, зависи од твојата генетика, односно формата на твоите мускули. Не ми е јасен делот со пополнување... ако објасниш подобро, можеби ќе можеме да ти дадеме поконкретен одговор.
Јас откако се поправив од 45 на 50 ми се зголеми задникот. Решението е да се јаде повеќе. Ама исто така битно е каква градба имате среќа па се ми се распоредува рамномерно и иде во задник.
На вакво нешто мислам и гледам има вежби на јутуб како ова, ама мене ме интересира дали нешто друго би можело да помогне во тоа или на пример да јадиш повеќе млечни производи, повеќе месо за таа цел?
Тие на јутуб не ги ни гледај пошто дел од нив користат анаболици. За помасивен задник мора да тренираш нозе значи чучњеви со тежини. Исчекор,лег прес,хек скуат ..
Нема храна од која ќе расте само одреден мускул, конкретно задник. Ако поради генетиката, телото ти складира масти најпрво во задникот, шо и да јадеш (пообемно) ќе ти се зголеми (ама тоа се масти, дебелеење). А за мускул, како и секој друг мускул така и задникот може да расте ако го вежбаш конкретно него и јадеш повеќе протеини.
Сакаш во профил да изгледа поголем и подигнат вероватно... како што ти одговорија и членовите погоре ќе се согласам, ако јадеш повеќе, никој не ти гарантира дека задникот ќе се зголеми, зависи каде е твојата генетска предиспозиција за складирање масти. Значи во секој случај, изолациони вежби и соодветен протеински внес ќе имаат ефект, не знам како имаш замислено дека сакаш да изгледа, но не земај пример од некој од YouTube, најчесто тие очекувања се нереални и за голем број од луѓето неостварливи. Не велам дека не е можно, но треба многу повеќе работа од вежби од интернет.
Вајлд, да им пречиме (пресечеме) од фелкиве удина бела ко снег, да ги види Господ Што викаше еден наш роднина кога бевме дечишта-елате деца кај чичо да му каснете од кашкавалов и ние собирај се, радувај се...нетокму работа