Здраво, може ли да ми препорачате вежби за теретана и дома што се за затегнување на задникот ама да не ги шират колковите?
Задникот е составен од три поголеми мускули: gluteus maximus, medius, minimus. Додека Е возможно да се таргетира некој од овие мускули, не постои начин целосно да се изолира. Тоа значи дека генерално при секоја вежба која таргетира еден од овие мускули споредно ќе се активира и некој друг. Воедно, глутеус медиус на некој начин "ги обвиткува" колковите, и меѓу другото е задолжен за нивната ротација. Што теоретски значи дека секогаш кога овој мускул ќе се активира, дури и индиректно, на некој начин се "вежбаат" колковите. Ако на колковите има доста наталожени масти, секако овој мускул може да помогне да се обликува тој дел - така што не мора да значи дека сето ова погоре е "лошо", туку може да испадне и корисно. Во зависност од желбите и потребите, нели... Доколку сакаш да избегнуваш да го вежбаш овој дел (да ја намалиш активацијата на овој дел), избегнувај ги оние вежби за задник при кои колковите (нозете) ротираат нанадвор или навнатре. Ако сакаш да го таргетираш gluteus maximus, најдобро ќе ги направиш тоа на некои изолациски машини во некој фитнес центар. Вежби има премногу, едноставно изгуглај "gluteus maximus exercises", пробувај, и види кои вежби ти одговараат најмногу. Но сепак, имај на ум дека е невозможно целосно да го изолираш. Thighs ≠ колкови
Протени да ми предложете сакам да го затегнам задникот, вежбам трчам но сакам да пробам и со протеини или непто други да ми препорачате за побрзо
Ги има во ,Hardcoreshop.mk Го пијам во зависност од потребите. Некогаш 1 дозерка во текот на денот а некогаш 1 дозерка во текот на денот и упте две дозерки со масти пред спиење.