Јади повеќе, но секако со тоа ќе се здебелиш сегде. Јас сум ПРЕЗАДОВОЛНА од мојот задник. Прво ми беше грд, големчок но без форма, затоа што бев предебела, но потоа почнав да вежбам карате и сето тоа се смени. Другарите, другарките, ама баш сите ми имаат кажано дека имам најубав задник! (немојте ова да го замислите како фалење ве молам). Значи тоа ти е Единствено можеш да пробаш како мене: здебели се, па потоа почни да вежбаш нешто, ама не знам дали ќе ти успее. позз
Задникот не може да се зголеми. Може само да се зацврсти. Мене доста ми помага качување по скали, откако се запишав средно дека училната ми е на трети спрат, секој ден по неколку пати качи се - симни се, доста ми помогна.
Верувајте може и да се зголеми. Јас на мене приметив, отсекогаш сум имала онака да речам поголем задник Е сега откако почнав да вежбам и тоа само на Орбитрејк многу ми се зацврсти и ми се зголеми (ама и се здебелив на 2-3 кила меѓувреме) значи мора прво да ја покачите телесната тежина значи здебелете се па после вежбајте Има резултати само треба упорност
а колку пари е Орбитрејк справата? И јас сакам да го зголемам задникот, ама и да направам малку струк т.е да се ослободам од спојлериве
Јас вежбам речиси 10 години аеробик и фитнес и тоа континуирано.И да, задникот може да се зголеми, но со избалансирана исхрана(многу протеини и јаглехидрати, но се дозирано и во одредено време) и многуууууууууу, ама многуууууу вежбање и тоа редовно со тренер и вежби кои се наменети токму за тој дел од телото
Види во Топ шоп мислам 12-13 000ден јас го зедов на старо за 8 000, ама како нов беше таа што го имаше ич не вежбала.
Со ова чудо се гради задник ипол! или некоја слична на оваа, на која треба да се напрега силно со нозете.
На сегашнава тежина единствен начин за да зголемиш задник е да отидеш на липосукција. Онаму каде што имаш несакано сало, ќе ти го извадат и ќе ти го стават каде што ти фали сало. И нормално истото не трае вечно, како и силиконите.
Стави чорапчиња во гаќи и терај си хахахаха.. Шала на страна, можеш да дојдеш до поголем задник. Вежбај постојано така што со самото зацврстување на задникот тој станува поголем, но тоа не е можност кај сите. Ако си една од среќните девојки кои генетски имаат добро градено тело ќе можеш да имаш подобар и од на Џеј Ло
Качување на карпа http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... 0%B8%D0%BA Еве ви женски..отсега па натаму по цели денови седете на стол,па по можност и спијте на него
За задник многу се добри чучњевите, степер, качување по скали... И многу е битна исхраната. Не е работата само да јадеш, ами што јадеш. Едино ако целта на некоја и е да стане крофна нека крка торти и чоколади. А што се однесува на лененото семе, делува на естрогенот, заради тоа кај некои поединки може да се забележи зголемување на градите. На крај рецептот= вежбање + протеини + здрави јаглехидрати
Не, не. Имала преголем задник, а многу мали гради затоа морала да стави силикони, но задникот си е нејзин
Како до поголем задник, со вежба и правилна исхрана и нормално со малку помош на генетика. Девојка што има тесни колкови колку и да вежба пак ќе и биде помал од некоја со широки колкови . Прво се наголемуваат мускулите на задникот со вежби за тој дел на телото и се јаде протеинска храна, после се става контролиран слој сало по цело тело така да ќе фати и кај задникот и на крај се оддржува таа состојба со редовен тренинг и правилна исхрана. Така да која не е природно надарена ќе си има повеќе работа ама и резултатот нема да изостане
Цурава е јасно напумпана посебно во бутови (затоа и пишав малку сеир) ама не верувам дека постои маж што би ја одбил за секс а гадна не е во никој случај . Јас би и симнал едно 7-8 килца ама и ваква е сон за 99% мажи на планетава . Упорно ви викаме сакаме облини вие упорно се инатите . Ве растурија манекенските анорексични реклами, вие сакате едно а ние сосема друго .
Се зачудив од повеќето мислења на машки другари, дека им се правел ќеифот да пробаат в кревет со женски со вакви мераклиски газови.