Вака јас имам еден проблем одкако имав односи почнав да се ширам во колковите а предходно имав тесни колкови,ама пусти газ не се намалува маани сто е како балон надуван (не се фалам се жалам) секој би сакал да има тртлесто газе ама јас мојот не го сакам ако знаете некоја вежба како да ги барем намалам колковите кажете ми позз
Многу јасно, знам што ставам . Читај ги и коментарите на Јутјуб, еден нема да рече аууу грда никогаш не би со неа туку баш напротив Широки колкови, тесна половина и широки раменици е фигура на која ниедно машко не е рамнодушно. Уште ако има и бујни гради нема ЕДЕН да се јави и да рече грда е . ОБЛИНИ е магичниот збор, нормално не да висат Тоа не е проблем тоа е супер . Место да стеснуваш колкови рашири раменици и стесни струк и ќе добиеш фигура на песочен часовник а тоа нема да биде воопшто лошо Задникот стегни го со вежби (имаш премногу напишани на темава одбери еден систем и прави го три пати неделно) заедно со уште еден систем за цело тело плус аеробен тренинг и ќе добиеш супер тело. Тесни колкови остави им на машките, вие треба да имате поширочки
Една моја другарка се жали дека има голем задник и у депресии паѓа. Сега голем и е, ама мажи сакаат облини. А и жените се осеќаат посекси кога ги имаат. -Ајде ма, ја тешам - порно глумици силикони стават за да имат јак газ Пример, флертуваш со некој, правиш муабет и он сфаќа колку си ти паметна, прекрасна и се по ред, ќе му го свртиш грбот и ќе ја виде твојата богата задница. И ако сака секси газиња, ќе има само +,+ и + за тебе во неговиот список Јас во последно време качив некој сантиметар, па од 92 сега сум 94 см широка во колковите, баш сега се мерев. И да имам уште 2-3 см плус нема да ми пречи.
Тоо растура женскава, супер е, не знам што гледаат гадно во неа, има се што и треба дури и талент така да мрда со газот. Плус тоа женскава има "ГС" да денса вака јавно и да се гордее со талентот и газот како атрибут. Многу анорексични девојки можат да и завидуваат. Не знам како може некој да каже дека згодна женска е некоја што нема ниту облини, ниту гради ниту добро обликуван задник туку најбитно им е да е слаба и да го испрчува газот кој го нема ама за сликање ако треба ќе искрши половина само да направи г`з со поза. Ако немаш добар задник не мора да плукаш по некоја само затоа што го има. Обожавам вакво тресење-играње, на добра латино музика и јас си го протресувам , но далеку од очите на јавноста. Да сум машко не би одбрала женска со г`з како овој подолу
Значи за големо гзенце, седењето доста си помага Гледам и други феминки пишале и да, гзот си расте и си се шири колку толку само од седењето, а секако, и плус некоја вежба ќе си го долови своето. И за женскава со големиот гз, да коментирам и јас, мојот е помал од нејзиниот, но дефинитивно сум слична, со мала половина, големи гради, широки колкови и гзенце напрчено и големко. Другариве мои и сами кажуваат, а сега и дечко ми, имаш совршени облини, само уште 4 5 кила да симнеш, а работам на случајот, и ми се допаѓа моето тело, а облините посебно, зашто знам дека нема машко кое останува рамнодушно на тоа, освен некој што преферира чачкалици тоа е друго веќе.
Мене типкава на видеово, не можам да кажам гадна, али никогаш не би била задоволна ако изгледам ко неа. Премногу е некако ... напумпана Океј е некоја облина, али ова е превише . На машките, нормално оти ќе им биде по ќејф, али едно е да си слаба со облини, кои не се ко на типкава, али сепак постојат, а сосем друго е да изгледам ко надуван балон
А да научите малку да го цените тоа што го имате и што е најважно да знаете како да се носите со него зашто ако се такви гените многу не може да се измени. Јас не барав поголем задник и што ако сум физички активна кога се напумпав од 94 декември месец, до 95 сантиметри во февруари -.- Ако се здебели уште дури тогаш Ехееј во какви крајности сте заминале вие.. Едната даска, другата стварно гадна и бутови и се.. Каква инспирација какви бакрачи -.- Искрено јас сум среќна што немам таков задник Барем сега за сега не сум полна како таа првата :: Страшна работа
За машко не е ич гадна туку напротив . Ест дека е малку напумпана ама поминува без проблем . Пс. Не гледаме ние со ваши очи .
Колку ти е широк струкот во однос на колковите зависи и од генетика но ако имаш широки колкови (што е супер) кога ќе ги стопиш спојлерите и масното ткиво околу стомакот природно ќе ти се стесни фигурата од колковите накај струкот, треба од пошироко да иде кон потесно. За стомакот кардио тренинг, стомачни и правилна диета ќе ти завршат работа . Рамениците и грбот ти се битни за да добиеш фигура на песочен часовник. Ако имаш природно широки раменици само дефинирај ги, повежбај го малку грбот да добиеш V фигура и готова си . Ако немаш широки раменици прави вежби за раменици и грб (со тегови и вратило) и со упорност ќе добиеш феноменално тело зашто многу девојки имаат добар скелет ама воопшто не им паѓа на памет дека рамениците и грбните мускули треба да се вежбаат за правилна фигура. Еве едно видео за страничните стомачни мускули (важни се) а вежби за предните стомачни имаш премногу на Youtube, земи една програма и вежбај ја редовно. http://www.youtube.com/watch?v=WCcrQ-ySRL0 Додади и вртење хулахоп, ќе ти ги зацврсти мускулите на стомакот. Рецептот е: Аеробен тренинг+стомачни вежби+правилна исхрана+доволно спиење и одмор+вежби со тегови и вратило. И вратот не го запоставувај, не бива фигура песочен часовник со многу тенко вратче, треба сѐ да е складно. Ако има нешто нејасно прашај .
А каква врска има тоа што кај тебе поминувала без проблем и каков фактор ми е тоа мене, не разбирам? Пс. Па јас не ни очекувам сите луѓе да гледаат со исти очи како мене.
Веќе спомнав во неколку теми дека ослабев и тоа доволно.Но како што ја изгубив тежината така ги изгубив и задникот,градите.Дали со вежби можам да ги повратам? Или залудно си се надевам?
^Епа ако си ги имала некогаш, мислам дека можеш да направиш нешто во врска со тоа.. Најдобро ќе биде да прашаш некое стручно лице, фитнес-инструктор или сл.
imam dobar zadnik poln podignat a i jas ne znam kako sum go dobila nikakvi posebni napori normalno vezbanje normalno jadenje .. no ne treba da vi bide opsesija devojki uzivajte sekoj ima nekakov nedostatok pozz
Е па вака.. јас си имаф супер задник.. можи не беше мн стегнат ама сепак. И пред 2 недели почнав да одам на фитнес и да држам диета и почна да ми слабеј задникот (а јас тоа не сакам ) , наместо да ми слабејат стомакот и нозете, мене ми слабеј задникот И сега незнам шо да напрам да си го зачувам уште тој со ми остана
Јас ова чув последно и останав вака Што не ќе измислат, боже помогни им... и за мозок нешто нека измислат зашто поглупи неможат да бидат... И после кардашијан имала гз, ма ајде бе... Инаку слични вакви влошки ставала Анџелината на газето да и било поубаво на ред карпетот