Како се вежба задник без да се набилдаат нозе? Мислам без некои разбацани мускули и не-женски изглед на нозе и бутови.
Jas sum fitness profesionalec, momentalno rabotam vo Miami, USA. Imam okolu 150 videa na youtube kako da go napravis zadnikot, ubav, zategnat i dignat, kako J Lo Sekoj den novi videa i vezbi, Golem pozdrav od miami i prasaj me ako ti treba nesto cao
Јас си вежбав околу 3 недели и после тоа задникот ми се намали и сега ногу тагувам по неговото изгубување
Мускулите на задник и нозе се обично тренираат со истите вежби. Првото видео што го ставив тука се вежби кои се само за мускулите на задникот, другите видеа се вежби за задник и нозе. НЕмој да се плашиш дека ке ги набилдаш нозете, затоа што тоа е навистина претешко и ке треба да тренираш ептен интензивно и со тешки тегови. Градење на мускул ( без разлика дали е мускул на задникот или нозете) е тешка задача и бара многу вежбање. http://www.youtube.com/watch?v=pnetp7PKYpQ http://www.youtube.com/watch?list=ULjY6 ... Y6F4f0OlWc http://www.youtube.com/watch?v=jG8oB9F2 ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?list=ULlhj ... hjNWgEOJV4
Дали некој знае кај нас да се продаваат вакви или бар нешто слично? http://www.youtube.com/watch?v=wBEWLWuf ... r_embedded или вака нешто?
Кој сака поголем задник можам слободно пола од мојот да му дадам шала на страна газот ми е големина таман уште да го затегнам Абе човек не се замарај терај си го животот ако нешто ти помогне имам читано дека чоколадото завршува во задникот позз
Пробав да правам некои вежби за задник, качив и некое килце, ама се ми оди во стомакот , задников како да го зголемам ?
Да, до некаде имаат врска гените, ама сигурно постојат начини тоа да се смени без разлика на гените. Не мора да значи дека се е до нив
Со вежби за задник и откога ќе ги зголемиш и оформиш мускулите (убаво да се заоблат) природно врз нив ќе има или ќе се создаде масно ткиво за убава форма (под услов да не пазиш на екстремна диета). На форумов многу се фалеа со чучнувања и со Brazil Butt Lift во однос на ефектите така да твое е да вежбаш и да оставиш времето и тренингот да си го направат своето . И треба да си упорна зашто не е ова процес за два месеца
Многу зависи од тоа каква е самата конструкција на телото, обемот, се согласувам дека вежби можат да помогнат, но не и за зголемување на задникот.
уживај имаш пола од мојот пробај да го зголемеш со јадење на чоколадо или така нешто некој вежби или сл. важно не му се секирај губеш лепота
Имам посебно прашање до XMan јас беб ептен слаба чачкалица све рамно на мене, ме мислеа дека сум анорексична ама одувек сум таква не јадам многу. Поради критиките решив да се здебелам и почнав да вежбам вежби за цело тело, вежбав со тегови направив супер трапез може и природно си имам широки раменици сега ги зацврстив, стомакот го стегнав имам плочки, половината ми е тенка ама кога ќе се погледам во огледало во карлица сум тесна и немам подигнат задник а упорно го вежбам и него. Се што сум здебелила во тој дел ми отишло во бутовите под задникот и сега воопшто немам убава форма. Не ми подигнат туку како да виси и да е премногу а уствари тесна сум во тој дел потесна отколку во рамениците. Затоа ме занима ако со вежби се се постигнува како да го проширам карличниот дел и да има форма на песочен часовник??? или генетика ме зезнала во тој дел????
Со помош на популарниот реквизит, пилатес топка, лесно може да се прават вежби кои ќе го зацврснат задникот, но и многу поважни мускули од карлицата. Оваа едноставна вежба со пилатес топка на вашето тело остава непосреден ефект и додека само едноставно го подигате и спуштате телото сите мускули на задникот и долниот дел од грбот се во погон при што истовремено ја зајакнувате силата и издржливоста. Прв чекор Легнете на рамна и тврда површина со рамениците цврсто припиени на подот, нозете држете ги право истегнати на топката и не ги свиткувајте во колената. Втор чекор Стегнете ги мускулите и подигнете се од тлото ослонувајќи се со нозете на топката и со рацете испружени покрај телото. Ќе почувствувате напнатост во долниот дел од грбот при што и вашите стомачни мускули ќе го одработат својот дел. Задржете ја таа положба 10 до 15 секунди. Трет чекор Задржувајќи го задникот подигнат свиткајте ги колената и приближете ја топката кон себе се додека стопалата не бидат со целата површина на топката. Истегнете ги нозете и вратете се во почетната позиција. Вежбата повторете ја во серии до пет пати.
Да ме прашаш како се добиваат широки раменици ќе ти кажам десетина вежби ама за широка карлица (односно вежни што делуваат на карличните коски во однос на нивно ширење) е многу потешко нешто конкретно да се каже. Науката кажува дека до 20-тата година од животот може со вежби или други механизми да се дејствува на коските и нивниот раст да се зголеми (и покрај генетиката) и дека потоа (по 20-тата година) растот престанува. Значи ако одиме според тоа правило (ако си испод 20) би требало со вежби да можеш да ги прошириш карличните коски но ова е само теорија. Не сретнав на нет ниту во литература ниту било кога сум слушнал некој да измислил функционална метода за ширење на карличните коски (ако дознаам ќе ти пишам) така да ти останува да пробаш сама со вежби за задник и бутови и да се надеваш дека можеби ќе дејствуваат и на коските. Тука би било интересно да се види кои вежби би стимулирале ширење и да се форсираат баш тие (под услов да функционираат). Дали треба да пробаш со чучнувања (со тежина) или да форсираш и комбинираш машка и женска шпага и слични вежби стварно не знам, останува на тебе да пробаш. Според некои испитувања карлицата се шири и по дваесеттата година (до 3 см) така да е еден импулс да продолжиш со вежби за тој дел но треба да размислиш и на кој начин функционира механизмот за да го искористиш во своја полза. Знаеш дека карлицата може да се зголеми при бременост ама не секогаш останува таква и секако не е тоа метода која те интересира. Жал ми е што немам нешто поконкретно ама прашањето завлегува со сива зона и изгледа многу малку (или речиси никој) не се бавел со оваа проблематика на научна основа .
Фала многу Xman за исцрпниот одговор значи сепак е генетика тука нема промен како на другите делови од телото. баш тоа ме занимаше значи ќе мора само со вежби да пробам да ставам масно килiо на тој дел и да го стегнам со вежби. А дали. има некој посебен режим на исхрана што ќе придонесе за зголемување на тој мој критичен дел. Искрено сум ти благодарна на одговорот што ми го даде и ако ништо не успее кај мене бар ќе се тешам со манекенките од fashion tv)
За раменскиот дел сите вежби што стимулираат раст на мускулите истовремено (пред 20-тата година) стимулираат и раст на коските па можеби и кај карлицата е слично. Пробај, нема што да загубиш со тоа што јас би одел на вежби со тежини. Ако ја знаеш вежбата кога лежиш на грб и со нозете дигаш тежини (на машина) ете таа некако ми доаѓа дека ќе има некакво влијание и на карличната коска. Потоа сите вежби каде лежиш на грб и правиш вежби со нозете (возење точак, кревање на нозете како за стомачни (исто ама на страна) но со тегови кај стапалата би требало да имаат некаков ефект и на коската. Ескпериментирај и ако вреди за една година би требало да осетиш. Друго, погледни фотографии на дигачки на тегови (во поново време смениле методи на тренинг и многу поубаво и поскладно изгледаат од порано) и ако имаат повеќето широки колкови види кои вежби ги прават, ама со внимание да не си скратиш од висината. Можеби и пливање би имало ефект (заради постојаното движење на нозете) но не ми е проверено така да ова е само забелешка. Масно ткиво се создава природно ако не јадеш за дефиниција и правиш тешко кардио така да за тоа нема да треба да јадеш екстра масно или јх (барем не сега а за понатаму е лесно кога го имаш мускулот). Пробај со вежбиве и види како ќе оди, па ако успее ќе имаме црно на бело дека (и дали) карлица може да се стимулира на раст .