imam edno prasanje, znam deka za da ostanes bremena pozelno e posle intimniot cin da polezis 10 tina min. za da ostanat povekje spermatozoidi vo vagina, no jas posle sexot lezam nekoe vreme a posle toa odam da mokram i so uriniranjeto izleguva celata sperma. Dali toa i ne e taka pogresno ili pak da si ostanam vo krevet i da si legnam direktno da spijam ?
Јас останав бремена без ниту една минутка лежење по интимните односи. Веднаш станував и се туширав. Мислам дека да се воздржите од уринирање, да лежите најмалку 10-15 минути по интимните односи, да ставате перница под вас, да кревате нозе нагоре и сл. не допринесува до посигурно забременување. Иако ти се чини дека се излегува од тебе, доволно си останува внатре, не се грижи!
некогаш кога имаме односи со мм одма имам потреба да одам во wc,останувам да лежам со перницата под мене но тоа понекогаш кратко трае, одам и мислам дека истекува се од мене...и затоа неможам да останам бремена...овде читам дека доволно останува внатре
Дали може да се остане бремена за време на циклусот?.. Eдна моја пријателка тврди дека можело да се останит бремена ама јас не верувам во тоа и затоа ве прашувам вас за ваше мислење?
За сите оние кои се обидуваат да станат мамички, можеби имам нешто што многу ќе им помогне. Јас лично сум скептик, скептик за се што ќе прочитам а нема да го пробам, особено за коекакви мелеми и раствори, ама.. изгледа во дел од нив имало вистина. Ние се обидувавме околу 8-12 месеци да имаме бебче. Не можевме. Потоа прочитав некоја си бабина деветина за раствор од рен кој бил многу делотворен и помагал за забременување. Поточно, од рендан рен и вино. Си реков,ајде ќе го пробам, гледам многу жени го испофалија, на многумина им помогнало и го направив. Прочитав дека требало овакво вино, онакво, сварено, неварено и незнам какво, ама јас многу не се замарав,си реков чисто онака да пробам земав само изрендав рен во шишето ставив бело вино најобично од продавница,во тетрапак, и го оставив да отстои една недела-две. Потоа пиев,чинам,по една мала чашка наутро на гладно.. ми доаѓаше да умрам кога го пиев. Го пиев со штипка за алишта на носот, со памук во носот, на екс,на голтки.. што ли уште не правев,бев смешки невидени, бидејќи толку беше грозно што од самиот мирис ми се смачуваа илјада животи одеднаш, а не па кога ќе го испиев. Скоро го допив шишето, ми остана уште малку на газарот, и рецептот и шишето ги фрлив кузнае во која канта да не ги видам никогаш повеќе. Арно ама.. еден месец откако го испив.. бебче Сега сум 5 месеци бремена Незнам дали беше до ренот или до што веќе.. ама ако сте очајни да забремените, пробајте го, никогаш не се знае.. и не сум скептик веќе
Бравоооо,ти поскувам да си имаш убава и лесна бременост...од каде го купи ренот,некои велат пак за виното требало да биде старо 3год. но и јас мислам дека нема веза во тоа кај тебе сепак успеало да се фати...кажи ми кога почна да го пиеш точно или и тоа не гледаше
Јас од се досега што имам прочитано, разноразни рецепти, да ви кажам вчера го направив рецептот со смокви и маслиново Па ако ништо друго барем здраво е Баш броев 40дена и треба да стои до 31. 12. Таман за Нова Година првата смоквичка ќе ја изедам
овде пишуваше една феминка дека го оставила многу малку да одстојат 4-5 дена и почнала да пие и нареднит месец останал бремена ,но сепак рецептот е 40дена,но како и да е и јас планирам да го правам па ке видиме
И јас неодамна останав бремена Инаку имам ПЦОС и нередовни ментруации - на два три месеци.. Со мм решивме да правиме бебе, од првиот циклус ништо не бидна, па ми текна да го направам рецептов со виното и ренот, пошто имав слушнато дека помага и за регулирање на циклусот и хормоните, како и за забременување.. Го направив со еден корен од рен и пола литро смедеревка Кога го направив го ставив да стои во фрижидер една недела и таа недела пиев по неколку зрна бибер на гладно насабајле. После тоа пиев по една чашка од растворов насабајле, ама не баш редовно, кога ќе ми текне.. И мене ич не ми беше гаден, може требаше повеќе рен да ставам, ама пак мене ми се допаѓа вкусот на ренот па можеби и затоа.. И истиот месец дознав дека сум бремена не ми се веруваше, мислев дека ќе се помачиме.. Е сега дали помогна ренов или така природно се случи незнам, ама вреди да се проба Поздрав до сите, и што побргу да си ги видите двете цртички!
kako da ostanam bremena ? Сакам да ми кажете како да останам бремена.Епа вака во брак сум 2 месеца редовно имаме односи со маж ми,ги следам плодните денови и тогаш имам односи ставав и перница под колковите и ништо но проглемот е што после односите ми излегува спермата и никако не можам да ја задржам многу сакаме да имаме бебе но не можам да успејам писете ми некој совет можеби ке ми помогне ако и тоа нема помош ке мора да одам по бајачки Фала унапред
kako da ostanam bremena ? Гледаш со какви глупости се умараш?????? Бајачки???? Па ако имаш вишок пари-бољи дај ги у Црвен Крст. Алооо девојко некои со години се трудат да останат бремени ти за 2 месеци паничиш. Се е во главата !!!! Имав пријателка која 7 год не можеше бремена да остане. 2 ин витра направи-и два пати не го издржа плодот. И и дадов најфин совет-опушти се малце. Кулирај. И тогаш ке биде. За НГ малце се поднапија со мажот и -таа веке не доби во јануари. Затоа прекини да си го тупиш мозочето и место да правиш дете,бркај оргазам и уживај во маж ти. Цел живот ке бидеш родител не се секирај. А сп*рмата и да сакаш не може ЦЕЛА да остане внатре. Вајда доволно си паметна да знаеш дека е потребен само еден ПАМЕТЕН сперматозоид да стигне до јајце клетката. Кулирај.
kako da ostanam bremena ? се свакам само што кај нас е голема желбата.Ние сме во брак 2 месеци а во врска беме 6 години на нас веке не ни е интересно сакаме бебе.А и уште нешто може ли да ми кажете како да доживеам огразам?
kako da ostanam bremena ? 6 години врска,сега брак а ти немаш доживеано оргазам? Па што се брзаш за бебе тогаш,уживај прво,пробувај пози,експериментирај,најди си ги точките кои најмногу те возбудуваат
http://www.proxeed.com/ јас ова пиев, 90миилиони ми беше бројката, ама па `motility` не доволна. па затоа пиев ова. 2 пати дневно се пие,прашок се раствара во чаша вода. ќе заборавев: ако пуши,да престане. и да почне спортска активност. исто така да не се тушира со топла вода,ако може да издржи, нека се мие со млака вода кај тестисите. да не носи тесни облеки, и ако има греење во седиштетот од колата да не го користи. најголем проблем за машките е топлината и намалена циркулација. ако вози велосипед,да намали.