Здраво! Незнам дали има ваква тема,ако има слободно - КАНТА! Ме интересира како може да се дојде до помал струк со диети, т.е. одреден режим на исхрана, вежби и нормално - искуство.Само ви се молам без Корсети
Па,пробај со вежби од фемина..можеби ќе ти помогнат. Инаку јас немам проблеми со струкот па и не знам баш што треба да правиш за да ти е помал.
Начин на исхрана, трите оброка и без прејадување, без грицки, евентуално да не се јаде во периодот помеѓу оброците, многу течности, посебно вода и нормално вежби, за меше, грб, колкови, рачиња, ноџиња барем според мене и онака не држам диети, затоа и кажувам вака, како би било добро, но, сепак најмногу зависи и од конструкцијата на телото.
И јас исто. Зависи дали имаш сало или широка ти е карлицата. Ако имаш сало почни да правиш некои бежби на пример оваа помага : Спојлер така кажуваат Ќе земиш тег во едната рака и странично ќе се наведнуваш надолу ( на страната каде ти е е тегот). Вежбата се повторува и кога тегот е во другата рака.
врти хулахоп, тоа му е мајката, намали со шеќерите и пиј зелен чај(бидејки спречува таложење на масти токму на струкот ) мене барем ова ми помогна =)
Јади повеќе протеини, избегнувај масти и вежбај.. Уствари вежбањето највеќе помага. Инсталирај фитнес вежби ил користи ги тие од фемина
Има добра вежба за помал струк. Први резултати ќе имаш после еден месец ако ја практикуваш секој ден по 5 минути. Рашири ги нозете во должина на твоите раменици. Со една рака допирај го глуждот а со другата рака, покушавај да "го допреш таванот" и така наизменично. Исто имаат влијание сите вежби за страничните стомачни. Исхрана - ќе исфрлиш леб и наутро појадувај овесни снегулки во комбинција со јогурт, млеко, па можеш и со јаболка. Плус тоа ќе пиеш чај од камилица, помага при оформувањето на стомачните и зелен чај кој го забрзува метаболизмот и топењето на мастите на стомакот.
Со кардио вежби. Трчање најдобро. Исхрана битна добри 80%. Повеќе вода и овошје наутро. За ручек нормален оброк минус леб и слатки. Good luck
Jaс имам слушнато дека од вртење на хулахоп се намалувал струкот...е сега,јас си купив,ама сум заборавила како се врти,има ли некое видео или било што од што би можела пак да се научам да вртам хулахоп? И има ли врска големината на хулахопот...мојот не е голем, една и пол педа под колкот ми е висок...
Вртење хулахоп е одлична вежба за струкот и стомачите мускули воопшто. Но битна е поставеноста на телото и рацете Ако рацете ги крениш нагоре исправено, a меѓувремено вртиш со хулахопот и правилно дишиш, ќе осетиш како мускулите ти се целосно вклучени во вежбата. Искрено и јас имав заборавено како се врти со хулахоп, ама после 2 дена влегов „в шема“. Значи се учи п.с. Немојте да бидете најадени пред вежбата или пак да се имате препиено вода - бидејќи ќе биде отежнато варењето на храната, а водата ќе си ја слушате како се клатка во стомакот.
Вежбава може да се прави и без тегови, ако немаш при рака. Само лизгај ги дланките во близина на телото најизменично, колку што можеш подоле, без да се превиткуваш. Уште наредниот ден ќе видиш дека делува вежбата пошто мускулите ќе те искинат Секој ден повторувај ја колку можеш и ќе видиш резултати. Можеш и по дома да си вежбаш стомачен танц. Пушти некое видео на youtube и пробај да копираш. Се обликува баш тој дел од телото. Исто прави и како што ти кажаа другите, ако можеш набави хулахоп и почесто пиј зелен чај и нормално, поздрава исхрана применувај.
Ја си купив хулахоп пред некое време, и си го вртам, ама се мислам дека не е доволно .. Па некои вежби плус ?? А и стварно ова со зелен чај помага ?? јас го пијам не дека не, знам само дека помага да не се дува стомакот нели
Пробај со вежбите на Тифани на YouTube.Јас ги правам програмите за намалувањето на обемот на стомакот.
Женски мои, не знам во која тема да писшам па ај тука Еве на оваа страна гледам дека имаат некои топачи на масти: http://www.napumpajse.com/shop/topaci-na-masti.aspx Дали некоја од вас има пробано, каков ефект имаат овие топачи на масти? thanks
Jaс немам пробано,ама колку што сум информирана не треба да се земаат на своја рака,ако отидеш во продавницата сигурно ке ти кажат таму подетално.И додека ги конзумираш,мораш да бидеш многу физички активна,ем ти даваат повеке енергија.И мене ми изгледаат интересно,сум слушала позитивни коментари па најверојатно би пробала во иднина. Btw еве ги ефектите http://www.youtube.com/watch?v=1PBUQ5rSEXU