Павлаката е добра и помага за зголемување на количината на млекото? Мене сега од кога ми е ќејф да си ја дојам ми се намали млекото Па еве веќе 4дена пијам чај, нон стоп ја ставам на града, гледам почесто да јадам(иако тешко ми оди). Од денес ќе јадам повторно и павлака(до пред една недела многу јадев, што ми требаше да престанам) Јадам и кромид демек помагал, се надевам дека ќе си надојде млекото
новороденче 19 ден денеска Ох леле се пробувам пијам хипп натал по 3 чаши дневно многу вода сок боза по цело литро на ден до вчера коа почнада ме стега желудник и викам доста е веќе ја намалив од сабајле сум се напила само една чаша од јадење јадам се готвено и хранливо и ништо не мрднува а павлака со неа израсна можам и поцело кило да изедам мана ми е што не пијам пресно млеко многу само по1 чаша на ден . Останува да се надевам дека со појавата на зрело млеко ќе се зголеми и количински па ќе можеме да ја баталиме дохраната.
Нема што да се нервираш. Нека си напредува детето како што треба, па сега мајчино или АД ич не е битно. Еве јас уште пред 25години(време кога ептен ретко се употребувало АД) сум порасната со вештачко млеко(мајка ми немала млеко), па здрава, права сум. Важно е детето да е најадено, нормално сите знаеме дека мајчиното млеко е незаменливо, но кога се нема неможе со сила ништо да направиме. За грчеви барем денес имаш голем избор како да ги ублажите. Ние со Еспумисанот, вршиме работа некако, но исто многу многу ни помага и масажа, па сега скоро на секое пресоблекување ја масирам по 10-15ммин и детето супер си кака.
Јас прво пиев од чајот од билна, а сега пијам од чајот за доилки на хумана и мислам дека е мн подобар од овој првиов. Чувствувам промена во однос на количината на млекото, ептен ми надоаѓа
кога ке снемате млеко го нема и помош нема,што сакаш користи и пиј,од лично искуство.кога се има сеима,кој послабо,кој појако,важно да се има
Моето бебе сега на 14 Декември наполни 11 месеци и уште малку ке правиме прв роденден, а се уште цица. До два месеци немав доволно млеко и ја хранев со вештачко првин НАН, па преминавме на ХИП но од двата вида имаше многу силни грчеви.Во многу голема количина млекото ми дојде на околу два месеци и до три месеци преминавме само на доење, па до ден денес. Од девет месеци тргнав на работа и ја дојам само наутро и кога се вракам, па цела вечер и ноќе кога сака, ама супер напредува и сака да цица се уште. Посебна храна не сум применувала, течна да е треба, супи, манџи, летово многу овошје дињи и лубеници,пијам и млеко и јогурт и не сум приметила дека од пресното млеко има мака. За бозата матичната ми рече уште на 40 дена кога бевме на контрола никако да не пијам дека од нејзе има грчеви и ке ја боли стомачето, а јас и онака не сум многу љубител на боза. Веќе и давам секаква храна но се не сака да јаде, а цицањето и е главна храна и ужива во него. Поздрав
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци Меу дрмни една чаша пиво за да видиш дали ќе ти надојде млеко ако мислиш дека имаш малку ,ама немој сега вечерва туку утре посабајлечки,зошто многу млеко надојдува.Инаку педијатрите дозволуваат една чаша пиво
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци MeU незнам дали пиеш ти кравјо млеко и колку количински,ако го конзумираш исфрли го и замениго со чај од нане зошто грчевите на малата можно е да се и од то што го конзумираш ти (ова ти го кажувам како опција инаку ми е совет од педијатар од Хр ) Би ти препорачала да не и даваш сеуште кравјо сепак е многу мала,исто како и сокчиња.незнам дали си пробала да и ставиш на во водичка 2-3 кимчиња да одстојат па да и го дадеш да го испие и секако набави си од малите термофорчиња што ги има по аптеки што се загтреваат во топла вода,топлината им трае до 40 мин само немој директно на меше да и го ставиш туку преходно на пеленка платнена. И најбитно не се вознемирувај,таа те осеќа!
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци АИТ Утре пробувам со пиво дефинитивно. love23 чај од билната пијам веќе 2 недели, ситуацијата е иста. За дохрана знам дека е после 4тиот месец, инаку АД млеко си пие малата, односно повеќе и без проблем пиеше порано сегае маката, овие 10тина дена. Нема какво млеко не пробавме, од денес еве Аптамил давам. Мама25 не пијам ич кравјо млеко во последно време, односно од кога сум породена. Нане знам дека доилка не треба да конзумира, зошто го намалува млекото. Поточно чај од нане и листови зелка се ставаат ког асе прекинува со доење. За грчеви малата скоро да ги нема, не е тоа што беше порано, сега веќе се видно намалени, и многу е полесно, ретко кога знае да заплаче од стомачето, за разлика од порано кога секој ден беше вриштење.
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци Меу за појако млеко и за повеќе млеко земи написе чај од нане што повеќе тоа подобро, сок од праска и пиво. И золва ми имаше ваков проблем и почна со чај од нане и одма и се подобри мелкото, и сега е само со чај од нане и има премногу млеко, што и само и тече и ја болат градите од што има многу. Па ти пробај што мислиш дека е подобро. Поздрав до тебе и малата
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци Луѓе бре, видете што се прочитав за чајот од нане “Чајот од нане избегнувајте го, бидејќи ја намалува лактацијата.“ “Имате ли малку млеко? Одредена храна ја поттикнува лактацијата, но пред се за доволно млеко да имате најважно е да внесувате многу течности, треба да бидете смирени, да обезбедите мирен сон, како и често доење од двете гради. Коморача и анасон се дел од составот во чаевите за долики, а помага и чајот од коприва. Сусам Житарици, просо, зоб и јачмен Бадеми и останати јаткасто плодови (внимателно со оревите, бидејќи тешко се варат и кај некои бебиња можат да предизвикаат грчеви) Пивски квасец За доењето неповолно влијае: Недоволно внесување на храна и течност Стрес, нервоза Пушење Чај од нане“ Можам да кажам дека деновиве и страсот многу си влијаеше Денес ќе пробам да се пијанчам по рецептот на АИТ , таман малку да се опуштам, па ќе си пееме со бебуш
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци Meu какво пијанчење ,јас такво нешто не реков.Те молам внимавај да не ме пријави некој ,па да ме уапсат.Повеќе од една чаша пиво НЕ ! И да ти е слатко ќе прекинеш !!! Туку кажи,пофали се ,се напи ли ?
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци јас пробав со пивото за млеко и 1 ден 1 чаша ништо хаха викам може од 2 ден ајде 2 ден 1 чаша малку осетив ај си викам ми се причинилоооо и 3 ден 1 чаша луѓеееееееееееееее како мрдната ко ми најдојде млеко хахаха малиов цица оно си шприца како првите денови ко ми најдојде во болницата. искрено има ефект!!!
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци Не мораш цело одеднаш да го пиеш,можеш на два три пати во текот на денот ! Туку додека читав ама се изнасмеав ,некако ми дојде 1ден-1 чаша,2 ден-2 чаши ау викам до колку броела Мала шала ,ништо лично
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци http://www.prilepskapivarnica.com.mk/in ... holic-beer
ама сум и напишала божее хаха секој ден пиев по 1 чаша по повеке ме беше страв ама делува си осетив 3 ден
Јас пак имав грижа на совест за дохранава од Хипп, ама како читам, не е толку страшно. Мене во болница кога ми надојде млекото, градите во рок од половина час ми пораснаа за 3 броја и сестрите ме измолзуваа и масираа на секои 2-3 саати за да ги пробиеме каналите и вадев по 50 мл млеко од една града, а сега како дојдов дома, од двете заедно не можам ни 50. Откако приметив дека бебето бара уште млеко, почнав да се измолзувам и дома за да видам колку бебето прима и гледам дека млекцево се помалку у помалку го имам а бебето се повеќе и повеќе си бара и морам да дополнувам со дохрана. Се надевам дека е некоја моменална стагнација, се утешив кога прочитав погоре дека после 2 месец надошло млекото, вака ми е многу обесхрабрувачки Едвај го натерав бебе да цица преку силиконска брадавичка, оти неизводливо е со моиве рамни брадавки, сега да треба да го хранам со вештачко, бидејќи гледам дека бебето има кратко трпение за да се мачи со малку млеко,..ми се плаче.. Пијам вода, јогурт, сокови, овошје, јадам 3-4 пати во денот, ама млекцево како да се повлекува, којзнае каде ми е проблемот,ако продолжи вака, тек тогаш ќе снемам од нервоза
На мене дури од болницата ми препорачаа да пијам пиво за млеко Маж ми ми купуваше чај од специјална продавница за доилки , и така поминавме 11,5 месеци со доење А да знаете колку повеке доите колку повеке градите се празнат толку повеке градите се полнат со ново млеко. Немојте одма да се откажувате
Немој да имаш грижа на совест, најважно е бебето да е нарането и задоволно а ти колку имаш толку давај му и опушти се зошто колку повеќе се нервираш толку помалку млеко ќе имаш.