lubicica обавезно дој го бебето колку можеш повеке ке ти се одзатне каналот и ставај листови од зелка
Мене во болница многу ми помогнаа 2 сестри што ме измасираа, малку болеше, ама градиве после болница ми се преполовија, сега се помали и мноогу меки, дури не чувствувам дека имам воопшто млеко. Ако немаш некој да те измасира, пробај сама,стави топли облоги и после тие чворовите пробај да ги разбиеш со масажа, намачкај ги градите со ланолин и почни прво пополека,па потоа стисни малку појако. Мене само масажата ме спаси.
Ljubicicaa, само топло на градите, ако можеш да стоиш над тенџере со вода што врие, да испарува, од топлината ќе се отворат млечните канали, многу помага. Масажите исто, ама топлината е незаменлива.
Почни да јадеш овесни снегулки, од тоа надоаѓа млеко и купи HIPP чај за доилки и пиј го топол, ќе ти дојде млеко ќе видиш, инаку имаш млеко ако е мека градата. Викаат и чај од ким помагало па можеш да пробаш. Инаку и јас имав рамни брадавици ама сега ми ги извлече со самото цицање, дури и рани ми направи првите денови па и јас морав со вештачка брадавица неко време. Кога се измолзуваш убаво истисни ги градите од сите страни, јас исто ги измолзувам со пупмица и ако не ги стискам убаво од сите страни нема да има многу млеко и тоа наизменично го правам, две три минути првата па другата, па пак првата па другата и така едно пола саат до 45 минути. И ако се молзиш со рачна пумпица, молзи се барем после едно доење во денот и да нема млеко ич ќе бидеш упорна неколку дена. Така ќе пратиш сигнал на телото дека треба повеќе млеко и ќе почне повеќе да се излачува хормонот за производство на млеко и ќе имаш се повеќе и повеќе. И веќе кога даваш вештачко млеко, давај Аптамил, педијатрите викаат дека тоа е мерцедес меѓу млеката, само малку е поскап од HIPP ама најдобро млеко е од вештачките.
И јас така се измолзувам, се вртам од сите можни страни и агли за да истече секоја капка млеко, само сега ќе пробам и наизменично по 2-3 минути, јас обично едната, па другата ги молзев.
Мораш да бидеш упорна и ќе видиш млекце ќе си добиеш, кога се измолзуваш првин едно 5 минути испразни ја едната града па потоа другата и почни наизменично по 2-3 минути на секоја и додека ја молзиш едната ќе си доаѓа млеко од другата и испиј две-три чаши природна вода додека се молзиш. Ти штом си добила млеко во болница и имало по 50 мл од секоја града значи имаш млеко, не знам колкаво ти е бебчето, но на почетокот тие нон стоп цицаат и ќе мислиш дека немаш млеко и дека градите ти се меки. Јас така првите два три дена по породување немав млеко па се нервирав, сум ги стискала градите за да пробијат каналите до вриштење и потоа почна да доаѓа по малку и кога се измолзував едвај да имаше 30 мл од двете гради и тоа со саат време молзење. Верувај ми се плачеше, а бебето цело време сакаше да цица и мислев дека немам млеко и што се не пробав, од боза до чаеви, масажи, миење со врела вода, шумливи таблети, различна храна и најмногу приметив дека добивам млеко од овесните снегулки и чајот на Хип особено кога го пијам топол, а може и ладен и кога пијам повеќе течности во текот на денот, а млекото е погусто кога јадев добра и покалорична исхрана (павлака, сиреви, маргарин, јогурт, ориз, компир, бадеми, лешници и др). Но бебето си напредуваше добро, што значи имало млеко, но бев многу упорна и цело време го ставав да цица зашто колку повеќе цица толку млеко надоаѓа. Сега кога се молзам вадам по 50 мл од секоја града, а малиот ќе има 3 месеци уште некој ден, а ти си имала уште од болница толку. Ама кога се молзам ептен убаво ќе ги истискам и млекото ќе излезе. Да знаеш и дека бебињата исцицуваат повеќе со доењето, тоа можеш да видиш и по голтањето, ако голта кога цица значи има млеко и почесто може да бараат да цицаат бидејќи мајчиното млеко лесно се вари. И да знаеш дека тоа го правиш за доброто на твоето бебче, најдобро е мајчиното млеко, во тебе е, не го плаќаш, го имаш во секое време, не мораш да го топлиш, стерилно е и му даваш така имунитет, а докажано е дека млекото кај секоја мајка е различно и се создава токму за потребите на детето и е различно по состав во различен период од денот. Само упорност, ќе се среди се и не се нервирај зашто бебето чувствува се што чувствува мајката
За млеко да има во градите не се препорачува спиење на стомак, односно на гради, може или на страна и да се внимава да не се натисне градата или спиење на грб.
ги послушав сите совети ама и завршив со антибиотици, многу имав температура вчера но морам да кажам дека докторката вчера многу ми помогна со тоа што ми објасна како рачно да се измолзувам и верувајте ми дека така истече многу повеке млеко отколку цела нок што се изможзував со пумпицата... ете и денес продолжувам така и баш сум срекна градата конечно ми попушти
го факаш темниот дел околу пупката со палецот и показалецот, а раката да тие хоризонтално наместена, и стегаш, така правиш некое време, па потоа ја ставаш раката или одозгора или оддолу под градата како ти е полесно и пак го стегаш темниот дел, се надевам ме разбираш ??? ке видиш дека многу повеке ке ти тече млекото, мене тоа ме спаси
Јас никогаш и не користев пумпа, иако и кај мене имаше јак наплив на млеко, туку само рачно се одмолзував, и за ден-2 веќе беше понормална ситуацијата. Стриктно ми беше забрането да не користам пумпа, заради голема можност од распукување на брадавиците и создавање на рагади. Одмолзувањето и онака ќе го правите краток период, додека бебето не почне да цица повеќе, кога и само ќе си воспостави баланс на понуда-побарувачка
едвај чекам да го воспоставиме тој однос, затоа што има моменти ама за ништо на светот не сака да цица, постојано плачи дури зајдува , а јас цело време се измолзувам, а од шо ми е грев ке му дадам вештачко... знам нее тоа начин, ама незнам како да се убедиме ???
Јас денес сум пресреќна, цел ден вадам по 80-90 мл по оброк на секој саат и воопшто не му дадов дохрана, цел ден е само на моето. Му купив и чајче Хипп, ќе му го давам меѓу оброци,а ќе гледам да продолжам без адаптираното. Сега и да треба да му дадам оброк од вештачко млеко после 5 природни оброци, немам грижа на совест за еден оброк во 48 часа.. Сесилиа послушав совет за да не му го мешам млекото, затоа земав чајче. Исто така наизменичното измолзување по 2-3 минути од града е поефектно отколку едната па другата и редовно молзење за да има редовно полнење. Плус си купив и јас хипп чај за доилки, чаша пиво, павлака за појадок, многу вода во текот на денот и одма осетив разлика. Уште да пркне бебе да влече поубаво и се префрлам само на доење, ќе баталам и пумпи и стерилизатори. Фала ви на сите за советите, уште прв ден имам резултати, се што прочитав, се ми помогна
Да,да, се измолзувам со електрична пумпа. Јас си купив електрична медела пумпа и медела калма шишенце што функционира на ист принцип на цицање како града.Шишенцето за цицање и шишенцето од пумптата се идентични и си ги користам двете, бидејќи цуцлата дговара на двете шишенца. Дирекно од изммолзување ја ставам цуцлата и му го давам млекото, а другото си го користам за складирање на млекце за следно јадење доколку имам повеќе собрано. http://www.medela.com/IW/en/breastfeedi ... evice.html еве го шишенцето. http://www.medela.com/IW/en/breastfeedi ... swing.html а ова е пумпата, само мојата нема брзини, јас см презадоволна,не е воопшто агресивна,брадавките ми се се супер,ниту болат,ниту рани имам, а се измолзувам скоро на секои 2 часа.
Иако веќе ова го напишав во претходното мислење пак да си повторам дека е многу добро да пиете и природна вода додека се молзите за да надојде повеќе млеко, а може и додека доите. Две-три чаши ќе завршат работа ама само природна, не од чешма.
Потпис и од мене за шишенцето калма на медела, го купив и јас затоа што ни рекоа дека така нема да се одвикне од града, а исто зедов и јас електрична пумпица на медела, само друг модел, http://www.medela.com/IW/en/breastfeedi ... ctric.html Се на се, производите на медела иако се поскапи, одлични се, презадоволна сум и од кремата за гради и силиконските брадавици Секоја препорака за сите оние кои имаат потреба од измолзување или пак кои му даваат на своето најмило млекце со шишенце.
Моето бебе има 6 недели,и бидејќи немам брадавици,не може да цица,се измолзувам и и го давам во шишенце со цуцла. Некогаш ја хранам на 3,а некогаш на 2-2ипол часа. Засега и давам по 70-80мл,така ми рече педијатарот,па би сакала да ми кажеш на која возраст по колку мл и измолзуваш/е и на колку часа и даваш/е,и дали има надеж со молзење и привремено редење да цица да се оформат брадавиците и да можеме да цицаме ко сите нормални Некогаш немам доволно млеко и и давам Хип Органик 1 (по 1-2 пати во 48 часа). Дали тој Хип одговара на возраста на бебето? И дали Ви се правеа грутки во градите и како се справувате со тоа? Фала однапред