1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до појако мајчино млеко?

Дискусија во 'Бебе' започната од Viiiiip, 1 март 2011.

  1. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Моето бебче уште во болница не сакаше града да фати..Исто и јас цело време со молзено и Аптамил ако има потреба. Првиот месец воопшто не можев да јадам со една кришка леб во денот поминував поради умор и ненаспаност, а сепак имав млеко. До сега се одмолзував само преку ден ми се збираше околу 400 мл...сега кога прочитав дека е битно и навечер почнав и навечер и еве после 2 дена околу 600 мл млекце вадам. HIPP чај пијав за доилки оти почна да ми поднамалува едно време и ми помогна...сега пијам од коприва и со бебушка заедно си пијаме од анасон од бекутан.
     
    На malifesent му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Со второво детенце имам проблем па би замолила некого за помош , Млеко имам но веројатно не е доволно или не е доволно јако , бидејќи се случува следново детето цица од двете гради и во ниту еден момент само не ја испушта брадавицата и додавам адаптирано млеко кое г оиспива во минимални количини само 10- 30 мл а еднаш дневно се случува да испие 50 мл и навистина не знам дали е до количината или квалитетот откако ќе се напие адаптирано млеко макар исамо 10 мл заспива цврсто и спие 2-3 часа Малово е старо 7 дена и немам идеја што да превземам да го елиминирам АД млекото како би останале само на доење . Столицат ае добра но кака 1-2 пати дневно а мочка пчесто но нешто ептен полни да се пелените на 3 часане се преполни
     
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.471
    Пол:
    Женски
    Превише рано си почнала со ад.Не постои слабо млеко.

    Ако добро те разбрав проблемот е што долго цица?Бидејки велиш не ја пушта само градата.На толку мало бебе му се дава да цица колку сака и кога сака.
    Ред на доење очекувај да воспоставите тек околу 8 ма недела.За некои и тоа е рано.
     
    На Maceto123 и t-sweet им се допаѓа ова.
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Како процени дека не му е доволно? Ако причината е тоа што ти потенцираше и Joy1, тогаш немаш причина за грижа, остави го да цица колку што сака. Мене ми се случувало подој да ми трае и подолго од саат. Барем на почетокот е така додека бебето нема сила јако да влече за побрзо да се нацица.
    Подобро продолжи си доење без дохрана, и ако бебето е мирно, не плаче и ги полни пелените, тогаш сигурно не е гладно. Дури откако ќе се мерите на контрола кај лекар може да се заклучи дали добро напредува и дали воопшто има потреба од дохрана.
     
    На mariz, Maceto123 и joy1 им се допаѓа ова.
  5. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.902
    Пол:
    Женски
    Мајки кажете ми како да ми надојде повторно млекото ? Чај за лактација од хип имам ама кажувајте и храна каква да јадам повеќе за да имам пак многу млеко , едвај неколку капки имам и таман ќе дојде малку млекце одма го ставам да изцица бебе дека не е најадено убавко ..
     
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.707
    Допаѓања:
    72.605
    Пол:
    Женски
    Како заклучи дека немаш? Супер ти напредуваше нели бебето... оди на мерење и така ке знаеш дали имаш или немаш, мекоста на градите немора да значи дека немаш, а бебо може е лаком :) Инаку ништо посебно, пиј течности, одмарај, мирна глава, бебе често на гради, најбитно е ова од се :) (зашто се надув со се и сешто, млеко не надојде повеќе.. но уморот, нервозата, бебе што не сакаше да цица си го направија своето).
     
    На ❤️Sneze❤️ и emkaemka им се допаѓа ова.
  7. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.902
    Пол:
    Женски
    Срцко имав два страшно стресни дена и од огромни пуни гради се разбудив со спласнати виснати , бебе се кара со цицето и плаче имам само премногу малку што не му се доволни дека е лакомо и одма се приметува дека стресот ми влијаел премногу па морав и ад млеко да зимам да пие измеѓу еден и друг подој ..
     
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Нели едно време боза се пиеше за да имаш млеко??
     
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    од стрес се стегаат и млечните жлезди. пробај опушти се. сок од јаболко купка релакс да се опуштиш музиче некое. ..
     
    На ❤️Sneze❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    Za mleko mnogu tecnosti bilo kakvi inaku jas kupuvav od bilna mesavina od 4 vidovi caj neli Kim, anason... Neznam kako bea drugite se pravi vo litro voda i se piese sekoj den za mleko i za grcevi... Boza isto taka moze da se pie...
     
    На ❤️Sneze❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.707
    Допаѓања:
    72.605
    Пол:
    Женски
    Затоа викам џабе ке се надуваш со течности, ако главата не ти е мирна... Се дуев, дуев, до отоци доаѓаа течностите, а млеко не ми надојде повеќе...Прашај дали смееш б6, мада мислам смееше... и пробај повеќе да се опуштиш. Меѓувреме можеш чај за лактација, таблетките ЛакТил (така мислам беа)...
    И не давај Ад од шише, зашто ептен се навикнуваат на шишето и нема бетер да сака цице! Тоа шише за се е криво.
     
    На ❤️Sneze❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.902
    Пол:
    Женски
    Фала ви на советите милички:*
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    До детето е тоа. Моеви пиеше од шише, па не правеше проблем. И без ад може, дури и подобро ми спие.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.707
    Допаѓања:
    72.605
    Пол:
    Женски
    Сепак не се експериментира, ако до сега било на цице без проблем.. поради шишето може да и направи проблем. Синчето молзено пиеше од шише до 3м од една града, од др цицаше.. ама зависи до детето. Со ќеркичкава мислам голема утка се направи што во болница 5 дена многу пиеше од шише... и после мислам затоа не сакаше да ми цица :?:
    Башка нека го носи на мерење, не одма адаптирано без мерење и без препорака од педијатар, бебето и напредува многу убаво (за 40 дена скоро 2кг! Не убаво, одлично!).. жално е на тој напредок само од цице да се даде адаптирано...
     
    Последна измена: 27 мај 2018
    На Lolipop23 и sofi2107 им се допаѓа ова.
  15. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.902
    Пол:
    Женски
    Бебе супер ми напредува туку заради стресовите два дена што имав вечерта си легнав со пуни и големи гради какви што ми беа , а бебе цица само за спиење и се буди дури сабајлето пак да цица па кога се разбудив сабајлето цицки аш , нема , само неколку голтки да голтне и толку , а од шише си пие уште од 30 ден водичка или чајче и никогаш не ми направил проблем да не сака цице , и еве уште си седи на цице ама дека немам доволно да се наручка па си седи само така на цице , ноќеска цицаше од мене и од двете гради по некоја голтка (толку имаше) и потоа испи 90 мл хип комбиотик , брзо пиеше како цел ден гладен да бил .
    И на докторката се јавив исто ми кажа , да се смирам и ќе си дојде млеко пак .
     
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.707
    Допаѓања:
    72.605
    Пол:
    Женски
    Океј како си мислиш така. Но бебињата имаат скокови во развојот, грчеви.. и поради тоа можеби се нервира и ти се трга и мислиш нема млеко. Градите скроз неможат да се испразнат, менувај го од една на друга, млеко се прави цело време. А ако даваш така ад, млеко нема да ти се зголемува бидејки он ке е најаден и нема убаво да ти стимулира. Башка кога ке одите на мерење поима ке немате дали има доволно напредок од цицањето ако даваш меѓу оброци ад. Моја препорака оди да го мерат прво... Мојата беше падната во килажата или слабо качуваше ако ја оставев само со цицање. Комшикава исто само дои, градите и омекнаа, но бебе си е на града цело време и пак супер напредува, алчно е.. не дека ако не му даде ад нема да го испие, ке го испие и тоа од што е алчно (но му нема дадено) :)
     
    На Lolipop23, sofi2107 и ❤️Sneze❤️ им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Преку ноќ од стрес (по мене) млеко не снемува. Јас требаше без капка да сум тогаш после цел стрес во јануари.

    Телото навечер "пресметува" колку млеко му треба, а и мало бебе се буди навечер. Така ќе се воспостави и лактација правилно.
     
    На VMM, didisi, sofi2107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.902
    Пол:
    Женски
    Моето не се буди воопшто навечер, цица пред спиење и се буди сабајле за цицање и продолжува уште саат со спиење , стресот ми беше многу голем што имав и внатрешна температура два дена , изгорев , парацетамол пиев да ми се опуштат малку од малку мускули , еве веќе 4 -ти ден од тогаш јас во вратот сум уште укочена , ама мало гајле за мене битно ми е бебе , сега малку сум по смирена се надевам ќе си дојде млекото како што си беше .
    Ви благодарам на одвоено време ,советите и искуства ваши :* :*
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.016
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Не реагираат сите исто на стресот Кукле. Индивидуално е. Јас претрпев огромен стрес кога почина мајка ми пред два месеци, па млеко имав за извоз, затоа мислам дека не секој организам реагира исто.
     
    На joy1, ❤️Sneze❤️, didisi и 3 други им се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Верувам може да се намали, ама она "се разбудив сабајле и нема, а до вчера имаше премногу" ми нема логика. По мене (не значи дека сум во право) ако бебе не цица редовно, правилно, доволно, ама не гледаме/следиме, си мислиме на џице е, а тоа дреме, не влече и те како ќе влијае да се намалува. Еден ден ќе снема и ќе мислиме преку ноќ оти сме ги пропуштиле знаците на време.
     
    На Lolipop23, sofi2107, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.