Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до појако мајчино млеко?

Дискусија во 'Бебе' започната од Viiiiip, 1 март 2011.

  1. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.023
    Пол:
    Женски
    Мене педијатар ми има кажано ако бебе не станува ноќеска, ти стануваш на мах.3 саати и молзеш. Може да се затнат каналите, мастит итн. Или ако не станеш му "кажуваш" на организмот дека тоа млеко " не ти треба" , да не прави џабе. И така се намалува.
     
    На ❤️Sneze❤️, sofi2107, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.903
    Пол:
    Женски
    Немав проблем со тоа јас и никаква тегоба дека бебе исцицуваше доста многу од двете гради што преку ноќ немав мака и потреба од измолзување , бебе заспива во 0:30 и следно цицање беше сабајле околу 6:30 , сабајлево бев кај педијатарот и ми кажа дека стресот ми влијаел па како ќе се смирувам така ќе си доаѓа млекото полека полека , не дека немам ич ама имаше неколку голтки друго се на празно влечеше што предходно на секое голтнување имаше убава голтка , ама ок е ќе биде добро , од сабајлево имам малку повеќе и ад го исфрлив од употреба, не давам само 3 пати пред спиење дадов , а сега на цице како што си беше така ќе си продолжиме .
     
    На crazylady, Leo_29 и sofi2107 им се допаѓа ова.
  3. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Пробав да се измолзам со рака и завчера одвај од двете гради извадив 40 мл, а вчера само 20 мл, исто од двете гради. Кога ги стискам градите, ми тече млеко капка по капка. Малото влече, ама не знам дали напразно или имам доволно млекце, бидејќи брзо се изморува. Педијатарот ми препорачува постојано доење, а дохрана на 6 часа, меѓутоа не ми ги има проверено градите за да види дали имам доволно млеко. Од друга страна, аптамил премадур му е многу јако на бебето, бљуцка после него, а знае и да поврати. Кога прашав за дали да пробаме со друго ад, педијатарот ми потенцираше дека аптамил е најдобро. Ве молам за совет од поискусните, како да го зголемам производството на мајчино млеко и какво искуство имате со аптамил 1? Благодарам.
     
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Тоа што не можеш да измолзеш не е индикација за тоа дека ти немаш млеко верувала или не јас со пумпа едвај 40мл измолзев т.е. со рачна пумпа рака ме здоболе, додека бебе кога цица млазови му одат и дури се дави на секој подој од што не може да доголта. Фокусирај се на тоа дали голта слушни го, пелените се најдобар индикатор дали бебето јаде ако не јаде нема да полни пелени. Зголемување на млекото само бебе на града често да ги празни убаво и ќе имаш поголема лактација нормално нема уште прв ден али секој нареден ќе се зголемува. Ако аптамилот бил најдобар немаше во една група да пишуваат дека им се расипувало млекото неколку дена по отварање сите млека се добри само бренд се плаќа, нормално е некое млеко што не е пробиено да е поефтино:). Чај за доилки 1л пиј на ден,сок од јаболче 100%:)
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Фала ти најмногу. Голта малиот, ама брзо се изморува и или ми заспива на града или почнува да си игра со брадавицатa и затоа немам претстава колку испил од моето млеко. За пелени, полни, ама адаптирано пиеме по 60 мл на 6 часа, па си викам од тоа да не полни пелени. За чајот за доилки педијатарот само 2 чаши дневно ми рече, а сокче од јаболко обавезно ќе земам.
     
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Зошто само 2? Пиј си како што пишува на упатството зошто дохрана да даваш чајот ти ја зголемува лактацијата. И мојов бргу се изморува некогаш и заспива со брадавката.И мене ми викаа на почеток давај му и адјас никогаш не слушав ми викаа да го будам на 3 саата не го будев и пак качуваше по 20грама на ден најмалце. Сега педијатрите викаат давај дохрана за имунитет лошо време било...Види колку ти качува неделно со дохраната ако е многу исклучи прво еден оброк па наредна недела друг ако вебе не цица нема да лачат градите толку млеко што повеќе цица и празни града повеќе млеко:l:
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Хип и хумана инстант чаевите може по 600 мл дневно.
    Сок од јаболко, јогурт и овесни снегулки мене ми ги преполнуваат градите. Боза ако пиеш. Пиво со 0% алкохол.
    Јас би исфрлила ад постепено. Таа количина е занемарлива со оглед на тоа дека бебе цица на 2 3 часа.
    Ако на 3 часа има полна пелена значи не е гладно.
    Доено бебе никогаш нема да знаеш колку исцицало, затоа се дои кога сака бебе и колку сака. Нема време, нема вооброчување.
    Секако, ако има потреба се мери бебе пред и по подој, ама тоа се прави ако бебе не качува и има друг проблем.
    Која глупост, страшно.
    За имунитет нема ништо подобро од мајчино млеко. Ништо! Секако, мајката да се храни разновидно. Бебе да излегува на воздух кога не е загадено и не дува премногу.
    Сите антитела се тука. Специјално проозведено за вашето бебе, колку му треба, што му треба.
     
    На Осе, Chuchanov, Butterfly1107 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Вака мила, синко е 5 месеци и е на ексклузивно доење со добро качување на килажа. Од почетокот па до сега да земам пумпа повеќе од 20мл со 30мин молзење немам извадено. Пумпата не е репер за ништо!!! Тоа е прво. Второ сосема е нормално мало бебе да се уморува и да си игра и да запива на брадавица. Првите три месеци цело време на цицка беше, значи кога викам цело време мислам навистина цело време. Си спиеше со цицка во уста, се лежеше со цицка во уста, цицаше. Првите три месеци се утепав гледајќи филмови и серии. Едноставно таков е периодот. Ако си полни пелени редовно и си напредува убаво немаш зошто да се грижиш. Е сега, за тоа што бљуцкал, првата недела кога дојдовме дома и на нас ни дадоа дохрана 30мл. Ама бебево бљуцкаше после дохраната, нешто ми велеше дека е прејаден и затоа бљуцка и така беше.
    И глупаво е имево на темава, нема ретко, слабо, силно млеко. Секоја мајка си прави најубаво млеко за своето дете.
     
    На Осе, ..barbie.., Brpbrp и 2 други им се допаѓа ова.
  9. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    474
    Велиш првите 3 мес нон стоп на цицка бил. Дали после се смени? Моето бебе цицне малку и заспива. Цицката и служи место цуцла, по цел ден сака да и е во уста. Цуцла не сака и поради тоа вечер и давам АД за да поспие малку.
     
    На Brpbrp и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  10. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Да, после три месеци веќе почна да цица пократко и на подолги интервали. Ама кога велам подолги мислам на саат ипол до два никогаш повеќе од тоа. Претходно значи од 0 до 3 месеци беше цицање 1час, играње 15мин, спиење 5мин, цицање 20мин, спиење 15мин, цицање 10мин, играње 25мин, цицање 30мин и така во круг. Јас не давав ад, инаку и мојот не спиеше и уште не спие преку ден. Сега навечер поретко се буди, претходно на саат ипол се будеше.
     
    На manako1 му/ѝ се допаѓа ова.