http://www.me-chitash.com/zdravje/dieti ... -za-stomak http://style.mnogoo.mk/mk/articles/Fitn ... men-stomak http://www.notformen.mk/zdravje-i-fitne ... tomak.html http://estudent.mk/zdravje/item/1196-ce ... men-stomak http://sportway.mk/najefektivni-vezbi-z ... mak-del-1/
а после колку време има резултати од оваа вежбање и дали само овие вежби ги вежбаш за да имаш рамен стомак ??
Женски де дајте некоја идеја што да појадувам насабајле,наместо кифли...бидејќи само 1 смена одам,и 9 месеци јадење кифли,тешко дека ќе имам рамен стомак...
Житарици со млеко или јогурт,можеш и мед да им додадес една лажичка,ако веќе ги јадеш со млеко.Или пак овошје,бананче,јаболче нешто плус една доза можеш од хербалајф производите,или протеинче со млекце итн.Има мн комбинации,само треба упорност,плус наместо кафе пиј си какао,многу е поквалитетно во нутритивната вредност,или пак зелен чај,не само сите се навикнале на сокови де газирани де тетрапак,а 99% од нив се полни со шеќери и така,па сеа одлучи си ти кои од овие комбинации ти се најпогодни за доручек и не го одложувај почнувањето за друг ден,како викаат "кога се сака,се бара решение,а кога се неќе,се бара изговор".Пријател доручек
Како што сум забележала кај нас девојките има 2 типа на тело едни се со широки колкви голем газ а рамен стомак а пак други со слаби нозе, мало газе ама со стомаче и спољерчина од по страните а некои на жалост ги има и двете.. што да речам освен редовна исхрана вежбање и пред се голема мотивација !
Проблемот е во тоа што сум нашколо и неможам таму да појадувам житарици и такви работи,а само прва смена одам. И пијам зелен чај секој ден,не пијам газирано и такви работи,ама незнам што да правам со појадоков во наредниве 8 месеци
Е па земи си во едно шишенце од пола литро млекце и плус купи си од оние чоколатцана што се од житарки направени,со мед,по 10 денари се.Такви 2-3,малце млекце во школо од шишето ќе се напиеш,и пред идење во школо овошје нешто дома,ако сакаш и во школо земи си овошје и ќе те држи додека се вратиш дома.
Па одбегнувај кифли,тие се тесто и нормално дека ке те дујат ,а и ќе си го зголемиш обемот на мешето. Јас така еден период интензивно јадев макарони,шпагети и друг вид на тестенини и верувај ми изгледав како бремена.Тестенините општо меѓу кои и лебот се јаглехидрати,шеќери и треба нивно ретко консумирање. Можеш да си пиеш секое утро по една чаша вода со една мала лажичка мед,со што нема да осеќаш глад.Или можеш да јадиш корнфлекс,но би ти ги препорачала со јогурт или евентуално со безмасно млеко. Една банана на сабајле или едно јаболко и една шоља зелен чај незасладен,мислам дека би ти било доволно.Како ужина можеш да земиш уште едно јаболко или диетални житарки. Поздрав..
Ако имаш сало распоредено низ целото тело, на пр. ако си напластена околу појасот, задникот, меѓуножјето, листови недефинирани, грб, значи сеуште не си во фаза на правење стомачни. Прво ти треба општо топење на масти. Тука најефективни вежби ти се кардиоваскуларните. Срцето мора да го забрзаш, мора да се активираат што е можно повеќе мускулни групи за да почне од повеќе области да согоруваат насобраните торти, газирани сокови, тостови... Џогирање, спринтање, трчање скали и/или таканаречените burpees (иако јас никогаш не сум ги правел последниве) Повелете и демо од една згодна цура http://www.youtube.com/watch?v=RGmBx_3HhW8&feature=plcp
Ако имате наслаги на стомакот, а сакате да ги изгубите, земете го во предвид овој совет на експертите, кој можеби ќе биде решание токму за вашиот проблем. Витаминот Ц денес многу се користи во исхраната, но многумина од нас не сфаќаат дека тој има клучна улога во регулирањето на шеќерот во крвта. Истражувањата покажауваат дека лицата кои внесувале 1.000мг витамин Ц дневно во период од шест недели, го намалиле нивото на шеќер во крвта, триглицериди, холестерол и нивото на инсулин. Витамин Ц и гликоза имаат слична хемиска структура. Кога и двете се високи, се натпреваруваат која ќе влезе во ќелија. Ако има повеќе гликоза од витамин Ц, се создава недостаток во ќелиите. Не само што е важно нивото на витамин Ц да оди нагоре, туку е од клучно значење за нивото на шеќер во крвта да се одржува на стабилно ниво при ниска глихемиска исхрана. Затоа користете просиводи кои содржат витамин Ц и надевајте се на намалување на вашата половина.
Малку риалити чек. Зошто некои луѓе никогаш нема да имаат рамен стомак,а нема врска со стомачни мускули или дебелина. Ама си има вежбичка. http://woldfitness.com/2011/07/one-exer ... lly-pooch/ Јас го имам тој проблем, сега ми е рамен стомакот ради вежбањето,но сепак,правилната положба на телото ми е важна,па се трудам да го средам и инсистирам да седам правилно и да се движам правилно, иако се опуштам,па и се заборавам,ама се трудам,а можеби е тешење,но бонусот е екстра добриот изглед на половината со таа симпатична длабнатинка која ја имам ради оваа *девијација*. Така што ... не очајувајте и не обрнувајте внимание на оние кои можеби ви се смеат на мешенцето или не си всадувајте во глава дека е нешто лошо.
Јас да си прашам уште нешто....за да имаш рамен стомак знам дека не треба да јадеш леб,ама тоа важи само за белиот,или и црн леб не смееш да јадеш?
Само со правилна исхрана. Ок се вежбите не викам не, но ако не се храниш здраво тогаш џабе вежби. Со месеци внимавав доста на храната, што помалку калорична, секое утро житарчиња со млеко без лактоза, леб многу малку, а овошје и зеленчук задолжителни на дневниот ред и се топат и те како маститите. Имав стомак не рамен, него навнатре Не дека се лишував од задоволствата, никогаш не бев гладна, но најбитно полесни јадења и потечна храна. Арно ама почнав да си губам килограми, дојде лето и се израдував секси на плажа нели , арно ама дојде и есен и јас пак си губев и пак и онака сум слаба си реков доста е можеби и 7-8 килограми ослабев. И еве 2 недели немам пробано житарки, јадам секое утро лиснати и покалорични јадења. Немам накачено килограми ама стомачето одма е скокнато од исхраната. Тоа е, здрава исхрана, здраво тело и рамно стомаче. За секоја убавина треба мала или поголема жртва, зависи од метаболизмот наш и нашата волја за поубав изглед.
Да се надоврзам на Роси, житариците подобро со јогурт да си ги јадете затоа што млекото содржи многу повеќе масти, а и не е здраво. Многу јогурт и вода, помалку солена храна, бел шеќер никако и кафе со млеко никако. За доручек житарки со јогурт значи, ручек нешто варено, компир и други зеленчуци, месо варено, салати... а вечера после 7 не. Исто така полесна храна што е по лесна за варење, избегнувајте житарки да јадете навечер, може кришка две интегрален леб или уште поубаво да биде како двопек, со путерче или некое намазче ... Абе цело мени ви направив Друго што е многу битно за да имате рамен стомак е прво да го стопите вишокот со трчање, скокање на јаже, карди вежби итн... а дури потоа да почнете со обликување на мускулите, да правите стомачни и останати вежби за стомак.
Mимс јас обожавам јогурт, арно ама јадам житарки со овошје и само со млеко ми одат, не ги можам со јогурт и точка. Сум пробала, одвратна комбинација ми е. А сакам овошен јогурт да пијам што е најинтересно, ама не и житарки со јогурт. Арно ама затоа денес има и разни видови на млеко. Ние луѓето со тек на годините не можеме да ја толерираме лактозата која ја има во она благо млеко. Затоа постои млеко без лактоза кое притоа и придонесува за полесно варење. А како што има јогурти со поголема и помала масленост, така има и млеко. Зборот ми беше ако имаш некое задоволство, секогаш може да најдеш начин да си го приуштиш, само да го пронајдеш. Сакаш чоколадо имаш црно. Сакаш овошен јогурт, којшто е со многу калоричен и со шеќери, направи си домашен. Сакаш благо млеко и мусли, земи млеко без лактоза Oва млеко иначе ми е изум на годината, го обожавам. Претходно од СЕКОЕ друго млеко имав подуван стомак. Читав многу за лактозата, како старееме не ја толерираме и имаме се повеќе проблеми со варењето. Сеа тоа е минато
Жени,вие мене тука мени све ми дадовте,а некоја да ми одговори за лебот,дали смееш црн да јадеш а бел не, или не знаете ?
Абе кој ќе ти забрани да јадеш, еве на пример јас би ти препорачала кога веќе планираш да слабееш, ако не можеш да се одкажеш скорз од лебот барем да јадеш ЦРН леб, и тоа со мерка, значи не повеќе од 3 кришки на ден т.е една и пол до две на едно јадење. Јас сум жив пример и дека и без леб човек може да се здебели. Не јадам леб никаков со години, а пак моментало имам некое минимално стомаче кое ќе биде даска зошто сум тргната да го отстранам и ова што го имам со вежби. Значи ако планираш да имаш рамен стомак мораш да ја регулираш исхраната, благо да исфрлиш, газирани сокови исто (можеш од време на време) и белиот шеќер(ако не можеш ептен без шеќер имаш кафеав шеќер како замена за белиот).
Не,не немам потреба јас за слабеење,само за стомаков сакам да си го зачувам рамен па затоа прашав дали може црн леб,оти на ручек јадам таков леб па затоа...газирано не пијам,т.е никакви сокови,само вода,зелен чај а благо си кркам ама умренo,за разлика од порано...а да,и шеќерот го заменив со мед,а еве сеа мама моментално ја пратив у продавница да ми купи кафеав шеќер,оти мене ме мрзи
Во секој случај е подобро да се јаде црн леб, уште подобро двопек. Има многу убави интегрални лебчиња со семиња