да , некогаш имам доооста апетит и ке се прејадам ... не ми е добро регулирана исхраната , не дека нешто се давам во брза храна , ама многу сум специфична кога се работи за храна ... не јадам милион работи , а многу од тие се баш оние кои посебно треба да се јадат кога вежбаш ..
Водата има важна улога во процесот на слабеење. Затоа е важно да јадете зеленчук богат со вода. Не само што помага во слабеењето, туку допринесува за здравјето на организмот. Ова е список на намирници кои почесто треба да бидат на вашето мени. Со нив едноставно ќе го намалите обемот на половината пред престојните празници. Брокула Брокулата не само што е богата со вода, туку содржи и влакна и калциум. Блокула додадете во секој друг оброк и ќе бидете здрави и слаби. Зелка Овој зелечук е богат со антиоксиданси, така што е многу погоден за зајакнување на имунитетот. Уживајте во овој зелечук што почесто, а подготвувајте го онака како што вам ви е највкусен. Карфиол Карфилото е богат со фитонутритиенти кои дејствуваат во борба против различни видови рак. Карфиолот е богат со витамин Ц и фолна киселина. Најдобар ефект има кога се нжјаде суров. Спанаќ Овој супер зелечук е богат со железо, фолна киселина и витамин К. Спанаќот содржи и каротен, антиоксиданси и витамин Ц, лутеин кој е одличен за заштита на здравјето на очите. Зелена салата Со дури 60 до 70 калории по килограм, зелената салата е една од најдобрите сојузници во борба со килограмите. Зелената салата содржи витамин Б, Фолна киселина и манган. Оваа компонента помага во регулирање на шеќерот во крвта и ги одржува функциите на имунолошкиот систем. Ротквици Овој слетло обоен зеленчук богат е со калиум, фолна киселина, антиоксиданси и сулфур компоненти кои помагаат варењето на храната. Немојте да заборавите на зелениот дел од ротквицата кој исто така е од голема корист.
Е иста сум и јас, стомачни правам многу и мак имам стомак и ако се дебелеам само во стомакот се дебелеам
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Имам проблем, со стомакот, ама се ми се таложи таму, ве молам за некој совет, и линкови за некои вежби, само стомакот ми е проблем..
ljubam стомачните наслаги не се вадат со стомачни вежби, уште одма тоа ќе го нагласам. Стомачето само со кардио третман минимум 30 мин. дневно и оброци само до 19 часот.
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Не не ни планирав да се сконцентрирам само на стомачни, порано трчав, сега ќе се активирам пак, дека имам астма ми е малку проблем со трчањево на влажно, ама морам мече се сторив, фала ти..
Најпрепорачливо би ти било орбитрек, степер, статичен точак,баш поради проблемот со астмата да не си на отворено на ова ладно. Повели во секое време
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Како што си спомна DigY, салото околу стомакот не се топи само со стомачни, но нив сепак можеш да ги правиш колку што ти дозволува моменталното фитнес ниво, колку да ги држиш активни мускулите под салцето. За да топиш сало на здрав начин потребна ти е комбинација од кардио вежби и водење на т.н. калоричен дефицит. Имаш онлајн калкулатори каде што внесуваш години, тежина и висина и предвиден број на тренинзи неделно и добиваш бројки за тоа колку калории ти се потребни за одржување, а колку за слабеење. Препорака од фитнес светот е да ја земеш maintenance бројката и да одземеш една петина. Така го стартуваш калоричниот дефицит. Не дека треба да се притресуваш за секое залче храна но отприлика знаеме која храна колку калории носи според количината, имаш табели онлајн и за тоа. После 4-5 дена станува навика. Еве го сајтот што го користев јас http://www.freedieting.com/tools/calorie_calculator.htm Во врска со кардио, ако мислиш да трчаш, се препорачува барем 5 пати неделно од околу 15-20 минути, и да си ги одржуваш отчукувањата на срцето над 95 во минута. И ова не е комплицирано за пресметување со оглед на тоа дека стандардната бројка при мирување се движи околу 70. Ова значи дека ќе ти треба едвај третина од потенцијалот за трчање за да надминеш 95. Тоа е тоа што го викаме трчање темпо. Ако се работи за орбитрек, минутажата би можела да ја качиш бидејќи орбитрекот е по поднослив од трчање ( барем јас така сум го доживеал ова). Добри 30-ина минути со темпо кои ќе почувствуваш дека ти забрзува срцето, бидејќи ритамот е многу важен. Барем 95 beats per minute. . Еве кратко програмче за сите што сакаат да топат салце, имате таман време до пролетта/летото.
Абе ајде не си можела? Јас секое утро станував во шест на сабајле и си правев доручек, некогаш и вечерта го правев а насабајле само го јадев. Значи просто и едноставно, стануваш пола саат порано може некои петнаесетина минути кои неверувам дека многу ќе ти направат промена во спиењето, нема од нив да се наспиеш. Стануваш мрдаш газот лево, десно, па во круг и главата исто така ја мрдаш правиш чучњеви. Вечерта ќе си планираш што да носиш за време да не губиш, се облакаш миеш заби и лице, чешлаш коса, седнуваш јадеш или претходно правиш доручек кој верувам ако брзаш за пет минути готов ќе биде, нема овде многу што за готвење. И кога ќе се навикнеш после и да сакаш да јадеш на одморот ќе умреш за јадење додекад а дојде. Ем по убаво е да се јаде кога ќе станеш, го будиш телото и му даваш веднаш енергија, се расположуваш. А во случај да не огладнеш си земаш една витанова, ние земаме за дома цела полна кутија и си имаме и си земам за секој случај а можеш и чоколадно млекце. Толку едноставно, нели Нема да ти скратат ништо од сонот тие триесетина минутки ако си легнеш порано, а ти ветуваат многу поздрав живот и витка линија секако
^^ Си го најдов решението,овошје си носам,ама стварно на почетокот не ми беше доволно,гладна се осеќав до 1ипол,и ми се пикаше се во уста,ама се навикнав сега па ретко кога неможам да издржам до дома да си дојдам да се најадам...овошјево го јадам кај 8-9 часот,а да земам да појадувам кај 6:45,абе шо сака нека јадам,нема да ме држи до 1ипол,7 саата да ме држи млеко со житарици или неколку парчиња двопек,нема шанси...и плус не секој има апетит првите 10 мин. откако ќе стане
Јас најчесто си носам една банана или јаболко,плус на виталиа гранола бар и чај...и сега зимово плус некоја мандарина шо викаш ти,за ако ме фане некоја мала криза да имам шо да пикнам во уста
А тоа што викате кардио, трчање или орбитрек, било што нели за стомак да не бидат само класичните вежби, се слабее ли? Оти јас сакам да го намалам стомакок ама не и да ослабам, може и да качам некое килце Затоа после вежбање (вежбам пилатес) јадам обавезно и внимавам тоа да бидат протеини. Значи проблемот ми е малце сложен. Сакам да се здебелам 2-3 кила, ама се ми оди во стомакот и затоа вежбам. Значи проблемот ми е напоредно да се здебелам а стомакот да го симнам Почудно здравје.. Совет од поискусните (не одбивам и од другите) добредојден е совет од секого. Благодарам
Епа мило ми е штом се снајдовте, ама да прашам јас зошто ми е толку подуван стомакот долу? Немам сало ама ич! Кожата си ја фаќам, ама ете долу ми е ненормално подуван стомакот. Вежбам и сето тоа, ем кардио ем за мускули градење, ама изгледа неќе да е до тоа. Ептен е подуван... Мислам не ептен, ама јас дека сум ситна и ми смета, што да правам како да сменам. А да и пробав ова со 'рбетов да го држам правилно, ама така горниот дел ептен ми се смалува а долу уште повеќе ми е подуван. Се нервирам веќе, стварно незнам што е работава.
Јас сакам да го намалам само стомакот,односно да имам рамен стомак,но не сакам да изгубам од килажата,да ја задржам оваа сега што ја имам. Тренирам одбојка и сега се мислам дали да почнам да вежбам на орбитрек или со нешто друго да почнам. Правев вежби едно време,а резултати не беа баш забележливи.Се прашувам и дали да променам нешто во исхраната . Би ви била благодарна ако ми дадете некој совет.