ve molam za pomos!!! sakam ramen stomak, no jas imam salo! sto treba da napravam za da gi stopam? predlozete mi nekoj vezbi? ili sto treba da namalam vo ishanata, imam drzano dieti bukvalno malku oslabam, no stomakot mi e isti.. ili pak jas taka custuvam ve molam za pomos! [mod-kirilica:1adbzony][/mod-kirilica:1adbzony]
ве молам помош!!сакам рамен стомак, но јас имам сало!Што треба да направам за да го стопам? предложете ми некој вежби за топење на мастите, не за зацврстување? или што треба да намалам во исхраната имам држано диети буквално малце ослабнувам, но стомакот ми е исти ве молам за помош!
^ Само 1 страна поназад, Елементал има напишано се‘ за начините на топење на сало.. Прелистај ја темава и ќе најдеш и повеќе мислења од девојкиве со ист проблем.
Не е се во вежби туку во исхрана. Како доста важно може да се каже е колку пати човек јаде на ден и секако што јаде. Освен што не треба да се прејадуваме исто треба и да го испитаме нашиот дигестивен систем.. не кај секој исто функционира. На пример некој можеби пази на основните работи што го надувуваат стомакот, но ги занемарува другите работи што ги внесува. Јас лично го најдов мојот проблем и сега пробувам да го решам. Според мене треба да си го гледаме телото во целина бидејќи телото ни е еден цел поврзан систем. Сега за сега добро ми оди и незнам како успеав да се откажам од многу храна што не ми се пушташе, а и немам веќе проблем со надуеност на стомакот од аспект-храна. Така да моја препорака многу вода, правилна исхрана(ама правилна според сопственото тело) и вежби. Се надевам помогнав
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Ви се восхитувам кога читам како вежбате,ова за мене малку непознат поим освен Орбитрек и аеробик на времето не сум вежбала.Во животот не сум имала проблем со стомакот секогаш ми бил рамен струкче на место немало мускули но пак немало ни салце,за жал тоа веќе не е така пред 6 месеци се породив и нема повраток на рамен стомак без вежбање,чекав до сега викам ќе се поврати но не се лажам . Морам да преземам нешто,од понеделникот почнав со УН диета бидејќи имам за губење некои 20 кг еве веќе почна да се чуствува разлика. За Орбитрек не ми е проблем ,но би сакала некој поискусен да ми каже какви вежби да вежбам за стомакот ,бидејќи после пораѓај кој беше со царски долниот дел на стомакот ми е виснат е сега со диетата сакам и да правам вежби за тој дел кои се најдобри и нај ефективни . Секој предлог е добредојден би ви била благодарна доколку можете да ме посоветувате .
епа вака, јас имам малку салце на стомакот а иначе сум слаба. Дај кажете некои вежби и нешто сл. за да можам да го смалам стомакот. Сакам рамен
Неможев да најдам таква тема, па затоа овде да прашам. Пред неколку месеци престанав со здрава искрана јадев многу не бев активна и качив 7кг. Се поправив во стомакот, и сега ептен си го осеќам некако затегнато кога ќе се најадам или кога вдишам и кога ќе се исправам, нормално ли е тоа? Ве молам ако некој се разбира нека пише.
Исто,исто.Бев на диета едно време ослабев,се е ОК,мислам мускулите ми се млитави ама почнав пак да вежбам и не е толку лошо.Но,стомакот ми е ужас.Се е ОК,само тој.Веќе незнам шѕто да правам....
Пет правила за рамен стомак 1.Откажете се од производи кои се познати по тоа што натрупуваат масти во пределот на стомакот. Некои од нив се рафиниран шеќер, алкохол, кофеинот, преработената храна, сувото млеко, засладенте кисели млека и маргаринот. 2.Конзумирајте додатоци кои содржат рибино масло, бидејќи тие обезбедуваат есенцијални омега 3 масни киселини, кои помагаат при согорувањето на мастите. 3.Препорачливо е да не јадете после шест часот вечерта. 4.Задолжително доручкувајте. Дури и само овошје и јатки. Појадокот дава незаменлива енергија за целиот ден. Ако наутро немате апетит, можете да се задоволите со природен овошен шејк. 5.Заменете ги штетните производи со корисни: пченкарен леб пресно и кисело млеко, маслиново масло, ореви, јајца. Јадете и повеќе овошје и зеленчук, како и риба. Се разбира, не заборавајте ја физичката активност, која исто така е исклучително важна. Од вежбите се корисни стомачни вежби, возењето на велосипед или статичен велосипед.
Преземено од Sportway.mk 7 совети за силни и изразени стомачни Вежбите за стомачни се лесни. Правилното вежбање и поддршката во нивниот развој… тоа и не е така е лесно. Па, еве неколку совети за да бидете сигурни дека нема случајно да станете најголем непријател со стомачните: Не јадете јаглени хидрати што брзо се варат. Брзите јаглени хидрати снабдуваат со инсулин, кој го запира согорувањето на мастите и го зголемува складирањето на масти, особено над вашите стомачни мускули. Јагленихидрати што теба да се избегнат се белиот леб, компирите, газирани пијалоци, спортски пијалоци, шеќер итн. Наместо тоа, користете пченични производи, ‘рж, овес, овошја, зеленчуци, мешунки и кафеав ориз. Тука има еден исклучок: Може да јадете брзи јаглени хидрати веднаш по вежбањето кога тие ќе бидат насочени да го зголемат опоравување и раст на мускулите. Не ги занемарувајте изометричните вежби. Ова значи затегнување на некој дел од телото, како што се стомачните мускули, и задржување во таа позиција (нешто слично како бодибилдерите што прават кога позираат). За да го направите тоа, затегнете го секој мускул 6-10 секунди, а потоа опуштете се 6-10 секунди. Направете 10-20 вакви повторувања. Ова е одличен начин да ги вежбате стомачните додека сте во автомобил, испружени на вашиот кревет или на вашете биро. Не заборавајте на вашето дишење. Кога правите некои вежби, како што се стомачните, издишете кога ќе ја направите вежбата, односно кога ќе го направите издигнувањето на стомачните. Ова е важно затоа што помага во подобро контрахирање на мускулите и поефикасно извршување на вежбите за стомачни мускули. Задржување на позицијата секунда или две ги прави вежбите поефикасни. Не престанувајте. Обично се прават серии на вежби за стомачни мускули со 8-10 или пак 12-15 повторувања. Сепак кога правите некои потешки вежби, вие не можете да го достигнете бројот на повторувања. Затоа, наместо да правите одреден број на повторувања, вие правете ја вежбата додека не осетите дека не можете повеќе. Не ја заборавајте тежината. Многу машки се загрижени дека од ваквите вежби стомачните мускули ќе им станат дебели и испакнати. Сепак стомачните се мускули како и бицепсот, па треба да се дефинирани и одделени за да се издвојуваат. Правете некој вид на вежби употребувајќи тежина во серии со по 8-10 повторувања за оптимален развој на стомачните мускули. Не ги правете вежбите за стомачни мускули први. Некои тренери советуваат да ги правите вежбите за стомачни први со цел да не ги заборавите подоцно. Но ова не е добро. Едно неодамнешно истражување од страна на истражувачката група Weider покажало дека кога професионални билдери правеле вежби за стомачни мускули пред вежби за нозе (чучњеви), тие успеале да направат помалку повторувања на чучњеви отколку што можеле да направат кога вежбите за стомачни ги правеле по вежбите за нозе. Ова е така затоа што сите абдоменални мускули работат заедно за да го стабилизираат јадрото, што овозможува да се произведе поголема сила. Доколку се вежбаат прво стомачните мускули тие се уморуваат, а тоа ја намалува стабилноста војадрото и ја ослабува базата и вашата способност да генерирате сила за другите вежби. Не ги вежбајте стомачните мускули секогаш со иста брзина. Препорачано е менување на вашето темпо со кое ги правите повторувањата од бавно и контролирано до брзо и експлозивно, дозволувајќи им на мускулните влакна да изградат поголема моќ, сила и големина.
Недела 1 Стомачни: 30 5 сесии дневно, произволно распоредени. (Јас ги правам во 12,15,17,19,21 часот) Упорност и динамика, голема самодоверба и без имагинарни очекувања. Дефинитивно нема да се разбудите со 6 pack abs меѓутоа колку сте поупорни, толку поблиску до шестте Недела 2, +10 стомачни=40 Недела 3, +10=50 Недела 4 и 5 обликувани стомачни и уште поголема мотивација за континуитет на вежбите. Е сеа, коа ќе го постигнете сонуваниот резултат, немојте да се откажете, правете чат пат пак по некоја вежба. Гуд лак! Воспалените стомачни ви укажуваат дека сте на пат, така да немојте да се откажете Знаете нели, си вариш кафе, нетрпеливо чекаш да го испиеш меѓутоа доколку кафето не зоврие, кафето е грозно! Е исто и во случајов...
Ако вежбате нешто,идете на одбојка,аеробик или нешто слично ке направите вака,купете од таа фолијата проѕирна за сендвичи што е и завиткајте си го стомакот у нејзе (сериозна сум) и одете и вежбајте,а ако не вежбате или седете во многу топла просторија или трчајте (по скали,на кеј,вртете кругчина во двор/пред зграда) и кога ке ја извадите фолијата стомакот ке ви биде препотен и одма под туш,и секако без газирано и многу леб и барем од сабајле по 20тина обични стомачни правете.
Дали некоја од вас ја има справата од топ шоп што е, само за стомачни ??? Моментално заборајв како се вика
Храна за стомачни мускули Епа еве веќе се ближи летово па сакав на време да се подготвам имам мал проблем многу јадам а сето тоа што го јадам оди директно во стомакот а нозете ми се слаби-.- па сакав да прашам дали знаете вие некоја храна и плус некои вежби да се затегнат стомачните мускули и да се симне салото хх