Бидејќи прочитав дека неколку од вас и покрај вежбањето, здравото хранење, пак имаат проблеми со стомакот. Можеби проблемот не е до тоа, туку до одредено искривување на ’рбетот и колковите, па еве една вежба, што е лесна и може да ви помогне во тоа. Еве за што зборувам. И еве ја вежбата. По 30 секунди на една страна, 2-3 пати на ден, а можете и повеќе, нема да е на одмет. http://www.youtube.com/watch?v=jg3y96ij ... r_embedded
^ Е мене ми е исто вакво стомачево како на првата слика, и сакам да го снема анема ама незнам дали ми е до ‘рбетот или имам маснотии, па ако знаеш кажи ми како да проверам дали ми е искривен или не?
Па, најубаво би било да одиш на лекар, ама сепак, некои од симптомите се доколку задникот ти е видно истакнат, натртен ај да кажам, а имаш вака големо стомаче и доколку имаш болки во долниот дел на грбот и нозете. Но, пак ќе кажам најубаво да си потврдите на лекар.
Немам болки и на контрола кога сум била ми кажаа дека сум имала мало искривување на ‘рбетот но не било страшно само да сум се држела исправено и толку...
Мојот фитнес ден (+ мотивации) ете сум и јас...засега е супер и нема откажување само сакав да ве прашам и да ве замолам да ми одговорите шо вежби да прам за да го стопам салото на стомакот и на колковите прам значи нон стоп кардио вежби-трчање на лента,возење точак и возење орбитрек и во половината сум каде каде ослабена ама во овај дел ми се чини нема некој поголем напредок вежбам од 9 февруари и пазам на исхрана...незнам шо поќе а стомачни не правам,инструкторот ми рече да се стопи салото прво па после стомачни ајде споделете совети ве молам мора да се претвориме во риби до почетокот на летото
Значи може ова го иам и претходно пишано но еве пак ќе кажам. Не се лажете дека со стомачни ќе немате стомак. Дефиниција за рамен стомак е-Мали чести оброци (здрави !!) и кардио третман. Стомачните вежби се само 5% од севкупната работа.
по 4 литри пијам ,тоа појке ми го зголемуват (не ми е мн голем, ама мојт и помал да ми бидит,сакам рамен)
Да ама рамен стомак не се добива преку ноќ и јас го имам истиот проблем ама се трудам со правилна исхрана да го намалам и до сега гледам има разлика ама треба многу трпение и вежбање и правилна исхрана
Имам сало на стомакот и веќе сум 2 денa на Ун диета можам да кажам дека нема уште видливи резултати но се осеќам по лесно и не сум толку гладна се навикнувам значи сега треба со диетава да го намалам салото па после со стомачни да го зацврстам така?
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Па вака јас имам сало на мешето и сакам да го оттргнам. Одам на зумба 2пати неделно малку е и викам и на фитнес да кренам 3 пати неделно а дома правам од вежбите што ги има на фемина за цврст задник и убави нозе, а за стомакот незнам? И на јутуб некои вежби што најдов ги вежбам може ке почнам со џилијан ама сакам салото да ми го снема. Имам 14 години и бев на ун диета 20 дена и симнав 3-4 кг.. ама пак имам салце не многу но имам.. пијам и ѓумбир ама нешто во последно време не ставав лимон и оно требало барем пола час пред јадење а јас после него често јадев едно парче овошка.. сега ке бидам на некој здрав режим незнам како ке се справам на училиште сум 2ра смена и правам чучневи порано по 30 дневно а сега се водам по овој режим http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1&theater вие имате некој вежби што помагаат во оттргање на салото поздрав
Вака да прашам бидејки незнам дали точно правам како што треба. Понеделник,среда и петок вежбам кардио и за нозете вежби. Вторник и четврток за да балансирам и да не ставам фокус само на едно место вежбам за раце и грб вежби. А секој ден вежбам за стомачните и чучњеви. Вторник и четврток http://www.youtube.com/watch?v=ZJ8Zdj0OPMI А понеделник,среда и петок http://www.youtube.com/watch?v=pNqrkGnkUWc (Само повеќе повторувања,не само 10 минути) Избегнубам брза храна и шеќер...Пред некое време си зедов мусли, сакав житарки ама ај за прв пат Само во школо незнам што да јадам Сабота и недела одмарам
дали прекумерно потење во пределот на стомакот со фолија е добро или штетно?кога ја вадам фолијата мазници течат од стомачето.над фолијата ставам еден дебел волнен појас а над него еден еластичен појас да се стегнам.не сакам да намалам тежина затоа и не се ставив на диета само намалив со јадење,само сакам стомачето да ми изчезне....HELP
Јас би ти рекла дека е повеќе штетно отколку корисно ( ако воопшто и е ), зошто со потењето губиш многу вода а ако ја ставаш фолијата директно врз кожа ризикуваш да си ги разболиш бубрезите. За рамен стомак би ти препорачала само средена исхрана и физичка активност.
Јас мислам дека стомак со слабеење не се губи, колку сакаш ослабни, стомакот ќе го имаш, може не како предходно, ама ќе си стои така виснато стомаче. Тоа единствено со вежбање се затегнува.
^ кој тоа рекол дека со вежбање неможе да се смали стомакот? со упорност и те како можеш да направиш да исчезне, секако со мноогу кардио, а потоа со вежбање на стомачните мускули и да го зацврстиш