Секое лето се ставам на диета, многу вежбам и ослабнувам, имам рамен стомак но спојлерите на стомакот не исчезнуваат, отсекогаш ги имам, мора да има начин да исчезнат, знам дека има, тоа е само масно ткиво но не знам како... Начин?
Кажи ни како се храниш. Колку калории внесуваш и колку протеини,јаглехидрати и масти. Како вежбаш и дали вклучува кревање тежини? И колку време спиеш.
Замај во двете раце тегови за почеток по 5кг и нишај се лево десно додека тегот го спуштиш до колена. Вежбај странични стомачни > http://thesource.com/wp-content/uploads ... o1_400.jpg http://media4.onsugar.com/files/2013/09 ... review.jpg https://encrypted-tbn0.gstatic.com/imag ... 0HffV5yFMA не јади леб и благо, и пиј многгггуууу вода, вода со лимон. внесувај јаткасти производи, житарки, јогурт , протеини.... и да, K.Marika, мора да крева тежини, спојлерите не се кинат со сопствена тежина....
Деновиве почнав со пливање,еве денеска пливав 30 мин,(граден стил,со тоа што главата ми е постојано над водата,т.е онака најобично пливање,како што си пливаат женските ) и незнам дали ова ми е доволно кардио,3-4 пати неделно ќе пливам по 40 мин отприлика...иначе мене стомакот ми е рамен,бидејќи 2 год активно вежбам,само незнам сега за летово дали пливањето ми е доволно...преостанатите денови во неделата дома ќе вежбам,вежби за зацврстување,а незнам дали и овие денови кога пливам да си вежбам и дома,или многу ќе ми дојде,бидејќи слабичка сум (ама па многу сакам да вежбам ) StefChef напомош ако може?
Епа вака,за да се има рамен стомак 80% е во исхраната и во сето тоа што ние го внесуваме во телото а 20% е вежбањето.Затоа,треба највише да внимаваме што внесуваме во организмот и најважно е да внесуваме САМО здрави работи.Како на пример Многу вода!!!-Одма откако ќе станете од кревет напијте се 2 чаши вода,не кафе,не чај, ВОДА! (затоа што тоа ептен ќе помогне да ве разбуди и побрзо да ви работи метаболизмот,а згора на тоа ќе имате и блескаво лице) Немојте да одите во седмица секој ден! тоа е најлошото нешто што може да го направите за вашиот организам,кај што отпосле нема да се чувствувате убаво,нездравата храна (односно мастите во нездравата храна) ќе ви се залепат за стомачето. Да не зборуваме сега за каква здрава храна треба да внесувате зошто сум сигурна дека веќе знаете.Нели? А за тие 20% од вежбањето-сигурна сум дека можете да издвоите 20-30 мин. дневно за вежбање така?(ако можете и повеќе супер би било) мој совет- ако незнаете што да правите би ви препорачала да трчате,само така ќе се ослободите од масните наслаги а тек потоа да правите вежби,затоа што само кардио согорува калории и масти. Но,сепак ако можете воопшто не би било лошо да одите на јутуб и да пребарате блогилатес(блогилејтс) или пак хоу ту гет флет ебс сигурна сум дека нешто интересно ке излезе ИЗВИНЕТЕ што беше предолгоо верувам во вас идете вежбајте одмаа уште ли читате ??!!
Трчам 1 месец скоро секој ден и внимавам на исхраната гледам по здраво да се хранам пр за доручек јадам 2 парчиња двопек со путер од кикирики и зелен чај за ручек пр салата од туна вечера салата и немам некој ептен видливи резултати околу стомакот ослабнав околу 3-4 кг ама стомакот никако и целулитот на нозете мн ме нервира....
По колку км. трчаш или по колку минути? Стомакот најтешко се слабее, биди трпелива, 1 месец не е ништо , терај со истото темпо уште минимун 2/3 месеци ако сакаш намалувањето да почне тек тогаш, најбитна е исхраната многу течности и да наголемуваш на должина на времетраење на трчањето секој ден, пример денес ако трчаш 30мин, утре 40 задутре терај и до 60мин..... со исто темпо секој ден нема да ослабнеш сигурно во стомакот
Вежбај кардио и вежбај со тегови. http://www.youtube.com/channel/UCiP6wD_tYlYLYh3agzbByWQ Овде можеш да најдеш добри кардио вежби.Исто,внимавај на исхраната.
Вака сега ..Имам огромен проблем..се знае веќе сонот на секоја девојка ..да има рамен стомак..епа истото го посакувам и јас...имам голем стомак и имам околу 60 кила..од денес почнувам да се хранам здраво..значи газирано не, вода повеќе да се конзумира...храна која има масти да се отфрла..е сега да ве прашам дали соленките помагаат? Бидејќи еден ден само соленки јадев ништо друго и нормално од еден ден нема никаков ефект..сега дали тие помагаат? Значи во врска со храната знам, но сега знам околу спортот треба трчање и кои вежби треба да ги правам за да имам рамен стомак? И дали Битолскиот леб не смеам да го јадам доколку почнувам со слабеење? Фала однапред
За почеток, потребен е внес на разновидна храна која ги содржи сите нутренти за организмот да функционира добро и урамнотежено, односно да те одведе до посакуваната цел. Исфрли од употреба преработена храна, користи свежа и практикувај готвење на скара, варење и динстање на пареа. Белиот леб замени го со црн од цело зрно, пиј големи количества вода, зелен чај кој постепено ќе го замениш со црн. Информирај се за калориската вредност на храната и твојата дневна калориска потреба. Масти се губат на глобално не на локално ниво. Почни да трчаш, пребарувај на интернет или на форумов кои вежби ги прават девојкиве за рамен стомак, имаш многу страни на темава, прочитај нешто.
Еве го мојот стомак сега,како до плочки? Сум ослабела до сега и знам како што треба.Но сега се двоумам за ова,па што би направиле кој ви би бил режимот на вежби и исхрана,вие поискусни од мене доколку би биле на мое место?
Кога трчаш обвиткај се со фолии нозете и стомакот.Јас така го симнав целулитот на секое вежбање носев фолии и сега нема скоро ич,додека пак предходното лето ставав една крема на орифлејм и од тоа има помалце али тоа е приврмено 2-3 дена.За стомакот може некои ќе ме искритикуваат ,дека можат да ти настинат бубрезите бла бла.Од мое искуство како помола лежев во болница заради воспаление на едниот бубрег во тоа време беше со работа од 5% а треба и двата бубрега да се по 50% ,пројде тоа и сега е океј бубрегот.Јас кога имам хајгенерги тренинг или возам точак јас виткам првин голии ,па облекувам мајца,па појас за слабеење па друга маица спојелрите мн ми ослабнаа и стомакот целосно.Сакам да кажам вака правам негде од март до сега немам никаков проблем со бубрезите
Добро сфаќам тоа,како да стигнам?Кардио и стомачни комбинирано или првин кардио да потрошам масти па послем стомачни?