Калориски дефицит. Кардио нема да ти помогне. Мора да почнеш да креваш тежини да создадеш мускулна маса.
Прво треба да се внимава на исхраната. Јаглехидратите не треба да се исфрлаат освен простите. Има два типа на јаглехидрати прости и сложени. Простите се наоѓаат во газираните сокови, слатките, тестенините (со бело брашно) - тие не треба да се употребуваат. Сложените се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, житариците и во интегралнит тестенини - тие треба да се употребуваат затоа што се извор на енергија Второ, треба да се пие многу вода. Трето - вежбање. Доколку имате сало на стомакот, треба прво да го стопите салото, затоа кардио вежбите се најдобри или пак трчањето. Затоа што ако имате сало и правите вежби за стомачни пред да го стопите салото стомачните ќе се формираат под салото и нема да ви се познаваат и потоа ќе ви биде многу потешко. Оваа грешка јас ја направив. Доколку немате сало или го стопите салото почнете вежби за обликување и зацврстување на стомакот или доколку сакате за обликување на стомачни. Стомачните вежби се најдобри за тоа, а има уште многу вежби за тој дел од стомакот
Јас имам рамен и убав стомак, но сега од нигде никаде ми влезе во глава дека сакам да имам малце оформени мулскули, или плочки хаха. Кој се нај ефикасни вежби, но за дома да си почнам за почеток. Па слободно пратете некое видеоо
Имав проблеми со тежината, никако да се здебелам. Еве кренав некое килце но сега имам голем стомак. Не знам од каде и како да почнам. Совет некој, ама од искуство.
http://www.youtube.com/watch?v=DI9Um9WET70 http://www.youtube.com/watch?v=q5ZnxD2ekRo http://www.youtube.com/watch?v=DI17G5whYsM
Пу пу машала, јас отсекогаш имам рамен стомак и најчесто за тоа ми завидуваат. Мојот рецепт е: (немам некоја таква генетика) не пијам кафиња, газирани пијалоци, сокови, алкохол, и се од такви нездрави пијалоци. Не јадам премрсна, презачинета храна. Не јадам месо. Одбегавам пржено. Тестенини и леб за мене се реткост. Значи не јадам храна која подува, дебелее и е нездрава. Притоа вежбам редовно (веќе години), дали на орбитрек, на топка, трчање, возам велосипед, значи мешано, што ми се сака во денот тоа правам. Навистина вака гледано е напорно, но кога човек ќе се научи на здрав начин на живот многу му е полесно. И се исплатува !
Не се согласувам со горенаведените искази Ако вежбате стомачни нема да добиете стомачни, треба калориски дефицит! И плус за јаглехидрати прочитај малце... Прости јаглехидрати се моносахаридите и дисахаридите. Сложени јаглехидрати се олигосахаридите и полисахаридите. Глукоза, фруктоза, Сахароза, лактоза, малко за и галактоза се прости јаглехидрати. Повеќе тука. Вистината за јаглехидратите!: http://youtu.be/mx3_q-JosnA
Девојкии морам да кажам дека и јас незнам како ама кога почна лето се измерив околу стомак и покажуваше 69 цм и пред некој ден се измерив и сега имам -20цм кај 50 и нешто .А летово не трчав само правев една тешка вежба за стомачни 3 пати на ден по 20 повторувања.Како што читам неможело да се наали стомакот само со вежби епа ја како сум успеала и + пиев многу вода и сеуште пијам по многу во ден инаку сега иде зима а да трчаш не е многу погодно па како во домашни услови да го намалам уште малку стомачево само што сега вежбата што ја правев контиунирано ми е прелесна ај кажетее
Па тоа неможе да се намали стомакот може да се протолкува на различни начини, прво, може се мисли неможе да се намали салото на стомакот, второ неможе да се намали обемот на стомакот. Значи обемот може да се намали, но салото пак да си остане, стомакот не станува голем само од сало, туку и од прејадување и преоптеретување и одвнатре ќе добие малце понадуена форма. Е сеа ти коа си вежбала летово најверојатно си ги зацврстила стомачните, формата постегната на стомакот, плус си ослабела некое килце и сето тоа резултирало со намален обем.
Имам малку салце,сакам порамен стомак.Некои ми викаат прави стомачни,а имам слушано прво да го стопам салото зашто ако вака правам стомачни,ќе неможам да го симнам после салото затоа што ќе ми се зацврсти.Јас вежбам и вежби за задник и нозе,уште 2-3 вежби за стомак,на орбитрек и на хулахоп.За ова со стомачните,и воошто за остало,каков совет би ми дале вие?
Хахахаха, ќе се зацврстело салото Смешно беше ова Значи вака, ако имаш сало и правиш стомачни, ќе ти се зацврстат стомачните и ќе ти се обликуваат добро, но нема да се гледаат ич зошто салото ќе ги покрива. Од коа ќе го симнеш салото, тогас тие ќе дојдат до израз и ќе почнат да ти се познаваат и ќе се познаваат толку колку што ќе го намалиш салото, тоа е теоријата. Можеш и двете одеднаш да ги правиш и да се чистиш и да се затегнуваш, само запамти, исхраната е 70% минимум важна
Ее да ве прашам една другарка ми кажа постоеле повеќе видови на стомачни вежби, демек за кој дел од стомакот сакаш пример кај желудникот во средината или долу. Дали некој може да ми објасни повеќе и да ми дадете слика или клипче за делот кај желудникот зошто ја рамен стомак имам, ама кај желудникот не е и одвратно изгледа хелп плс.
Читав на интернет дека треба под 0,7 % да ти се мастите за да имаш стомачни. Јас лично сум слаба, но сакам да имам стомачни, доволни ли се по 100 стомачни на ден само?
Јас сакам да се ослободам од големиот стомак,онака слаба сум и кога ке накачам некое килце се ми оди во стомакот.Сега задоволна сум како изгледам,и задникот конечно малку ми се зголеми,добив облини,но ме нервира ваквиот стомак.Може ли некој да ми каже како да го намалам тој дел од телото притоа да не ослабнам?Инаку везбам редовно,последните 2-3 недели прекинав затоа што имав некои проблеми,а веке 4 дена пак вежбам.Бу била пресрекна доколку некој ме советува од лично искуство
Нема врска со бројот на стомачни, најчесто е со нивото на масти кај стомакот. Прави си стомачни ти за да ги испакнеш малце и за да ги зацврстиш, меѓутоа клучно е тоа, нивото на масти во тој предел и 0,7 се невозможни, освен ако не се мисли за 7%, ма да и 7% се многу малце, јас имам стомачни со 15-17 %, така да со 15 % можеш да имаш стомачни, а и нивото на масти кај обични луѓе се препорачува да е 15%, а кај спортисти од 5 до 15 % .....
Дечки не броите калории масти проценти и слично. За рамен стомак најбитна е исхраната која оди во комбинација со вежбање, трчање и слично. Некој погоре праша дали 100 стомачни се доволни, па во теретаната каде што одам има четири справи за стомачни, и девојките обично на секоја справа прават по 3/4 серии од 20 стомачни , е сега рачунајте.