Tocno e Eli moe, toa i jas go vikam, no za ramen stomak, a ako sakas da ti se poznavaay stomacni, toa e vekje druga prica
Кога имаш рамен стомак и ќе се ставиш на сите различни справи по еве најмалну 50 стомачни на справа ете ги плочките. Мене кога вежбав редовно и внимавав на исхрана за неколку месеци ми се познаваа. Сега дека си јадам се што ќе ми текне, аш, нема стомачни
Нема ?! Брзо да и се вратат на Ели стомачните Точно така, пак доаѓаме до она дека исхраната е најбитна, ако сакаш прави и по 2000 стомачни дневно, ако си се наталожил малце тие ќе си останат скриени. Се за што имаш или немаш генетика, можеш да го поправиш или нарушиш со исхрана
Мене ова ми помага да ја одржувам линијата и за борба со целулитот: http://ubavinaizdravje.wordpress.com/2014/08/25/чудесен-одвар-од-ленено-семе/ Го практикувам веќе неколку месеци и го препорачувам на сите затоа што сум презадоволна од резултатите.
Претежно зеленчук зготвен на поздрав начин и овошје. Многу јаткасти плодови, а од пијалок најчесто чај од билки. И има многу избор и рецепти, иако вака звучи оскудно.
Ај те молам кажи ми дали мелено ленено семе, или обично во зрнца? (водата има некаков вкус?) И дали остатокот од зрнцата кога ќе се процеди ги фрлаш, или ги употребуваш за нешто друго (некако греота ми е да се фрлат :/) Tnx
b.o.n.i, можеш слободно а употребуваш мелено ленено семе, или да си купиш во зрна, па да го сомелеш дома во мелница за кафе. Имам пробано да направам една доза со цело зрно, но не е тоа тоа. Течноста е нормално погуста отколку обичната вода и има многу пријатен вкус, мислам дека нема да ти биде проблем воопшто. А остатокот, кој ќе приметиш следниот ден дека е испливан на површината, може да се собере со лажичка и да се нанесе на кожата како маска. Имам пријателка што го меша со овесни снегулки и јогурт за доручек - и така било вкусно. Во секој случај вреди да се обидеш. Го прочистува организмот од токсините и помага во намалувањето на килограмите. Се надевам дека ти помогнав. Ако те интересира уште нешто слободно пиши. Поздравче
^ фала ти за одговорот. Секако имам и мелено и во зрнца...па ќе пробам со меленото ( неодамна прочитав дека консумација на лен во зрнца нема никаков ефект, затоа што не може да се апсорбира ништо од хранливоста на ленот пошто зрната се мн цврсти, па како се внесуваат така и се исфрлаат од организмот). Инаку ретко се лучува да си ставам во една шолја јогурт две мали лажичиња мелен лен, и така да си сркам како каша..воопшто не е лошо, ама тоа ретко ми се случува Едит: практикуваш ли да си пијуцкаш во текот на цел ден од тој еден литар? на пр сега еднa чаша, по два саати па уште една чаша, притоа да не мора да е пред оброк, пошто јас не јадам редовоно и можно е два пати да јадам во текот на денот :/
Нема за што! Ленот сам по себе е многу здрав и безбеден за користење. Оваа напивка може да се користи доживотно за регулирање на телесната тежина и нема никакви контраиндикации. Ти посакувам успех!
Да јадете повеќе пати, на ден по малку колку да се залажите дека сте каснале, а за водата да не зборуваме, одврти наврти во кујната пиете чаша вода. И друг совет од мене секоја вечер вежбајте, кога ќе можите играјте одбојка... Тоа помага. А кога ќе јадите по малку секогаш зелена чинија (салати). На вечер пијте лимонада со цимет. Толку од мене јас се вака почнсв пс ќе видиме...
Пробајте ленено семе со кефир.Не е лошо на вкус, значи не е гадно ама нема и некој убав вкус.Прифатлив за непцето да речеме, но многу е здраво и го регулира метаболизмот. Исто така наместо да го почнете денот со кафе пробајте со зелен чај.Најдобро е да се конзумира овошје насабајле бидејки на тој начин организмот најубаво ги искористува шеќерите и хранливите состојки во текот на денот. Е јас тука правам голема грешка што си имам обичај да си каснувам овошје, било какво во текот на целиот ден и најмногу навечер пред спиење.Знам и да си грицкам суво овошје...што да правам слатко ми е...
За рамен стомак 30 и 40 и 50 стомачни не се доволни, треба многу повеќе и секојдневно внимавање на исхрана. Во теретана кај што вежбам има неколку справи за стомачни и на сите правам три/ четири серии по 20. Сега сметај на една справа иде по 80 стомачни ако се 4 серии, и уште на две справи по толку. Е така се прави рамен извежбан стомак.
За рамен стомак ти треба калориски дефицит и ништо друго. Стомак не може да го симнеш ниту со стомачни, а ниту со една друга вежба, туку само со калориски дефицит, т.е. губење тежина.
Петре кај залета, кога слабеат луѓето знаеш ли каков им станува стомакот, како издишана гума. И да напоменам дебел човек никогаш нема да има рамен стомак. Зборам за оние девојки што имаат предиспозиции. А дефицит и суфицит батали такви приказни. Јасно реков исхраната и вежбите се поврзани, секако не само вежби за стомак туку зборев за стомачните кои се прават на крајот од секој тренинг. Трето нема.
Сакав да кажам дека залудно вежбаш по 200 стомачни кога не си во калориски дефицит. Мора да слабееш, да внесуваш доволно протеини. Дефицитот го топи салото, а вежбањето го дефинира стомакот. Кој тоа те лаже дека дебел човек не може да има рамен стомак?