И сега што излезе. НАРОДЕ ЧУЈТЕ И ПОЧУЈТЕЕЕ Дебелите можат да имаат рамен стомак и само дефицит.... Инаку Петре има луѓе овде што зборуваат од искуство.
Секое утро по 400 мл млака вода со малку лимон. После следни нормално правилна исхрана = што помалку јагленихидрати и никако јадење пред спиење. Меѓу време вежвање на стомачни и други вежби комбинирани со кардио. За некое време се прави рамен стомак, треба желба и дисциплина. Среќно!
Ок Елиса, нека биде како што ти викаш. Среќна? Некои од искуство ослабнале и 30 кг со бодибилдинг, стопиле сало, дефинирале мускули. Знаеш за тоа?
Ич не го оспорувам тоа и секоја чест за исклучоците, оти многу малку се толку упорни. Со упорност на подолг период секако се доаѓа до позитивни резултати.
Не сакав да се мешам,ама не можам,посилно е од мене Дебел човек ќе има рамен стомак кога врбата ќе роди грозје. Рамен стомак тешко е и за слаб од раѓање,не па за друг.Со калориски дефицит само ќе ослабеш површно,притоа масното ткиво што ти се таложело на абдоменот ќе ти остане виснато,баш како што рече Елиса,како гума. Не знам што запнуваат луѓево со протеините,јес да се важни,ама не се само тие.Исхраната треба да биде балансирана и разновидна,со сложени јаглехидрати,диететски влакна,протеини и масти(полинезаситени и мононезаситени). Стриктно за стомакот најтешко е да се ослабее,тоа е вид абдоминална дебелина и мора во комбинација со правилна исхрана да има физичка активност,најдобро кардио вежби за согорување на масното ткиво,значи вежби со висок интензитет.Потоа се прават и стомачните и салото станува мускул,ама работа има многу,години што се вика. Ова:„Дефицитот го топи салото“ треба у некоја книга со бисери да се стави,побесмислена работа одамна неам прочитано.
Не му кажувај како треба да се храни некој човек кој вежба 6 дена во неделата освен кога многу го мрзи и прави 2-3 дена пауз. Со калориски дефицит ќе слабееш, но затоа земаш протеини да не изгубиш на мускулна маса. Да, стомакот е најтешко да симне, но се симнува, а за тоа не треба години и години, туку 5-6 месеци преку сила. Зависи каква дебелина симнуваш. Кардио треба секогаш кога симнуваш тежина, а тежина за да зголемуваш мускулатура и дефиниција. Илјадници луѓе изгубиле сало и вие сега ме убедувате мене дека не може? Јас само кажувам дека калорискиот дефицит го намалува салото, а не вежбањето стомачни. Тоа го дефинира. Сите ние имаме six packs, но се покриени со body fat.
Јас имам рамен стомак иако имам килограми вишок. Зборувам за тоа дека немам „ѓевреци„ на стомакот или половината. Појма немам зошто е така. Ако е калориски дефицит тогаш и на газот ќе немам сало, зар не? Едноставно стомакот ми е рамен без разлика колку килограми качувам. Инаку знам многу слаби девојки кои немаат вишок ама кога ќе седнат изгледаат како да имаат гума за спасување Мислам дека е до мускулатурата. Може и да грешам
@Петре Прличко Мора да разграничиш дека има разлика во калорискиот дефицит.Никој не вели да се откажеш од протеини,не треба да надокнадуваш,нив си ги има во секојдневната исхрана. Треба да одбегнуваш празни калории,оние ненутритивните пример од чипсови,газирани сокови,грицки,слатки,торти,бел леб и сл.Акцентот ставен на одбегнува,не да ги елиминираш комплетно. Треба да имаш ред во оброците,не сега да ручаш па после 5 минути јаболко да каснеш,ништо нема да се дигестира правилно. И постојат и генетски предиспозиции,некои имаат сало на стомакот,некои на задникот и бутовите. Сепак темава е првобитно за фитнес,од таа страна само кардио вежби согоруваат.Притоа,при тие вежби потребно е надокнадување на вода,значи рехидратација во првиот час после вежбањето,потоа реминерализација,надокнадување на електролитните загуби со внес на минерали,притоа со нагласување на калиумот кој е неопходно да се надокнади бидејќи е главен фактор во гликогенската синтеза,бидејќи со вежбањето се депонира гликоген во мускулите. Внесот на минерали по вежбањето е истовремено со внесот на јаглехидрати,кои се основно гориво при вежбањето со висок интензитет,додека протеините се гориво. за вежбањето со помал интензитет,а подолго време. Не за џабе правилната пропорција за исхрана изнесува 50-65% јаглехидрати, 20-30% масти и 10-25% белковини. Ова е оф топик,ама сакав да го кажам за да увидиш дека не е се во протеините. Не вежбаш само ти,да знаеш
@Петре Прличко незнам само колку пати имам пишано по темиве дека едниствен начин да се ослабе е преку дефицит ама џабе ние збориме. @Marossa уствари правилната пропорција е 40% јаглехидрати 30%протеини 30%масти но ова е само генерално иначе за секоја личност е различно.
Па и јас тоа го учам само што сум јас за ф.тренер. http://www.jillianmichaels.com/fit/...y?xid=nl_LosingItWithJillianMichaels_20140120
^Епа јас сум нутриционизам и добро сум запозната.Пропорцијата што ја пишав е стриктно за нормална исхрана,ама и за спортистите и билдерите е тука некаде,со 10 % повеќе протеини,а помалку масти.
http://tinypic.com/?t=postupload Што правиме со ова? Зависи каков вид вежби правиш и со каков интензитет.
Не знам што е сликата,не ја отвара,ама правам вежби со висок интензитет 4 пати неделно,а другите денови вежби за сила (стомачни и чучњеви со кревање тежина и користење на тегови)
И јас имам проблем со стомакот. Можам да ослабам, кожа и коска да се направам, ама меше ќе си имам. До душа никогаш не сум била но близу до дебела, и мислам дека тоа е невозможно иако некои ме убедуваат дека кога ќе забременам или кога ќе се породам ќе сум се напраела свиња. И мајка ми била ваква ко мене, роди 2 деца и уште е слаба, ама исто си има меше. Вежбав дома за раце, задник и стомак. И кај задникот и рацете имав резултати поголемипд очекуваноте, а стомакот-ништооо
Јас рамен стомак добив кога го исфрлив лебот од мојата исхрана. Секако не само од тоа. Почнав да внимавам на исхраната (не некоја строга диета), како што кажав го исфрлив лебот од исхраната, помалку тестенини, а повеќе овошје и зеленчук и житарици, речиси престанав да јадам благо (грицки, газирано - тоа никако), почнав да пијам почесто вода и насабајле јогурт Баланс+. А многу помогна и тоа што на теретана вежбам се на се пола саат кардио и правам по 400 стомачни и вежбата plank. Сега ми остана уште малку од страната и во долниот дел на стомакот, ама ќе го средам и тоа
Не е во соодветната тема ама ај, вежбам веќе 2 месеци скоро секој ден и еве неколку дена желудникот ме боли дали може да е од вежбите?