Девојки јас немам некој посебен проблем со големината на стомакот. Далеку сум од коцкичките, ама е релативно рамен. Имам проблеми со делот под папакот, тој дел ми е малку поголем. На кој начин да го средам тоа? Класични стомачни вежби не помагаат, ми се затега целиот стомак освен тој дел. Некакви вежби баш за тој дел?
За тој дел јас зборев предходно дека е најкритичен Тие се долни стомачни мускули и за нив треба да правиш вежби. Овие стомачните што се подигни се-легни, се за горните стомачни, на папокот. За долу се други и ептен тешки, за тие пишав дека едвај 20 правам Инаку вака, легни на грб и подигни ги нозете од газот нагоре, значи целите нози исправени за 60 степени и ги дигаш така и ги спушташ но не скроз до долу, не ја допираш земјата, ептен над подот и пак нагоре. Пробај и ќе видиш како на 3тиот пат ќе ти паднат нозете ако не си правела до сега Ете слика, објаснувањево ми се.... И само движиш надолу без да го допреш подот и пак нагоре до оваа висина и така....
Јас ја правам оваа што ја постирала Алиса, и вистина ако ја немаш правено т.е првиот пат едвај 3 ќе можеш да издржиш и се стегнуваат долните мускули на стомакот, се приметува тоа и вежбајќи, освен вежбата што е добра за нозете дупло повеќе е добра и за стомакот, дека целиот притисок е на него, особено на долниот дел под папокот. Значи си легнувам на грб, рацете може и под задник или до телото испружени, и нозете кренати под некој агол прави во колениците и ги креваш така исправени и после ги спушташ исто така во истата положба без да го допреш подот и после пак назад креваш и ги спушташ без да го допреш подот со нив и секогаш прави да ти бидат, значи не свиткани во колено, ако се свиткани не е ист ефектот.
Имам слушнато дека некои жени ставаат некои си фолии на стомакот знае некој повеќе за тоа? Какви фолии се користат и дали треба да се премачка прво стомакот со нешто 10х во секој случај
еве некој совет од мене ако ви послужи мило ќе ми биди јас пред да одам на вежбање под маичката си ставам појас на стомакот да ме стега и повеќе да испотам околу тој дел стомак немам стомачни редовно правам кога не сум на вежбање секое утро кога ќе станам правам стомачни тоа ми остана во една убава навика леб бел не јадам никако наместо леб јадам двопек скоро 3 години ретко ми се случува да седнам да јадам пица или нешто тестенини одвикнат ми е желудникот и ако јадам таква храна сега ме боли мора да ви кажам мн.јадам салати овошје обожавам ориз бело месо во кратки црти храна која ми е убава здрава и не дебели исфрлете од исхраната леб јас почнав црн да јадам па потоа двопек не може све набрзина се разбира треба континуирано а вежбањето си го прај своето цврстиот стомак ви е гаранција позз девојки
Неколку чекори до рамен стомак Вовлекувајте го стомакот. Создадете навика во текот на денот неколкупати да го вовлечете стомакот и да стоите во таквата положба неколку секунди за да ги подготвите мускулите за зацврстување. Чај од магдонос. Магдоносот содржи силикатна киселина која влијае врз затегнување на ткивото. Обидете се да пиете по три шолји чај од магдонос во денот. Вечера без овошје и зеленчук. Логично е дека навечер работата на дигестивниот систем се намалува, затоа не задавајте му тешкотии на желудникот. Зеленчукот и овошјето се тешко сварливи, па затоа навечер заменете ги со чаша јогурт. На овој начин ќе ја намалите и надуеноста на стомакот. Аеробни вежби. Под ова се подразбира трчање, возење ролери или велосипед, пливање и пешачење за помрзеливите. Аеробните вежби го забрзуваат метаболизмот и таквиот ефект трае еден час. Кардиоваскуларни вежби. Пожелно би било аеробните вежби да ги комбинирате со кардиоваскуларните или со вежбите за зацврстување. Тука спаѓаат стомачните вежби, кревањето тегови, склековите. Со овие вежби се постигнува ефект од 48 часа. Избегнувајте газирани пијалоци и гуми за џвакање Поголемиот дел од цревните гасови се создаваат од проголтаниот воздух. Газираната минерална вода заменете ја со обична и додајте и парче лимон кој има благотворно дејство врз желудникот бидејќи е природен детоксикант. Гумите за џвакање не само што ве тераат на голтање воздух туку и го „лажат“ желудникот кој испраќа сигнал за потреба од храна. Избегнувајте го белото брашно и неговите деривати Белото брашно и производите направени од него, како белиот леб и тестенините, имаат малку или воопшто немаат прехрамбени влакна во себе. Поради тоа го блокираат дигестивниот систем и предизвикуваат надуеност. Белиот леб заменете го со 'ржаниот, белиот ориз со кафеав и користете интегрални тестенини. Намалете го внесувањето на млечни производи Возрасните лица немаат ензими како малите бебиња кои можат да ги апсорбираат хранливите состојки од млекото. Поради тоа преработката на млекото станува тешка и предизвикува киселини во цревата, а тоа пак создава нерамнотежа кај цревните бактерии и создава дигестивни пречки, како што ја намалува апсорпцијата на хранливи состојки. Со намаленото внесување на млекото и млечните производи надуеноста би требало да се намали веќе за две недели. И релаксирањето помага Кога сте под стрес, вашето тело лачи кортизол, хормон кој е произведен од адреналните жлезди. Ова помага кон создавањето на шеќер во крвта која потоа доаѓа до крвотокот и го полни со „енергија“ за да можете поуспешно да се борите со стресот. Вишокот на шеќер кој не се користи се складира во облик на маснотии. Нашиот систем всушност е еден механизам за преживување кој за време на еволуцијата ни помогнал да бегаме од опасните животни, но денес нашето тело не може да разликува таква опасност од деловниот, емоционалниот и финансискиот стрес. Доколку стресот потрае, тоа значи дека хормонот се опушта, не се користи и резултатот е насобирање на масни наслаги.
Еве ефикасни вежби кои доста помагаат,треба да се вежба 3пати неделно(мене доста ми помогнаа за многу кратко време) се надевам ке ви помогнат и на вас http://www.youtube.com/watch?v=9tDZRogSbbU&feature=fvsr
по колку почна да правиш од секоја вежба и колку зголемуваше на ден ? планирам и јас да почнам да вежбам,да си го израмнам мешето...оти се ближи летото
Јас си ги правам овие вежби секој ден, не одземаат долго време околу 20 мин, добро ќе ме раздвижат и плус се многу забавни... Зумба за рамен стомак! http://rapidshare.com/files/293872776/zd4fa.part1.rar http://rapidshare.com/files/293882577/zd4fa.part2.rar
Најпрвин почнав да правам од секоја вежба по 20 пати(така 2 недели) и потоа правев по 30 од секоја вежба.За месец дена а може и помалку ќе имаш стварно добри резултати,јас кај мене се изненадив бидејќи редовно вежбам и секаде ослабував само стомакот ми беше најкритичен и овие вежби ги најдов случајно на нет и решив да ги правам бидејќи не одземаат мн. време и стварно се зачудив за резултатите.Пробај па извести ме да ми кажеш како напредуваш
и јас имам прилично дебело стомаче ама почнав пред некое време да вежбам пилатес, со пилатес топка и по неколку недели вежбање ги забележав резултатите, со топката можете да си вежбате и по дома и многу е корисна за обликување на сите делови од телото. пробајте, топката не е скапа и можете да си ја нарачате. позз
А какви вежби правеш со пилатес топката,јас ја имам дома но незнам кои вежби се за стомакот,ако има вежби на you tube ќе можеш да ги објавиш за да вежбам и со неа бидејќи лето иде мора да сме сите во топ форма
не заборавајте девојки дека пешачењето е еден од најголемите лекови за добро оформено тело каде и да одете во која и теретана секој инструктор би ви го кажал ова значи колку повеќе можете пешачете ...
И јас сакаааам џабе и да симнам некое килце стомакот пак ми е ист,неколку месеци секоја вечер правам стомачни ,вежбам фитнес секој ден по 15мин-30мин-зависи кога како,пешачам секоја вечер по половина саат и на работа одам натаму наваму...ама ништо ништо ништо...онака ќе ослабам а стомачето тука.... ги прочитав вашите совети за избегнување на одредена храна па ќе пробам да ги практикувам,па ќе видиме
еве овде може да видите некои вежби http://www.youtube.com/watch?v=qySydIF-1Jw http://www.youtube.com/watch?v=-fRcmz0-fNw има уште на јутјуб а имаше и една посебна страна јас таму барав вежби ако ја најдам ке пишам
секакви вежби правам не само за одреден дел од телото, можеш да правиш и вежби по твоја желба, било какви се корисни и ке ти го обликуваат телото и подобро ке се чуствуваш, види ги тие на јутјуб. позз
зависи колку е голема топката јас мојата топка ја купив 990 ден. со дијаметар од 55 цм. а има и поголеми, јас ја нарачав на интернет преку http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/257473