од вчера почнав да ги вежбам овие вежби. богами малце се тешки ама мислам дека помагаат. денес чувствувам како стомакот и колковите ме болат, ама и денес ке продолжам да ги вежбам, со тоа што ке почнам да трчам и да скокам на јаже. едит: најдов уште некои вежби со јаже, се надевам ке ви помогнат http://mojtrener.mk/23-vezhbi-za-skok-so-jazhe/fitnes-bodibilding/699
до рамен стомак вака: месо јајца риба, мнг зеленчук малце овошје, бел шеќер и брашно ич! мнг вода и чај, кафе не. that's all
Секое утро веднаш штом станете пијте еден исцеден лимон со 200мл вода. После половина час јадете нешто лесно и после пола час од тоа пијте кафе, чај. Една, две шољи зелен чај во текот на денот. Избегавајте леб, пржено, брза храна, благо, газирано и алкохол. Обавезно да вежбате, или барем да пешачите било што само да има горење. Со сигурност ќе имате рамен стомак. Нема на што!
Поздрав девојки јас лично ослабев 13кг со многу вежбање во фитнес сала, таблети Л-Карнитин и плус многу витамин Ц земав после секој тренинг. Исхраната мора да ја контролирате исфрлете ги лебот благо газирани сокови и избалансирајте си здрав оброк по своја желба неморате многу да се форсирате на броењето на калории. Вечерата нека ви биде во 18:00 и после тоа можете да јадете само овошје и зеленчук никако останати работи. На ден ви препорачувам да пиете барем 4литри вода има да се чисти организмот и рамниот стомак за 2-3 месеци е тука.
До рамен стомак со пиење многу вода (2+ литри вода 4 е многу освен ако не е лето и 40+ степени) и кардио тренинг (трчање, возење точак, пливање, било што што ќе ве испоти како прасенце пошто така се трошат калории, а тоа ви треба!). Исто така не треба да вечерате после 20:00 или бар 4-5 часа пред да спиете, а нешто најлошо е да легнете да спиете веднаш после ручек/вечера. Белиот леб тотално можете да го исфрлите од употреба (само го дува стомакот), подобро јадете интегрален леб или не јадете леб неколку недели. Стомачни е исто многу лоша варијанта ако имате стомаче кое сакате да го намалите пошто практично ќе немате никаков ефект! Стомачни се прават кога имате рамен стомак, тогаш ги дефинирате мускулите и плочките. Затоа видете на кој левел сте со стомакот и почнете да го намалувате левелот.
Јас никогаш не сум имала "belly fat" ама имам друг проблем. КОЛКУ И ДА ОСЛАБАМ ОВА "ДЕЛЧЕТО" НАПРЕД СЕКОГАШ ОСТАНУВА! Не ми се допаѓа, има ли чаре и за ова? Сум била и 55кг на 165 висина, значи најслаба што можам да бидам, се гледа овде на сликата.. Help!
Хахахаха исто имам и чаре не сум му нашла. Јас имав и 48 кг на 160 см, стомакот ми беше рамен, горе имав и стомачни ама ова си седеше хахах. Правев секакви вежби ама фајде не видов. Правам и сега, и плус танцувам стомачен танц имам 50 кг, па се надевам за некој месец ќе го биде.
Тоа како што знам стои додека не се храниш здраво, ама буквално се што е лошо да не конзумираш, а можно е и да е генетски..
Луѓе женски сме. Имаме плус орган- матка. Нормално е да има такво делче освен ако не сте некои пренавежбани спортистки... Ако толку ти смета хардкор вежбање и трчање и многу здрава исхрана и тоа е тоа.
Јaс имaв рaмен стoмaк. Не знaм штo се случи сегa ми е пoдуен вo дoлниoт дел..пoд. и oкoлу пaпoк ...aмa не oнaкa сaлo тврд.. Кaкo дa гo смaлaм? Кoгa прaвaм стoмaчни тoлку мн ми се лoши ме бoли желудник...
Здрaвo..епa вaкa незнaм тукa дaли дa пишaм , aмa aјде... Минaтaтa гoдинa бев 54 и јaдев сaмo јaбoлки и цитруснo oвoшјњ и зa месец денa стaнaв 50 тaмaн..,a сегa летoскa бев нa сезoнскa рaб и пaк стaнaв 54 ии пoјдoв нa фитнес еве oдaм 2 месеци a се хрaнaм сaмo сo сaлaти и oвoшје и рибa oд месo , и сегa сум пaк истa тежинa, a јaс кaкo се чувствувaм сo прoменa. Знaчи лaни без вежбaње нaмaлив сегa незнaм зoштo немoжaм ? Некooј сoвет ? Извинете зa дoлг пoст и у случaј aкo сум утнaлa темa! Имaјте убaв вечер , пoздрaв !
хахаха лелеее дефинитивно најтешкиот дел од телото за слабеење. се убив од напорни тренинзи и здрава храна, секаде ослабев освен во мешето.. коски ми излегоа на вратот дури ама стомачето си има уште сало )))
Голема улога има и природната генетска градба на телото навистина, но јас си се тешам со ова. Иста сум, никако салцето да го снема...
I jas go imav istiot problem ama stomakot mi e namalen i se namaluva (od vreme na vreme). Edinstveniot nachin da go sramnis stomakot e taka da ako jades 3 parcinja leb na obrok , jadi po edno , isto i so blagoto.Ako jadesh 3 reda chokolado jadi samo po 1 red i taka stomakot kje se namaluva.I povekje gledaj da jadesh ovoshje i zelencuk
јас имам слушнато за стомакот да се намали и за околу стомакот да се пие чај од магданос ,немам пробено зошто не дум мукаетна но планирам овие денови да пробам па ке видам колку ке има резултат