Здраво на сите, имам едно прашање, направив свој режим за вежбање т.е со одење во теретана инаку одам 5 пати неделно некогаш и 6 па го поделив времето со тоа што прво сум 30 минути на степер или орбитрек и 20 минути трчам на лента, потоа правам стандард вежби за нозе и газ, но ги отфрлив стомачните за овај период за да го намалам стомакот и странично салото околу стомакот, не е кој знае колку но сакам да го нема..но проблем е исхраната незнам како да ја распоредам за да има подобри резултати, која храна е добра пред вежбање, после вежбање? како да го намалам стомакот,дали овај режим ми е добар? и дали да правам стомачни или потоа кога ќе го намалам стомакот? Позз
Mozebi e glupavo no dajte kazite nekoj vezbi za pogolem i oblikovan zadnik za brzo vreme i za ramen stomak .
http://www.melanieashfitness.com/wp-content/uploads/2015/06/30_Day_Abs_Challenge_Calendar.pdf Еве ви една програма за 30 дена стомачни.
Ovje vezbi se super ne mora tolku kako masko da se definiras onaka malce nekoja forma jas pocnav so ovje vezbi I za kratko vreme ima rezultati pa srekno na site
рамен стомак неможе да се направи само со вежбање и правење стомачни. мора да се внимава на исхраната, односно треба добри 3 месеци да бидете под посебен режим на исхрана за да има видливи резултати. прво се чисти салото (а најтешко е салото на стомакот), потоа може да се обликуваат стомачните. Значи отфрлете шеќери, благо, леб, газирано, пржено. и пијте по минимум два литри вода на ден. Водата помага за чистење на организмот, топење на целулитот и топење на мастите во организмот.
Стомачните последни доаѓаат,најважно пред се е калорискиот дефицит и правилната исхрана.Сите сме различни и ако некој успеал со некоја програма незначи дека и вие ќе успеете со истата.
Дааа и јас се согласувам имаат многу голем ефект ако се вежбаат и двапати дневно со умерена исхрана, резултати видливи по 3 недели. Пробајте
Незнам за жениве ама за машките ако си зрел маж, срамота е да имаш рамен стомак. Кај многу народи во светот има една пословица која вика дека ако мажот неможе да си го наполни стомакот свој како ке ја прехрани фамилијата. Мада, естетски гледано има и други пословици како една Француска -Види го овој со стомакот до заби-си го изел буквално животот. Сеа кој како си ја сваќа работата и за што му е зорт. Јади што сакаш и немај комплекси=нездраво тело(во здраво тело-здрав дух). Внимавај што јадеш и вежбај секојдневно=нездрава душа.(рани душа да те слуша).
Јас сум природно слаба и отсекогаш сум со рамен стомак, но добив желба да изградам добро, силно тело со мускули. Е сега јас затоа што немам сало за топење, по неколку месеци редовно правење стомачни веќе ми се дефинирани. И пресреќна сум. Најчесто ги вежбам стомачните преку еден ден, по 10-15 минути во денот, сама си наоѓам вежби од youtube. Задоволна сум. Само нозете и рацете никако да се зголемат, и покрај големиот број на калории и тренингот.
@copacabana Баш напротив. Исхраната ми е полна со протеини и од животинско и од растително потекло, месо, млечни производи, јајца, јаткасти плодови, а почнав да земам и суплементи.
епа нешто правиш погрешно, колку грама протеини земаш дневно и зголемуваш ли килажа кога вежбаш или цело време исто вежбаш?
@copacabana 100-110 грама протеини само од исхраната (47кг тежам) И зголемувам постепено. Мал број повторувања на вежбите правам и се трудам да избегнувам кардио.
епа не би требало да не ти се зголемуваат. прашај ги тренерите во теретана. Знам дека и ако многу вежбаш (т.е секој ден) мускулите ти се намалуваат. Ти си направила добар режим и до сега би требало да имаш веќе мусклули.
Не избегнувај кардио,еднаш во неделата е ок,пиј повеќе вода,спиј 8 или по можност повеќе саати, Внимавај и број ги и останатите макронутриенти (Јаглехидрати и Масти) а не само на калории и протеини и секако труди се повеќе да ги оштетуваш мускулните влакна (вежбај по напорно) резултатите ќе дојдат само треба повеќе време.
Здраво, како да го намалам стомакот, имам многу повеќе од потребното.. На другите делови од телото сум таман, уште малку ми треба кај нозете долу но колку и да јадам храната таму никако да стигне, па тоа си се сместува во стомакот .. сега јас сакам да го ослабнам него но несакам на другите делови бидејки едвај стгигнав и до нив .. плс кажете како !!