Најдов одлични вежби со кои за 8 дена , си го обликував стомакот (кој инаку имашее малку сало) како кај моделите. Кој го интересира нека пише
Постои ли некоја крема за затегнување на стомакот после породување? Неможам да вежбам поради раната од царски, а и искрено не би имала време со малиот.
Според мене, за рамен стомак улога има и градбата на телото. Другарка моја, никогаш немала рамен стомак дури и кога била во најдобра форма (секој дел од телото стегнат). Јас, од друга страна, доволно е да ослабам (никаква мускулатура немам) и стомакот ми е рамен. Стремете се кон здраво тело, не мора се да е по мерка за да биде убаво и згодно.
Женски дајте некој добар проверен трик за рамен стомак. Од секогаш сум имала топ тело, рамен стомак но после породување ми остана доста стомак Барем до пролет да го средам ?
Точно така. Џабе и убивање од стомачни ако тоа не е испратено со регулирана исхрана. Тестенини, шеќер и благи работи, како и чипс, пржена храна, сланината и кожата од месото и газирано се за избегнување. Наместо колачиња - бадеми и лешници, наместо пилешки прсти - варено бело пилешко. За да се исцртаат стомачните мускули мора да се исфрлат овие работи, за да се намали процентот на масти во организмот. Иако ова се воглавном јаглехидрати, со намалување на ЈХ во исхраната телото почнува да ги троши масните наслаги. Добра работа е што вака и крвната слика се подобрува, се намалуваат триглицеридите и холестеролот.
Najgolemo vnimanie posvetuvam na prvite 2 vezbi od ova video: I ovoj e dobar, ima i drugi videa vo zavisnost od koj del na stomacnite se vezba: I pravam edni hanging leg raises, ama tie se za maski zatoa sto i podlakticata treba da e jaka.
Пффффф, за машки. Мене тренинг без нив не ми поминуваше. Нема машки-женски вежби, има прилагодување на тежини и повторувања. Тоа е тоа.
Ok, ne se izraziv najprecizno zatoa sto devojkata e pocetnik i ne veruvam deka bi mozela vednas da gi pravi, zatoa ne gi preporacav. Inaku ne potcenuvam, imam videno devojka sto pravi po 15 zgibovi, sto 90% od mazite ne mozat
Јас еве пред недела дена почнав да вежбам, главно стомак бидејќи само таму знам да се здебелеам. Правам предизвик од Chloe Ting (https://www.chloeting.com/program/2020/flat-tummy-challenge.html) Има супер видеа и други предизвици на нејзината страна и на нејзиниот youtube канал, а има и видеа каде споделува резултати на други кој ги прават предизвиците и навистина се гледа промена. Јас ќе видам резултати за 3 недели
Со работа на нива + витамин Д, зраците од сонцето нема да ве промашат, човекот е создаден да живее во природа... колку смешно и да звучи, со таква работа кај ќе се храните здраво, па дури и ќе ги активирате мускулите и рамен стомак и задник и се
Хелоу Имам мала мака. Значи јас веќе два месеци вежбам(имам вежбано и пред тоа но правев пауза) и се хранам здраво, смалив килажа и ги оформив стомачните но само на горниот дел од стомакот. Долниот дел никако не можам да го смалам, да го оформам. Читав дека е можно тоа да е од јаглехидратите и ги елиминирав. Но не помогна. Има ли некој искуство или совет.
Само продолжи, може едноставно стомакот последен да ти слабее. Чим досега веќе имаш резултати, значи идеш натака. Јаглехидрати немој да елиминираш скроз. Да намалиш, да, но пак треба да внесуваш. Инаку и кај мене моментално е исто.
Здраво дали има резултати? п.с. не знам зошто не ми ја отвора програмата. Дали можеби сеуште ги имаш вежбите?
За резултати има, после коментаров, пробав неколку од програмите, сега ја правам за 2020. Мене ми го отвара линкот, но лесно можеш да ја најдеш на YouTube. Јас малку забушавав, додека да ми влезе во рутина вежбање, можда 5 пати почнав, па и исхрана. Долго време не вежбав, ништо незнаев. Сум била skinny fat и вежбите ми одговараат. Варирав со килажата, 52/50, али недела дена сум 49, нешто добро правам