Подуеност може да се појави ако јадете брзо и не ја џвакате храната колку што треба, ако имате интолеранција на храната што ја внесувате, ако немате добро варење на храната или ако имате гастритис. Затоа прво почнете да обрнувате внимание на џвакањето и брзината на јадење. Многу е важно храната да биде убаво иситнета кога ќе влезе во желудникот. Ако сеуште имате проблем со подувување после одреден период, може да направите испитување за интолеранција на храна. Доколку покажат резултатите дека немате интолеранција на храна, може да почнете да внесувате дигестивен комлекс од ензими во форма на апчиња/капсули за да ви се подобри варењето на храната. И на крај ако се ова не ви помогне, одете на лекар. @calm-girl за слабеење треба да трошиш повеќе калории отколку што внесуваш. Освен тоа, убаво би било да ја зголемиш физичката активност. Имаш повеќе опции: брзо одење, трчање, возење велосипед или ролери, вежбање со видеа од youtube и сл.
А некоја анализа да ти дадеше да направиш за да биде сигурна дека можеби не си веќе болна? Често (а и од мое лично искуство) бактерија најчесто прави ваков проблем, јас имав хеликобактер. И не диета, туку режим кој исклучува "индустриски отпад" храна, газирано, јаглехидрати и шеќери. И многу вода, 2-3 литри дневно. Ќе забележиш огромна разлика. Но, за да знаеш што точно да јадеш, мора да провериш лабараториски параметри и дали евентуално имаш проблем со бактерија, паразити или со некој орган, јетра, бубрези, црева и слично. И матичната да си ја смениш затоа што подуеноста од медицинска гледна точка може да биде индикација и за нешто далеку посериозно. Вежби не знам, сите билдери и вежбачи ќе ти кажат дека стомакот се "решава" со храна, ама и на доктор.
Во благодарам за советите. Инаку, @Abel, јас на матичната и реков дека сакам да ослабнам и диета некоја да ми каже и таа ми рече дека не ми треба диета, многу сум и се допаѓала и дека ако држам диета можам да се разболам.
Подуеноста можи да ти е од внесување поголема количина на фибри и растителни влакна. Има во аптеките таблети за подуеност на стомак и се пиат еднаш во денот. Ако имаш сало на стомакот тогаш диети и физичка активност за кинење на сало.
Чекај, стомакот ти е подуен? Или едноставно имаш стомаче како резултат на тежина? Ако имаш масти на стомакот џабе ти е да вежбаш стомачни вежби. Интолеранција на храна не можеш да стекнеш преку ноќ, или од секогаш си ја имала, или ќе ја немаш. Ако е подуеност, можеби потешко вариш одредена храна, и телото подолго се мачи, пример млечни производи или пак глутен. Тоа е до флората во желудникот и цревата. Пробај да внесуваш наутро јогурт во исхраната бидејќи има многу бактерии. Или пак пиј некој пробиотик два три дена и види како ќе ти е. Крајна ствар е да дознаеш дали имаш хеликобактер. Абе прва работа некој коа ќе праша за намалување на кг или здрава храна сите истото ко у хор: исфрли јаглехидрати. Да важи, слободно исфрлете јаглехидрати ако сакате да добиете low carb flu, телото да ви влезе у кетоза, да изгубите тежина со исфрлање на водата у телото итн итн. Луѓе со екстремно низок внес на јаглехидрати имаат поголем ризик за предвремена смрт од оние кои конзумираат умерено јаглехидрати, па дури и од оние кои претеруваат со јаглехидратите. Здрав човек не треба целосно да исфрли јаглехидрати од исхрана, особено не како долгорочен режим на исхрана. Престанете да јадете јаглехидрати и телото ќе почне да ги троши протеините за да создаде гликоза или ќе го разградува постоечкото мускулно ткиво за да ја создаде енергијата. Има здрави јаглехидрати и храна полна со природни влакна. А здравата исхрана се состои од количински избалансирана исхрана која ги содржи сите макро и микро нутриенти. Најлесно е да се каже исфрли јаглехидрати целосно...
Ме претрка @Ajronmen со прашањето. Стомакот ти е подуен поради килажа или нешто друго? Искрено освен советите што ти ги дадоа другите, мораш да откриеш зошто се дуеш ако не си дебела. Јас имав хеликобактер, а не сум дебела и имаше периоди кога изгледав како балон. За да најдеш решение, мораш да имаш одговор за тоа каков конкретен проблем те мачи. пс. Си ѝ се допаѓала? Толку имаше медицинско лице да ти каже, убаа си? Врло професионална анамнеза. Џизаз.
@calm-girl Анамнеза да ти направи доктор што се разбира, убаво да му објасниш какви симптоми имаш, без разлика дали тој доктор мисли дали си убава или не. Други прашања немав. Не знам на што точно мислиш, се надевам ти помогнав.
Тоа беше иронично прашање. Доктор не треба да ти кжува дали си убава или не, туку дали имаш медицинска потешкотија. Искрено, јас би ја сменила докторката. Не ме сфаќај погрешно, но твојот пристап за "слабеење" е погрешен без основни анализи и анамнеза. Можеш колку диети сакаш да држиш и сенешто од исхрана да исфрлиш, но ако не е медицински оправдано, нема да ти помогне да го решиш проблемот, дури и ако ти помогне да ослабеш. Можеш 30 кила да се направиш, а подуениот стомак да ти остане. Впрочем треба да установиш дали си подуена пошто нешто се случува внатре или затоа што имаш вишок.
@Angie1432 Не бидете буквалисти. Простојат добри и не баш добри јаглехидрати. Доколку има бактерии или паразити или СИБО, истото ќе ѝ го кажат докторите, да се збогува од шеќери, житарици на извесно време. Јас ни компир не јадев, па жива сум и се оправив.
Секако дека тоа е така, ама некои луѓе можат баш буквално да сфатат и да се подложат на крајно рестриктивни диети.
Цело време мислев дека е од дебелина, но уствари од многу јадење благо и пржаници. Благото и пржаниците многу го "дуат" стомакот. Избегнувајте благо и пржаници и јадете ги многу ретко. Јас без благо и пржаници бев цела седмица и добив неверојатно добри резултати. Добро не баш рамно до даска, но сепак има резултати. Повеќе здрава храна и физичка активност. Поздравче.
Аа да да. Најбитното заборавив да го кажам. Благо, пржаници и леб отфрлив и неверојатни резултати имам. Се надевам бев од корист. Поздравче.
Како тоа леб никако?! Ако зборуваш за лебот од продавница секако дека таму нема ништо хранливо посебно во белиот леб, меѓутоа има милион начини да се направи интегрален леб со семки кои се доста хранливи и здрави притоа не дебелеат, јас многу често јадам таков леб па не сум применила да се здебелам. Леб мора да се јаде.