1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до рамен стомак?

Дискусија во 'Фитнес' започната од CutieDoll, 9 јули 2010.

  1. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Toчно, лебот е клучен во секојдневието, домашен леб без брашно од разни мелени семки е секогаш добредојден. :sun:
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Реално, ние сме дебели затоа што сѐ што јадеме е купечко и затоа што колку повеќе индустриски произведена храна јадеме, толку поголема и посилна зависноста, хемијата во мозокот се менува, како дрога. Мене на пример ми беше полесно да исфрлам од исхрана сѐ што ми прави проблем (сите јх, благо, млеко и млечни) отколку да се обидувам да најдам "соодветна замена" како на пример, леб од ленено семе, што не може ни да му се приближи по вкус на белиот леб, особено на домашно месениот. Откако не најдов добра (по вкус) замена за леб, едноставно не го јадам и крај на прикаската. Јадам еднаш/двапати пица со сите нишани и тоа ми е доволно. Така што мислам дека леб не мора да се јаде, леб без брашно без ова без она едноставно не е леб, замена за леб е, но не е леб. И уште една работа, Италијанците на пример исто како и ние, јадат тестенини и леб, но не се дебели. Јадат бел леб. Во Италија, особено на југот, многу тешко може да се најдат заменски лебови, одбиваат да ги јадат затоа што лебот им е традиција. Клучот е во количината и во квалитетот на суровините кои се користат да се направи лебот.
     
    На Снегулк@23, Tanjamm и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  3. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Женски
    И самата кажуваш дека 80% во продавниците се продава ѓубре од храна ама не би ги сменила истите за некои попаметни работи. Јас леб јадам буквално и со проја, секако дека некои производи не може да се заменат ама тоа се е навика, кој како е навикнат а повеќето јадеме и не размислуваме што јадеме, бидејќи најтешко е да се размислува, битно да се најаде човек, се е навика, не значи дека ако си навикната да јадеш само такви производи леб не треба да се користи.
     
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не ми е попаметно да користам заменски производи, мене лично попаметно ми е едноставно да го исфрлам скроз тоа што ми пречи. Јадам саглам пица еднаш у месец и тоа е тоа, нема што да заменувам со пица со кора од сладок компир или ориз од карфиол или штоидае. Кога користам италијанско брашно за да замесам најобичен леб, ниту се дујам ниту ми пречи. Некој сака или мора да пие млеко од овес, јас не гледам поента во тоа, млеко е од крава и не постои друг производ кој може да го реплицира вкусот. Кога ми пречи, не го пијам.
     
    На Снегулк@23 и AAKG им се допаѓа ова.
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    8.803
    Пол:
    Машки
    Не можам да не прокоментирам пошо се ежам коа некој ќе рече со гордост дека не јаде јаглехидрати. За нивно исфрлање од исхрана за краток временски период ок. Ама за нечин на живот без јаглехидрати и без производи од жито, со среќа нека ви е организмот и здравјето.
    Се надевам дека барем јадете повеќе од два грама протеин по телесна тежина, кога исфрлате јаглехидрати.
    Пошо во спротивно, 40% од масата што ја изгубиле е мускул.
    Стомакот ви изгледа рамен и мислите дека сте слаби и здрави. А всушност сте skinny fat, и најверојатно со повеќе масти отколку кај лице со вишок килограми.
    BTW, пошто јаглехидратите се неопходни за здраво функционирање на мозокот, се надевам дека пиете Б12.

    Премногу фали едукација на темава, а под тоа не се подразбира постови од фејсбук и статии на веб страни, туку медицински и фитнес студии
     
    На DarkStormm, theBride, simoncelicius и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Да допунам вака како еден паталец:D
    Едно време кога бев изгубена во светот на диети и не знаев ама ништо пробував све и свашта и краткотрајно ми годеа помалку јх, ама на подолг рок не.

    Од лани кога повеќе се посветив и на вежбање и на сосем нов режим, пак на потешкиот начин сфатив колку се битни јх. Мислев дека доволно внесувам (немав фобија од нив, само ете мислев таман се) сѐ додека не почнав да колабирам сред тренинг од нагла хипогликемија. Малку по малку покачував нивна количина, па осеќав подобрување.
    И гуд њуз, не накачив масти со тоа, напротив. А сум чоек шо лесно се здебелува.

    Ќе рече некој "таков ми е организмот". Океј ама ова не може буквално на сѐ да се однесува, оти колку и да има различни луѓе, метаболичките процеси се тие кај сите. Освен, не знам кај некои ензимопатии, јаглехидрати едноставно не може да ти штетат. Може да ти штети леб оти имаш интолеранција, а не јх сами по себе.
    Едит - едукација треба и тоа многу. Не е само темава, на десетици други ќе се изначита човек секакви глупости, ќе им кажеш вака не туку вака, тие пак.
    И после "ослабев ама одма вратив" .
    Еепа...
     
    Последна измена: 29 август 2021
    На simoncelicius, AAKG и Ajronmen им се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Секој случај е приказна за себе. Не постои правило без исклучок. Добар дел од животот избегнувам јх, затоа што ми пречат, значи од медицински причини, бивш пливач сум и не сум губела мускул. И секако, доктор нутриционист ми кажува што да правам, а фитнес тренери не пратам.
     
  8. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    8.803
    Пол:
    Машки
    Ок, супер што се објасни.
    Можеби во друга прилика би можела да кажеш дека си исклучок и приказна за себе, и дека имаш медицински причини.
    Со тоа нема да зезнеш живот на лице со здрав организам, бидејќи, хеј, сите читаат.

    Убаво дека следиш нутриционист.
    А што се однесува до фитнесот, сеедно ми е дали следиш фитнес тренери или не, ама ако ѕирнеш горе, темава е во категоријата фитнес.
    Така да...
     
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ако си прочитал мои други мислења, освен тоа едно врз основа на кое си извлекол многу погрешни заклучоци за мене, ќе си ги нашол и тие податоци. Во однос на "зезнување нечиј живот", озбилно. Ова е анонимен форум и без разлика на темата, не е место каде што некој треба да прибира нутриционистички совети. Да беше така, требаше да има модератор нутриционист кој ќе ги брише мислењата кои се спротивни на науката и медицината. Многу озбилно си го сфатил очигледно твојот профил на анонимен форум.
     
    На Sugar Ray му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.359
    Во македонија единствен нутриционист е александар стоименов и воедно доктор кој има долгогодишно искуство и кој има топ форма а сите останати без ниту еден натпревар неможи да се наречат нутриционисти со стомакот до колена и форма никаква. На денешно време секој втор е нутриционист а прашајго за кортико стероиди појма немат.
     
    На Снегулк@23, Ajronmen и do-re-mi им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Јас не живеам во Македонија, не ги познавам докторите. Верувам дека има добри во својата струка. А дека има многу кревачи на тегови со многу прочитани студии и книги, има. Све експерт до експерт.
     
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    8.803
    Пол:
    Машки
    Без разлика дали е анонимно или не, правото да збориш/пишуваш јавно со себе носи и одговорност.
    За нутриционистички совети не се замарам многу, особено не тука, бидејќи за тоа си има посебна категорија, Диети.
    Таму има и тема за нутриционисти и нутриционизам.
    Така да, овде зборуваме повеќе за фитнес, и исхрана поврзана со вежбањето.
     
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Одговорност најмногу на форумот кој дозволува или не одредени мислења. Доколку биле спротивни на правилата, ќе биле избришани. Не знам што е проблематично во "личен избор". Јас кажувам дека не јадам јх. Други дека не се вакцинираат. Трети дека сакаат групњаци. Четврти дека пушат качак. Петти дека си ги вараат жените. Интернет просторот е преполн со сенешто. Лична одговорност значи и здраворзумски да процениш дали ќе ги следиш сите овие.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Вежбање, потење, внимавање на исхрана
     
    На Ajronmen, theBride и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.884
    Пол:
    Женски
    Најпрво и најбитно е намалување на храна.
    Потоа, генетските предиспозиции за каде најмногу ќе се таложи салото, кај некои луѓе тоа е абдомен.Трето да се разграничи да не постои некоја храна што предизвикува надуеност, т.е да не постои одредена интолеранција.Не помалку битно е и хормоните(особено кортизол) да се во ред.
    Вежбањето да не речам ич не е битно, а имам приметено дека сите се залетуваат со вежби за рамен стомак за да го добијат, што секако е убаво за зајакнување на мускулите ама не може да создадат рамен стомак.
     
    На Kikiriki345, Tan4ence и Ajronmen им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Колку само влијае вежбањето, јас цел живот јадам што сакам и мрсно и секакво, а имам фул сикс пак од вежбање и тоа солидно вежбање.Влијаат и генетиката и исхраната и вежбањето/начинот на живот.Јас пример пред да почнам да вежбам имав мев доле мал од пиење... и кога почнав го стопив скроз.Со вежбање намалив 9цм обем на струк.
    Види колку имам промена за една година и 10 месеци.
    Првава слика е август 2020 пред да почнам да вежбам (пред тоа исто вежбав до јуни негде али баталив и се запустив)
    2020 .jpg

    Вторава е од пред 5 мин
    246816598_614465856401792_4192951924095159996_n.jpg
     
    На blackpanter и Ajronmen им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.884
    Пол:
    Женски
    Ама биохемиски процесите на топење на сало се тие, не се менуваат од лично искуство...тоа што вежбаш ти предизвикала може мала хипертрофија на мускулите и секако само по себе вежбањето го забрзува метаболизмот, ама за да добиеш рамен стомак не се неопходни и вежби.Го кажувам ова секако не за да им речам на жениве тука да не вежбаат :D, туку дека прво и основно има други работи, потоа доаѓа вежбањето, со цел да не бидат разочарани.

    Инаку, можеби јадеш мрсно и фаст фуд ама ако вкупниот дневен калориски внес ти е во нормала нема да се здебелиш.И пак ќе кажам, пребитно е и каде најпрво се таложи салото.Тоа е генетски детерминирано и на пример ако најлесно се дебелееш на стомак најтешко и ќе го симнеш, и обратно.

    Инаку секако браво за резултатите, топ тело си добила, ама мислам дека некои работи треба да се разјаснуваат.
     
    На SunnyGirl2, Annath, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Затоа најдобро вежбање + исхрана да се изрегулирани.:wasntme:
     
    На Annath и Angie1432 им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    @Feminka22
    @Angie1432 е во право за кортизолот (да додадам и адреналин), кај мене беше клучен тој стресор фактор, да се заокруглам во средишниот дел.
    Јаглехидрати и шеќери се побитни да се сведат на минимум, масти се ок, секако ова не важи за џанк фуд, туку за нормална храна или таа што секојдневно си ја спремаме дома. Кој до каде сака да стигне со резултати, ама за да се вратам во нормала кај мене доволно беше да почнам да пешачам и да пливам (нередовно, ама дај шта даш). Кортизолот дефинитивно се покажа како гејмчејнџер. Да си знаете, ако постои сомнеж некаков, може да си проверите.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Мене дури испод ми е мислам.Не бројам колку калории внесувам само гледам да е што повеќе.
    Али те сфаќам што сакаш да кажеш.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.