1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до рамен стомак?

Дискусија во 'Фитнес' започната од CutieDoll, 9 јули 2010.

  1. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    Немам искуство и преголемо професионално знаење, но сакам да прашам, дали е возможно да го затегнам телото барем 50%, особено стомакот доколку правам вежби од Јутуб? :?:
    Моментално не можам во теретана, туку дома да вежбам.
    Немам вишок килограми за слабеење, само сакам да се затегнам. Во однос на храната, се хранам исклучиво домашно приготвена храна која 95% од времето е печена или варена и секако внесувам доволно течности.
     
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    36.031
    Пол:
    Женски
    Можеш, зошто да не.
    Или пријави се на Dance Cardio 2 кај Ана Стојанова 790 ден онлајн.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.359
    Можиш секако. За стомачни не се потребни посебни справи.
     
    На Ajronmen и Polyincognito им се допаѓа ова.
  4. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    8.803
    Пол:
    Машки
    Стомачни вежби и трчање (џогирање).
    Ако немаш вишок килограми, ќе имаш стомачни за 3 месеци.
     
    На mal.ecka, Tea678 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Имате мал милион вежби на Јутуб, и јас така правам.
    Сама дома си вежбам, немам време за во теретана.
    И имам веќе формирани одамна, само сега имаат и слој салце дека се угоив аххахаха.
    Сеа и ја пак ќе се загревам да си го вратам шредот.

    https://www.marieclaire.co.uk/life/health-fitness/flat-stomach-foods-10-to-eat-now-96091
    https://loseweightbyeating.com/how-to-lose-belly-fat-fast/
    Ај кажете и вие некој тип
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theBride

    theBride Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски

    https://chloeting.com/program/2020/hourglass-program

    - Одлична програма за затегнување. Ако немаш вишoк килограми, не ти е потребно кардио. Земи си ластици и вежбај со Клои :)
    Исто така, внесувај доволно протеини. Good luck
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.095
    имам слушнато дека јаже помага за стомак....
     
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ivana-Iva.94

    Ivana-Iva.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали да пишам во групата или не, не знам ни дали е соодветна групава за ова мене што ме мачи ама си реков ајде може ке се најде, ке знае некој да ме посоветува. Висока сум 165 цм и 55 кг, онака сум слаба меѓутоа имам малку вишок околу стомакот и никако тоа вишокот не сака да исчезне:|. Кога и да почнам со диети све друго ќе почне да се намалува меѓутоа стомакот и спојлерчињата си стојат. А ја несакам друго ништо да ми слабее освен тој дел околу половината. Почнав во домашни услови да правам вежби за тој дел ама сега за сега не гледам некои подобрувања. Би замолила ако знае некој или ако некој има ваков проблем да ме посоветува околу тоа.
     
    На Sugar Ray и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. theBride

    theBride Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Какви диети? И дали имаш физичка активност?
     
  10. Ivana-Iva.94

    Ivana-Iva.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Конкретно ја имам држано на жан митрев и УН диета. Сега не држам диета ама избегнувам благо и тестенини, а леб јадам по едно парче дневно интегрален леб. После 19 часот гледам да не јадам ништо, само течности внесувам. Физичка активност немам, освен трчанката околу двете деца :) и работа околу домаќинството.
     
    На theBride му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.359
    Од старт имаш 3 големи грешки
    Ун диета
    Жан митрев диета(која не е пишана од него)
    Нејадам после 19 часот.
    Зошто Ун диета кога имаш само скини фет ито околу струкот? Таја диета е за тие шо имат преку 80-90кг нездрава диета да скинат некое кило.
    Жан митрев и сам најави дека диетата која шири на интернет не е негова и дека тој диети дава само на пациенти негови со клиничка слика.
    Прескокнување оброк нема да ти дај подобри резултати. Тоа е мит дека ако јадеш после 8 или после 9 часот дека ќе се дебелееш. Не е битно колку јадиш туку битно е шо јадиш. Дали внесуваш доволно протеини? Тие се најбитни за додавање и зајакнување на мускулно ткиво. Навечер се јади здрави масти со протеини. Пример риба, бело сирење, млеко, јогурд. Или веј протеин со грчки јогурд и една рака орев или кикири.
    Почни да внесуваш по 1.5 грама протеин на дневно ниво и ќе видиш разлика.
     
    На Stark, Ivana-Iva.94, theBride и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    8.803
    Пол:
    Машки
    Со изолациони вежби можеш да вежбаш одредена мускулна група да порасне.
    Не можеш да таргетираш сало.
    Телото генетски си одредува по кој редослед ќе го топи салото, во превод, не можеш да ослабеш само на едно место.
     
    На Sugar Ray, Ivana-Iva.94 и theBride им се допаѓа ова.
  13. theBride

    theBride Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со AAKG во врска со диетите. Општо сум премногу против диети и нагли ограничувања, пошто само несреќна ќе те направат и ќе имаш "јојо" ефект на крај. Океј е што имаш прекинато благо да јадеш (претпоставувам чоколади и слично), меѓутоа на телото му треба шеќер и истите замени ги пример со урми, црно чоколадо, секако во нормална количина.
    Внесувај доволно и труди се во секој оброк да имаш протеини. Исто така, многу зеленчук. Мнооогу е битен правилен начин на исхрана.

    Убаво би било доколку имаш време да вежбаш. Пратив погоре една девојка, се снима и постира на youtube, има и програми направено. По пола саат, 40мин. на ден и е еден тренинг. Има многу ко неа што можеш да најдеш на youtube, па и на instagram, да се инспирираш и да ги научиш вежбите на почеток. После некое време сама ќе си вежбаш :))
     
    На Ivana-Iva.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    кажете као да го стопам стомаков
    коа седам осеќам дека имам, а најадена да не зборам.Знам дека е нормално, не ме карајте, ама летоска бев со вр ше на.Имав прејак шред, сеа некако се` ми иде во стомак како и секогаш, ама нешто не чини
    Зајакнав вежби,прво правам цело време различни, второ работам со тегови на нозете, и џабе ;(;(
    гз, нозе супер, нозете ми се џам, мускул фул, гзот се праи полека
    ама стомаков сакам да ми е како шо ми беше.Ако мавам многу кардио ќе изгубам на тежина
    Гледам и јас од Клои вежби, цело време со нив вежбам..
    едино да лежам цело време, и до психата ми е.Моиве ми викаат дека сум забегала :wasntme:
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.359
    Спрема сликите што ги имаше објавено во моментална физичка состојба, стомакот ти е ок. Продолжи си истиот начин на тренинг,ти треба подолг временски период за да добиеш подобра форма. Зголемиго малку дневниот внес на протеини за 20гр. и следи напредок.
     
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Година ипол вежбам чоек
    До кога :rofl:
    Ау ќе пробам..така две дозерки ќе треба
    А сеа неам пиено од неделата ;(
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.359
    Едноставно мораш. :sweat: Ќе ти се исплати трудот. Пробај малку и со поголема тежина да правиш стомачни. Сепак голема улога игра и дневниот внес на протеини. Едно протеински смути со мраз пред легнување ти е одличен оброк за опоравак :)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Ставам по 6кг на нога чоек
    Ама сеа иам за учење и од 25ти навака не вежбам ден за ден.Пример од петокот навака, денес и вчера по 40 мин вежбав, завчера не, пон не памтам..
    Неделата да
    И јадам многи тесто и мрсно
    Ми се плаче
    Сеа тоа зборам со една членка мора да се соберам
    Сакам шред ко летоска
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    А што е финтата со протеинот? Како всушност помага за топење масти? Гледам и тука и погоре кај девојката советуваш зголемен внес на протеини.
    Ме интеррсира затоа што речеси и да не јадам протеини од животинско потекло, од суплементи па ич…

    Инаку на темата, да ве замолам за совети за намалување на lower belly fat, многу тешко ми оди…
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.884
    Пол:
    Женски
    Протеините при разградба и апсорпција "трошат" повеќе енергија и на тој начин и малку се забрзува метаболизмот.Плус подолго време си сита после оброк богат со протеини.
    Ако ти оди тешко значи дека таму најмногу и најлесно ти се складираат масти. Ништо посебно не можеш да направиш, ќе слабееш и кога тогаш ќе ослабне. Ама нормално не значи тоа дека треба да се направиш скелет само за да ти биде рамен долниот дел од стомакот.
     
    На Sugar Ray, Feminka22 и Avery им се допаѓа ова.