Како до рамен стомак?

Дискусија во 'Фитнес' започната од CutieDoll, 9 јули 2010.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.772
    Допаѓања:
    40.566
    Пол:
    Женски
    Единствен редослед што постои е дека побрзо се губат висцерални масти а потоа субкутани. Што е спротивно на тоа ти што го зборуваш. Другото - дали прво ќе ти се примети ослабнат струк или раце е работа на генетика и хормони и секој легитимен извор ќе ти го потврди ова.
    Примени си го својот совет и отвори гугл, книга, што сакаш наместо да се инатиш за џабе.

    Жените имаат повеќе масно ткиво точно, не е точно дека кај сите е складиран најмногу во стомакот туку е повторно индивидуална работа и доволен е еден поглед на светот околу тебе.
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    8.725
    Пол:
    Женски
    Не сите складираат масти и слабеат по ист редослед. Јас најбрзо слабеам во стомакот и струкот, а поспоро во нозете. Складирањето на масти на стомакот многу пати е и хормонски поврзано, па не е доволно само диета или вежбање.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    Килажа намалувам обем исто ама стомакот ми е како растегната вреќа. Абе има ли некоја мајка која после пораѓај заличела на човек? Или да не се надевам на тело повеќе?
     
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Зависи каква ти е ситуацијата. Дали е сало во прашање, растегната кожа, дијастаза, комбинирано, итн.
    Јас од бременоста имам разлабавени ѕидови на абдоменот, разлабавен пупак, дијастаза од пупакот надоле и вишок/растегната кожа во пределот под пупакот. Сето тоа може да се среди само со пластична која кошта 90.000 денари на државно, односно го наплаќаат приватно.

    Ако е сало во прашање, и те како можеш да го средиш со добра исхрана и физичка активност.
     
    На marchi-cool и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека е дијастаза и малку растегната кожа во комбинација со еден тон сало. Има скоро 5 год од пораѓајот. Почнав од денес со вежби препорачани за дијастаза па ќе видиме
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    8.391
    Пол:
    Машки
    И крупен човек кога ќе ослаби, после стомакот муе како вреќа, кожата е провисната.
    Само со тренинг се решава и внимавање на исхраната. Ама стомакот и не треба да го загрижува никој посебно. Сета вишок енергија од храната најлесно и најбрзо се складира во стомакот и затоа најмногу масти и липиди се наоѓаат тука. И да ослабиш или вие како после пораѓај, вишокот на кожа бара интезивен тренинг за стомак. Во теретана сите шо вежбаат, набилдани, ама сите со стомаци зошто јадат и ставаат маса, ретко кој оди на дефиниција. Битно е преку алишта да не се познава многу, кога ќе почни е тогаш е проблем, иначе не треба да загрижува зошто е како резервоар еден вид на сета вишок енергија. За рамен стомак, за да нема ни кожа ни сало, интезивни тренинзи за стомак, кардио, и пазење на исхрана, нема џанк фуд, храна со многу шеќери и јаглехидрати и храна со многу заситени масти, повеќе храна со протеини, здрави масти и зелени салати.
     
    На BeMyFriend и marchi-cool им се допаѓа ова.