Спојлери...? За нив е најдобро да правиш од страничните стомачни. Легната на едната страна, главата ја држиш со едната рака потпрена на подот со лактот, а другата ти доаѓа над глава и се креваш нагоре во страна. Нозете може да ти бидат собрани во колената.
пробај со вртење хулахоп. јас немам некој голем проблем со спојлерите ама сум приметила во оние периоди кога почесто вртам хулахоп ми се затегнува не само страничниот дел туку и стомкот. Може да е кај секој различно но мене хулахопот многу ми помага, пробај сигурна сум дека ке бидеш задоволна. А и интересно е, јас обично ќе си застанам пред телевизор и си вртам
Потврдувам, јас сум хулахоп фрик, вртам во секој слободен момент по дома Шала на страна хулахопот е одличен. Се затегнува целиот стомак, не само странично. Исто така тие страничните вежби - легнуваш на грби, ги подвиткуваш нозете и ги „џиткаш“ на страна и правиш наизменично стомачни на едната па на другата страна. И сепак и сеуште помага трчањето, дури и за спојлерите. А крај краева, па мали спојлерчиња не се на одмет, да може дечкото да те зграпчи за нив
1. Тренирање "Стомачните" се најпознатите вежби за тренирање на стомачните мускули. Многу жени ги прават, но од нив нема некои поголеми резултати. причината за тоа е што само "стомачните" не се доволни. Тие ќе ги зајакнат вашите стомачни мускули, но потребно е да ги стопите и масните наслаги. Тоа ќе го постигнете со тренингот на издржливоста, односно со оној тренинг на кој здраво ќе се испотите со скокање. Возењето на велосипед, трчањето, пливањето или оние аеробик групи чија основа е танцувањето, се идеален избор. Вежбајте го тренингот на издржливоста минимално три пати дневно во времетраење од 20 до 60 минути. Со овој вид на тренинг потребно е да се комбинираат и популарните "стомачни". За рамен стомак многу ќе ви помогнат и јога и пилатес. Стручњаците нагласуваат дека освен тренирањето потребно е што повеќе да се движите. Заборавете на лифтот, користете ги степениците, шетајте и поминувајте го времето во движење, наместо во седење пред TV на каучот. 2. Масажа Подрачјето на стомакот ги складира масните наслаги бидејќи не е доволно снабдено со крв. Тоа можете да го приметите кога после напорниот тренинг, подрачјето на стомакот е поладно од остатокот на загреаното тело. Масажите можат да ја потикнат прокрвеноста. Користете масло за масажа (посебно добри се оние специјалните за борба против целулит) и вмасирајте го на подрачјето на стомакот. После тоа со помош на палецот, показалецот и средниот прст штипајте ја кожата се додека не ја потикнете прокрвеноста. На крај со дланките, со кружни движења во смер на стрелките од часовникот, масирајте го стомакот. Колку почесто го масирате стомакот, толку подобро. За време на туширањето можете да користите специјална груба ракавица за масажа. По туширањето, задолжително нанесете лосион или млеко за тело. 3. Исхрана Ако сакате да се ослободите од наслагите на вашиот стомак, секако дека треба да внимавате на исхраната. Треба да внесувате помалку калории, отколку што потрошувате. Ако поголем дел во текот на денот седите, ќе потрошите 2000 калории. За да биде видливо дејството, треба да внесете 1500 калории дневно. Стручњаците нагласуваат дека е многу важно зголеменото внесување на течности. исто така, јадете повеќе пати мали оброци. Избегнувајте ги порциите. Жвакајте го секој залак и давајте си време. Изразениот стомак не е секогаш проблем на масните наслаги, туку може да се работи за надуеност. Во тој случај мора да го промените начинот на исхрана. Веројатно е дека не поднесувате некои состојки кои ги има во намирниците, како што се лактозата и фруктозата. Истражувајте сами што точно е тоа што ви прави надуеност. После секое јадење набљудувајте ја реакцијата на својот стомак. Ако сакате равен стомак, тогаш таквите намирници исфрлете ги од вашата исхрана или намалете го нивното внесување. Избегнувајте го или намалете го внесувањето на готови јадења, грав, топол леб, алкохол, газирани пијалаци и слатки. Префрлете се на лесно сварлива храна, како готвен зеленчук, бело месо (пилешко или рибино), маслиново масло и интегрален ориз.
Јас се согласувам со тоа за хулахопот инаку треба голема упорност добра исхрана стомацни вежби како и трчање
Пред две недели почнав да ги вежбам овие вежби http://www.bidifit.com.mk/index.asp?tn= ... 142&c=8657. Ги вежбам три пати дневно. Има одредени резултати, но сепак не сум многу задоволна. Се надевам дека ќе ви помогнат .
И јас сум заборавила, џабе го мкнев од магацин бев шампион во вртење на колена, а сега не може ни да ми застане. Море до него е глуп хулахоп!!! Сериозно, се напнав, манете тоа па и во двор ги праев експедициите. Срамотилаци али сакаш. А најголем вишок имам кај стомакот. Бууу ступид мешко !
Стомачни(не 30-40 дневно,туку 300-400,само постепено) + трчање,јаже или Орбитрек.И намален внес на нездрави,калорични продукти.Без алкохол и сл.
Зумбата многу помага стварно! Скалпт енд тоун видеото поготово. За неколку недели рамен ќе го напраите навистина !
Здраво девојки ЗУМБА доста јака работа, само треба ептен редовно да се иде, и да се биде максимално амбициозен, резултати има сигурно...
by the way јас барам помош, дали некој вежба на орбитрек во домашни услови? Колку време вежбате..мислам минути часови?? и за колку време резултати?
Еве и јас сум за 2 недели на одмор па ми текна стомачево да го зацврстам . Не дека е којзнае колку големо ама и да е минијатурно јас ќе сакам да го снема . Претходните два дена праев некои комбинации на вежби а денес малку "истражував" на You Tube и ги најдов: тадададам The Beach Bums . Стварно се добри се осеќа после вежбите дека мускулите на стомакот се стварно активирани. Иначе што се однесува до исхраната го исфлив лебот, насабајле си јадам мешавина од тие снегулките, пијам многу течности, зелен чај и чај од магдонос (ги мешам зашто неможам да го поднесам магдоносот) и гледам да не јадам многу благо. Паа ќе ви пишам резултати, чекајте ме за 2 недели . И еве ви линк од Да Бич Бамс ако сакате да пробате http://www.youtube.com/watch?v=qdTvtua7 ... ure=relmfu
Najprvo izvinete za latinicata.Inace,i jas sum opsednat so stomakot,i sum masko,cvrst mi e premnogu,isto taka i mi se poznavaat stomacnite,gornite povekje,srednite mi zirkaat,no ne se poznavaat bas,gi pravam povekje od godina i prvo i osnovno e deka ne treba da se otkazuvate,zosto site imame razlicno telo i razlicna krvna grupa i razlicen digestiven sistem i slicno,site krvni grupi imaat razlicna stomacna kiselina,pa zatoa ne im se vari na site isto hranata.Jas imam isto taka mal problem so obduenosta na stomakot,i taa kolku sto sum zapoznaen e od losata ishrana,ne mislam na losata hrana,tuku na losiot nacin na vnesuvanje na taa hrana,znaci,treba stomakot da ne se preoptovaruva so jadenje,t.e da ne se prejaduvate,zosto stomacniot zid popusta i dobiva takva forma stomakot,isto taka voda se pie 2h posle jadenje,treba da se praktikuva da se jade pomali kolicini hrana,no povekje obroci vo tekot na denot,izbegnuvanje gazirani pijalaci,mastiki,leb(osobeno bel) i testenini,voda da se pie dosta,toa e dobro za cistenje od masnoto tkivo,no da se pie postepeno,ne ako treba denes 2 litri da ispiete,da gi ispiete vie naednas i stomakot povtorno da se nadue,inace,kolicinata na voda sto treba da se vnese vo organizmot,kaj sekoj e razlicna,za da presmetate kolku voda vi treba dnevno,ima edna prosta formula,se pie 1litar voda,na 25 kilogrami,ako imate 50kg,togas treba 2 litri dnevno,i taka,i znaci ako sakate da go dobiete toj ramen stomak,treba stomacni i ne treba da se prejaduvate,na toj nacin stomacnite ke vi se vratat vo poranesnata sostojba so tekot na vezbanjeto,i zapomnete,ako kaj nekoj se javil pozitiven efekt za brzo vreme,neznaci deka i vie za brzo vreme ke go sredite toj problem,kaj nekoi lugje treba mnogu povekje rabota!Pozz