Тереса, кардиоваскуларни вежби ти се сите оние што го забрзуваат метаболизмот привремено (додека вежбас и саат време после тоа) и се најпогодни за слабеење. Во нив спаѓаат пешачење, трчање, возење велосипед, вежбање на статичен велосипед или на елиптична справа (орбитрек) исл. Значи секоја активност која е без тренинг со тежини спаѓа во кардиоваскуларни вежби или аеробни. Вежбите на аеробик, зумба исто спаѓаат во оваа група.
Јас се преморувам дури до 12 та мин од трчањето.... уфф... а имам само 52 кг.. не да сум мн дебела него сакам стомакот да си го ослабам -.-
probaj so hula hop,jas vrtam 30 min sekoj den veke podolgo vreme i poznatite spojleri ili ljubovni pernicinja ivceznaa a stomakot mozam da kazam deka sega mi e ramen [mod-kirilica:3j3og1nf][/mod-kirilica:3j3og1nf]
Проблемот е што никогаш неможиш да влијаеш само на делот што ти сакаш. Ќе ослабиш целосно, не само на стомак. Ако си слаба во другите делови, лошо ќе е да доослабиш. Неможиме да го програмираме телово да слабее одреден дел (за жал ). Кардиоваскуларните вежби се најефикасни за слабеење, ама кај тебе ако има малку вишок само на стомак, пробај поинаку да го стопиш, повеќе вежби насочени на стомачниот дел, не се префорсирувај со трчање.
Ја сум слаба на другите делови од телото само стомак имам, не многу.. малку така перничиња хахаа не ми е многу голем хх.. Сакам да го затегнам ама тешко ми оди топењето на тоа сало на стомакот -.-
Jas sakam da slusnam i vase mislenje, kolku jas bi mozela da oslabnam ako 3 meseci eprekinato trcam po 1h na den.? a mi trebaat da oslabnam okolu9/10kg ? Pozdrav
Искусните британски фитнес-тренери Аманда Урсел и Ники Ватермен направиле одличен план како за само 5 дена да добиете рамен стомак. Темел на оваа рутина се неколку совети, а за сите оние кои ќе се придржуваат до нив, резултатите се загарантирани.Доколку се чувствувате тешко и надуено, а се грижите како ќе изгледате во новата облека специјално купена за некој настан, вистинско време е да се посветите на создавање здрави прехранбени навики. Положба и џвакање Главен фактор е да сте седнати додека јадете и да џвакате пополека со затворена уста. Што подолго трае џвакањето на еден залак, толку помалку ќе јадете. Избегнувајте сокови и пијалаци Засладените овошни сокови, засладените минерални води и газираните пијалаци се богати со калории и го дујат стомакот. Затоа практикувајте да пиете само вода кога сте жедни. Избегнувајте вештачки засладувачи Вештачките засладувачи кои содржат сорбитол, манитол и лактитол, се варат во цревата на стомакот каде што голем број бактерии се хранат со нив. Поради тоа абдоменот и цревата создаваат дополнителни гасови кои го отежнуваат варењето на храната. Најдобро е да се користи кафеав шеќер, но во мали количини. Внимавајте на отпорниот скроб По правило скробот е лесен за варење, но постои и скроб кој е отпорен на ензимите за варење на храната. Тој не успева да се апсорбира во тенкото црево, па така несварен поминува во дебелото црево. Поради ваквиот скроб, цревата често се дујат. Овој скроб го има во гравот, бананите, оризот, компирот и печурките. Избегнувајте зеленчук кој дуе Гравот, кромидот и зелката се дел од намирниците кои најмногу го дујат стомакот. Во деновите кога сакате да изгледате совршено, гледајте да ги избегнете. Пијте пробиотици Добрите бактерии од јогуртот, помагаат при варењето на храната да се намали количеството на воздух во цревата, а научниците од универзитетот во Манчестер докажале дека пробиотиците ја намалуваат и надуеноста на стомакот. Намалете со солта Стручњаците тврдат дека ограничувањето на количината на сол која ја внесувате во организмот на само 3 грама дневно, може значително да ја намали подуеноста на стомакот. Солта се врзува со водата и со тоа предизвикува подуеност. Најголемиот дел од количеството на сол, луѓето ја внесуваат преку закуски, чипсови, грицки и слично.
Доколку се чувствувате тешко и надуено, а се грижите како ќе изгледате во новата облека специјално купена за некој настан, вистинско време е да се посветите на создавање здрави прехранбени навики. Положба и џвакање Главен фактор е да сте седнати додека јадете и да џвакате пополека со затворена уста. Што подолго трае џвакањето на еден залак, толку помалку ќе јадете. Избегнувајте сокови и пијалаци Засладените овошни сокови, засладените минерални води и газираните пијалаци се богати со калории и го дујат стомакот. Затоа практикувајте да пиете само вода кога сте жедни. Избегнувајте вештачки засладувачи Вештачките засладувачи кои содржат сорбитол, манитол и лактитол, се варат во цревата на стомакот каде што голем број бактерии се хранат со нив. Поради тоа абдоменот и цревата создаваат дополнителни гасови кои го отежнуваат варењето на храната. Најдобро е да се користи кафеав шеќер, но во мали количини. Внимавајте на отпорниот скроб По правило скробот е лесен за варење, но постои и скроб кој е отпорен на ензимите за варење на храната. Тој не успева да се апсорбира во тенкото црево, па така несварен поминува во дебелото црево. Поради ваквиот скроб, цревата често се дујат. Овој скроб го има во гравот, бананите, оризот, компирот и печурките. Избегнувајте зеленчук кој дуе Гравот, кромидот и зелката се дел од намирниците кои најмногу го дујат стомакот. Во деновите кога сакате да изгледате совршено, гледајте да ги избегнете. Пијте пробиотици Добрите бактерии од јогуртот, помагаат при варењето на храната да се намали количеството на воздух во цревата, а научниците од универзитетот во Манчестер докажале дека пробиотиците ја намалуваат и надуеноста на стомакот. Намалете со солта Стручњаците тврдат дека ограничувањето на количината на сол која ја внесувате во организмот на само 3 грама дневно, може значително да ја намали подуеноста на стомакот. Солта се врзува со водата и со тоа предизвикува подуеност. Најголемиот дел од количеството на сол, луѓето ја внесуваат преку закуски, чипсови, грицки и слично. еве, мислам дека ке ти помогне
Мене ме интересира дали вртењето на хулахоп има видливи резултати? Дали некој има искуство, да го сподели со нас
Со вртење на хулахоп,и скокање на јаже може да се ослаби стомакот? ја стварно многу вежбам,секој ден правам вежби за стомак,ама колку повеќе правам си викам,се подебело изгледам,бидејќи ја порано имав меше,ама сеа имам стомачни со меше -.- значи стомачните благо ми се познаваат,ама салото штрчи!Несакам уште повеќе мускули да ми се направат под салото,гадно изгледа!Што да правам луѓе? ( до 27 јули,морам да си го средам стомаков,тогаш идам на одмор.едноставно спојлери има колку сакаш ехееееее!А сонувам за затегнат и рамен стомак( помага ли вртење хулахоп?
може ама има и подобри варијанти еве ти некои http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 0%BB%D0%B8 ____________________________________________________________ http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 0%B0%D0%BA _______________________________________________________________- http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 0%B0%D0%BA _________________________________________________________________________________ http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 0%BB%D0%B8 ______________________________________________________________ Овие можеш да ги вежбаш секој ден и ке ги покажат резултати .............Испробани се и настварно го покажувааат резултатаот....
Има видливи резултати, ама да вртиш редовно, по половина час, а може и повеќе, ама и да внимаваш на исхраната треба, џабе ти е ако вртиш хулахоп, ако не се храниш здраво.
Дефинитивно. На диета сум и плус вежбам на орбитрејк. Сега да си набавам и хулахоп сакам и да бидам уште поактивна. Фала ти
ИВА мислам дека прво треба да вежбаш вежби да ослабнеш, бидејќи тоа е сало над плочките на стомакот и тие неможат да се претворат во мускули (колку што јас знам) затоа би ти било најдобро да почнеш некои вежби за слабеење и мислам дека вртењто на хулахоп навистина ќе помогне ! СО среќа!
Јас редовно вежбам,ама вежби за слабеење па.. :// за затегнување правам,а за слабеење неможам да најдам.
Eве некои : http://www.youtube.com/watch?v=TmoU3wxO3B8 http://www.youtube.com/watch?v=r_J8btnI ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=KH67tN3- ... ure=fvwrel http://www.youtube.com/watch?v=QUeCQJ_A ... re=related