Како до рамен стомак?

Дискусија во 'Фитнес' започната од CutieDoll, 9 јули 2010.

  1. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Епа ај да се напраам фалбаџика и колку можам да ви помогнам. :P
    До пред половина година имав мешенце. Ма какво мешенце, мев! Е си начекав добри вежби, па без огромно внимавање на исхраната сега имам рамен стомак каков што сакав.
    Девојки, доколку сакате рамен стомак заборавете на газираните сокови, пијте што е можно повеќе вода и свежо цедени сокови (од портокал,лимон и сл).
    Вежбите ги правев од овде http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/фитнес/4-напредни-вежби-за-затегнат-стомак#photo4
    втората и четвртата вежба
    Исто така и оваа вежба е многу корисна:
    Легнете на подот и поставете ги рацете до телото, со дланките кон подот. Започнете да ги кревате двете нозе нагоре (значи дијагонално поставени, под агол од 45степени). Внимавајте двете нозе постојано да ви се исправени. Оваа вежба повторете ја 10 пати во 2 серии доколку сте почетници, а доколку вежбате подолго време, 25 пати во 2-3 серии.
    Во летниве денови, често јадете салати, а и избегнувајте мрсна храна. Ем е тешка за ова жешко време, ем ќе влијае на линијата :D
    За оние кои немаат баш слободно време, па неможат да издвојат повеќе од 2 дена за вежбање во текот на неделата, би им препорачала да си го земат кремот за обликување на тело. Навистина е ефикасен, презадоволна сум
    [​IMG]
    И да не заборавам :!:, не вежбајте секој ден! На телото му е потребен одмор, земајте си еден слободен ден измеѓу деновите за вежбање.
    Пример: ако сте вежбале во понеделникот, одморете во вторник и вежбајте во среда. Ако сте вежбале во среда, вежбајте во петок.
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Батали ги сите вежби и почни да трчаш. Почни полека со паузи и трчај колку што можеш не се форсирај. Така една ендела а потоа продолжи ја релацијата на трчање. За почеток најдобро ти е 2 километра со паузи, па псоле зголеми на 4. Понеси си шишенце вода и пиј многу јогурт за брзо време ќе го снема салото и ќе имаш рамен стомак. Најдобро и најбрзо се постигнува со трчање рамниот стомак, па дури потоа се оформуваат мускулите одкако ќе се стопи салото. Пробај така па очекувам да пишеш резултати за 2-3 недели :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  3. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    Пред една недела јас трчав на кеј,две недели по ред,па престанав незнам зашто.ми се спиело сабајле ваму таму..Ама сега пак сакам да почнам да трчам.А иначе вежби-понеделник,среда,петок,и недела ќе правам вежби за нозе,а вторник,четврток и сабота-стомак :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    зашо не избереш вежби кои се наменети за затргнување и на стомак и на задник(нозе) така кје видиш побрзо ефект.
     
  5. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    може ли некој да ми даде линк од вежби за брзо ослабнувње а во едно зацврстување на телото :)
     
  6. lilybeth

    lilybeth Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
     
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Можеби дека ти е подуен плочките не ти се познаваат зашто е прилично неверојатно со толку стомачни да не се изрецкани мускулите.

    Како си со масно ткиво на стомакот и бутовите, го има или е стопено? Имаш идеја од што ти се подува стомакот?
     
  8. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    јас имам слушнато дека на сабајле на гладен стомак да испиеш две чаши топла вода колку што може потопла или евентуално ако неможеш две една поради што било ептен грозно за пиење,немам лично пробано секогаш заборавам ама планирам здравје утре да пробам да почнам денеска си се најадов и баш заборавив.
     
  9. debela123

    debela123 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    девојки веке две недели возам точак по 2 саати правам по 100 стомачни и скокам на јаже пијам зелен чај и пијам по 2 литри вода ,незнам зошто но јас најпрвин на стомакот слабеам е сеа веке неколку дена го осекам постврднат далеку од тоа дека ке имам рамен стомак бидејки имам вишок на килограми ги осекам ,,стомачните,, што некогаш сим ги имала кога малце ке притиснам на салцето, и сеа како побрзо да се ослободам од салото ?дали мислите со ова физичка активност ке успеам да го симнам салото со ми е на стомакот или не ?

    позздрав
     
  10. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Јас пијам можеби повеќе од 2 литра вода и + зелен чај и на диетата на ирена сум и секој ден вежбам кардио вежби и сотмачни и други вежби 1 ипол недела го држам тој режим само 1 кило сум ослабнета а салото на стомахот никако не ми се намалува :@
     
  11. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.060
    Кога бев во најдобрата форма (сега ми е малце забегана зашто пауза направив поголема од вежбање), стомакот го израмнив со пилатес. Ни јадење пазев ни ништо, пиев вода многу и одев 3 пати неделно на пилатес. Значи рамен стомак, не коцкици и слични глупости, ама рамен. Six pack никогаш не сум имала ниту па сакам.
     
  12. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Рамен стомак можеш да имаш и со многу јадење, али мора ВОДА ДА ПИЕШ НА ДЕН ПО 3Л..
     
  13. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    па пијам вода многу ама нема резултати веќе недела ипол вежбам и сум на здрава исхрана да не есеуште рано за резултати или до сега требаше да се покаже нешто ? :?:
     
  14. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Рано е.. иако јас со вода на ден по 3литри.. и за 4 дена ослабев 4кг..
     
  15. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Да се пофалам :D ми се намали стомакот за рок од 2 недели и ми се оцртуват полека стомачни :D :lol:
     
  16. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Месечева диета + теретана 3 пати неделно + пешачење + мноооооооогу пазење што се јаде и најважното
    1. Без алкохол,
    2. Слатко и
    3. Без инвазија на фрижидерот после полноќ

    :lol:

    И за малку ќе заборавев, мнооооооооооооооогу вода
     
  17. Bad-Mina

    Bad-Mina Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Продолжи да правиш стомачни,и мене ми беше така а сега сум кул
     
  18. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    The.Pink.Angel
    Не само со 2 недели здрава исхрана и вежбање ти ќе имаш рамен стомак.
    Тоа сака трудење и посветување.
    Со тек на време се ќе си добие свој тек. Но немој со тоа да тераш се до моментот кога веќе си задоволна од изгледот на твојот стомак и да прекинеш, пошо пак ќе ти се врати.
    Не го зборувам ова стрикно за тебе, туку општо за сите. ;)
     
  19. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Тоа е девојки,да не го повторувам она што е веќе напишано !
    Вежбање со правилна исхрана,за стомакот тоа оди во пакет. Едно без друго можеби може,ама резултати ќе има после долг временскии период. Ако го намалите само со диета ќе изгледа меко и неубаво.
    Мене стомакот ми беше најголем комплекс од цело тело,цел мој живот додека не си зацртав дека без физичка активност не може да биде рамен во никој случај. Па тоа диети,па не знам какви не третмани,ама до кога? Имаше резултати и после неколку месеци пак исто,лажичка,уште нешто салце под неа и долу стомак :devil:
    Се мразев себе си! Па така си започнав со малку поздрав начин на исхрана и со фитнес. Вежбам 3 -4 пати неделно и еве веќе имам рамен стомак.Немам плочки ,ама цврст е,рамен е, со самото вежбање и струкче си се оформило гледам, тоа спољерите се намалиле. Ќе биде,не се одкажувам. Пред се убаво се чувствувам. Конечно тесни маички да можам на раат да си облечам без оптеретување со мешето :)
    Е сега не дека јас нешто посебно само стомакот го вежбам, вежбам и многу на орбитрек,трчање (брзо одење), возам точак,пешачам....тоа е за малку салцето да се загрее,па после да се топи :P
    Единствено е што знае да се надуе некогаш и тоа ми представува тежина,ама со пиење вода и тоа се регулира!
    Поздрав до сите мешиња и само упорност и време! Кога јас можев да го тргнам мојот најголем комплекс можете и вие! ;)
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ја па сум катастрофа |(
    Ако легнам на плажа да се сончам имам рамен стомак, а ако седнам дипли , бог да чува. Вака да стојам имам стомаче , може не толку големо ама сепак имам и многу ме нервира :|
    Сеа одредено време почнав да вежбам и да правам стомачни и се повеќе ми се намалува , секој кој и да прашав ми препорачуваше вежбање и на ден околу 3 литри вода најмалку .
    Сеа малце му водам инает и не го пуштам да ми се праи цел дипли коа ке седнам, кај и да е до 16 морам да се средам , ако треба и ке го убијам :P ]:)