Јас ти препорачувам да не јадеш мрсна храна,да вежбаш на пр.скокање со јаже,трчање, да правиш стомачни... И пред да јадеш јади лубеница бидејќи лубеницата го подува стомакот и помалку ќе ти се јаде и повеќе обошје и зеленчук!
почнав со стомачни, 2 недели, па направив пауза 10тина дена од хх причини и сега пак продолжувам. Јадам црн леб, намалив количина на јадење, навечер само велнес кексот со житарки, тоа ми е вечера секој ден, кога има месо или компир за ручек не јадам леб. Но ме интересира, газирана вода и сокови? Дали и нив да ги одфрлам?
Обавезно. Диетите не одат со газирани пијалоци во никој случај. Предизвикуваат подуеност во стомакот, добиваш гасови - зависно од организмот и дебелеат.
Можеш газирана вода, мислам дека дотолку не би требало да се ограничуваме. Ама обична вода си е закон за слабеење. Иако не ослабев којзнае колку од пиење вода, секаде се слуша тоа дека треба да се пијат по 8 чаши вода, па не знам 3 литри, па не знам толку количински и така. Газирани сокови- не.
^фала девојки, зошто јас си имам проблем само со стомакот, нозе раце се сум слаба ама широка половина. а си ветив себе си дека додека да се врати дечко ми во Јануари ќе ослабнам. едно 7-8 кила. Ама најважно е стомачето да се тргне.Таму е вишокот.
А густи сокови? Или овие домашните што си ги правиме? Мислам дека не би требало да сметаат, ама сепак да прашам. А водата мене често ми го дуе стомакот, имам забележано, а пијам доста вода, не претерано, ама околу 2 литри, може и нешто повеќе, зависи.
Густите сокови ич не се препорачуваат, содржат многу адитиви и шеќери и не се воопшто здрави. Додека свежо исцеден природен сок може да се пие(земаш јаболко, лубеница, портокал, морков, цедиш и пиеш без шеќер, само со природен шеќер што си го содржат овошките).
Јас за 2 месеци ослабив 10 кила ама стома4ето не се намалува ии страни4ните делови над половината ми се со салце имам 54 кила моментално и пресреќна сум..Ама стома4ето никако не бега и тие страни4ните деловии шо да праваам помош некој??? И ми ослабна апетитот ..
најубаво за стомак и околу половината се ПЛАНК вежбите. за две недели добив презадоволителни резултати. Јас немам проблем со тежината, н сакав да го затегнам стомакот и гумичето околу па почнав да ги правам вежбиве секој ден. неверојатни резултати.
Мафи, по колку секунди издржуваш? И дали мислиш на обичниот и страничниот планк, само тие 2 вежби или има и други некои?
^ Јас знам дека постојат само обичниот и страничниот планк. Вежбите 8 и 9 на линков. http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... %B8#photo8 Првите два-три пати е потешко но се навикнува телото. Јас третиот пат издржав 34 секунди, што мислам дека е задоволително. Само сега треба да каже Мафи дали мисли на истиве вежби..
До денес знаев само за обичните и страничните планк вежби. По коментарот на мафи, и сама се запрашав зошто не ги правам... па истражував малку.. http://www.dailyspark.com/blog.asp?post=14_plank_exercises_for_a_stronger_core Сајтов нуди 14 планк вежби! некои од нив бараат додатоци (топка и сл.) Ќе ги пробам сите,па ќе ви пишам за основниот и страничниот планк... Баш сега ги пробував -на основниот планк издржувам околу 3.30 минути. Знам, преоптимистички делува,ама мене ова навистина ми е едноставно. Проверував дали добро ги правам, и се изгледа во ред...можеби издржливоста се должи на тоа што сум по теретани веќе подолго време... За сметка на тоа, на страничниот планк сум мн послаба, само околу минута ипол...тука морам да се поправам! Читам по нет дека планк-вежбите се едни од нјефикасните за цврсто стомаче... значи од денес ПЛАНК,ПЛАК,ПЛАНК Еве ви линкови :http://www.youtube.com/watch?v=wqzrb67Dwf8 http://www.youtube.com/watch?v=MHQmRINu4jU
јас издржувам околу 30 секунди и правам по 3 серии дневно и тоа само тие две планк вежби. не ти требаат ни стомачни, ниту ништо друго.нормално прво да се загрееш малку па потоа овие две вежби. на 4 саати ги правам. извините што не пишав вчера, не бев во можност да се уклучам. поздрав до сите
^ Јас мислам дека најдобро загревање е со растегнување на мускулите (оние обични вежби кои најчесто се прават на часовите по физичко) или некоја кардио вежба. Супер ми се HIIT кардио вежбите на Фитнес Блендер, и кратките и долгите. Пример овие. http://www.youtube.com/watch?v=hfe6aBM- ... re=g-all-u http://www.youtube.com/watch?v=X1TuhAn6C-g
абе знаеш акко се загревам. пример тргнувам од главата, рамениците, рацете, кичмата, нозете со оние обични вежби порано што сме вежбале (вртење на глава, раменици, клекни стани, допирање на нозете, вртење на на половината и сл) и потоа овие две вежби. поздрав
Јас највеќе ја препорачувам вежбата планк па се друго после. Еден месец веќе вежбам, и не ја пропуштам сеа фала богу ми стана рамен стомакот , вредело да се вежба