1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до свеж изглед на лицето?

Дискусија во 'Лице' започната од BlackSwan070, 27 јули 2011.

  1. BlackSwan070

    BlackSwan070 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Вака имам 15 години ии проблемот е тоа што сите ми велат дека препремногу сум ослабена, мајка ми често ме критикува затоа што сум преслаба и дека многу делувам уморно, а и навистина имам подочници и едноставно немам свежина на лицето, не сакам да се здебелам нагло да започнам да јадам, ама можи некој да ми кажи како до подобар тен на лицето односно свежина, мислам можите да ме разберите :(
     
  2. Gicca

    Gicca Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Mалку помош :/..

    Најдобро е да се обратиш на доктор ...да си ја провериш крвта па ќе ти дадат 100 посто некои витамини да пиеш за зајакнување на имунитет и сл. според мене :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BlackSwan070

    BlackSwan070 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Mалку помош :/..


    Крвта ја проверив со мајка ми бевме на доктор..се ми е супер :D
     
  4. Gicca

    Gicca Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Mалку помош :/..



    Епа ондак зимај витамини што е можно повеќе :)
     
    На BlackSwan070 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BlackSwan070

    BlackSwan070 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Mалку помош :/..

    Па ок, ќе пробам ;)

    Сепак девојќи ако имате др. совети кажете :D ;)
     
    На Gicca му/ѝ се допаѓа ова.
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Mалку помош :/..

    Ако си бледа во лицето, потребно е повеќе да излегуваш на чист воздух, малку и на сонце, ќе видиш како тенот ќе ти се подобри.
    Исхраната и витамините секако имаат огромно значење. Храни се здраво и умерено, не прескокнувај оброци никако. Штом крвта не ти е ослабена мислам дека немаш место за паника. :)
     
    На BlackSwan070 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Многу влијаат и животните навики. Ако пушиш/пиеш, пробај да намалиш. Пиј Б6 витамини (мене многу ми помогнаа за кожата на лицето, имав многу „проѕирна“ и уморна кожа), пиј доволно течности, и нормално излегувај на сонце. :)
     
  8. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Тогаш ти фалат витамини , миенарали , адреналин ....
    Знам имав и јас ваков период на слична возраст тенот ми беше сив :tmi: дури за никаде бре ...
    Земав витамини ... Многу ме креваат оние шумливите на Кругер се раствораат 1 дневно се пие ... Земај поздрава храна нешто што те освежува , започни го денот со овошен сок . Трчај измоти се ако имаш можност излези на некое планинско место , заборави на нет , телефони и тв... Прво најбитно е да се опуштиш , се иде од внатре . Како се чуствуваш таков се и однадвор . Значи полека :)

    За апетит ако веќе сакаш земи се Олиговит ..
     
    На srcekrsacka и BlackSwan070 им се допаѓа ова.
  9. BlackSwan070

    BlackSwan070 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Не, не далеку од тоа не пушам и не пијам ;) фала..:D
     
  10. lalalu556

    lalalu556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Јас обично кога станувам рано наутро го немам посакуваниот свеж изглед.Затоа на очите ако имам подочњаци ставам памук натопен во чај од камилица,така стои 10-15 мин.,а потоа земам обична крпа ја потопувам во жешка вода ја ставам на лицето да отстои,па истата крпа ја потопувам во ладна и ја ставам на лицето.Тоа го повторувам уште еднаш за да биде повеке ефикасно!Тогаш лицето ми е освежено мн. повеќе! :)
     
  11. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Темава ме изнервира.
    Многу ама многу си го мрзам лицево.
    Имам темен тен (сеа, темен..Не многу ама дека бев на одмор) . Имав како нафрлано од прљаво на лицево , па се миев секој ден со асодерм и ми се повлекоа, ама лицево за моиве години ко на баба ми е. Ич не ми е затегнато како што треба, ептен се нервирам :@ . Како подочњаци имам вечно :envy: .
    Ептен се нервирам, витамини секој ден зимам и Б6 и витамин Ц, јадам овошје и се друго со витамини.Али кожава вечно рапава, ух ама ептен ме неривира :^) . Некое чаре за ова?! :worried:
     
  12. Vesna.Spi

    Vesna.Spi Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    добра исхрана избалансирана, никако цигари, легнување пред 12 и добар сон...свежината на лицето мислам дека навистина зависи од ова.
     
  13. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Мила земи една крпа и стави ја под чешма убаво олади ја со вода истискај ја и стави ја лицето држи 2 3 минути и така неколку пати, потоа земи друга стопли ја со пегла и повтори ја постапката на лицето..
    така ќе ти се врати циркулацијата на лицето со сигурност. поздрав :hai:
     
  14. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Додека бев спортист на времето тренерот нон-стоп ми викаше,дека со внесување на витамини и со доволно спиење,се постигнува свеж излед на лицето.И вистина беше така барем кај мене.
     
    На Boomgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Boomgirl

    Boomgirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    25
    Од нагло ослабување може да ти е сто посто бидејќи јас се уште не можам да си ги тргнам подочњаците :( ... пред цетири месеци .. :/
     
  16. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Можеш да правиш маски со лушпа од краставица или да ставиш сок од свежо цеден лимон на памук , да го размачкаш на лицето и да оставиш да поделува петнаесетина минути .
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    за да изгледа една девојка/жена свежо е потребно здрава храна, здрав сон, секако витамини и минерали внесување алкохол, цигари-да се сведат на минимум(по можност да се исфрлат од употреба) и секако редовна нега-под тоа не подразбирам шлапкање со секакви креми, маски, и други козметички производи туку козметика на природна база -а по правило би требало и посета на козметичар на неколку месеци а за домашна употреба според типот на кожата и најважно да биде според ВОЗРАСТА- :!:
    а не 20 годинишни девојки да користат пудри или креми за над 30 затоа што им мирисале убаво, или убаво им ги покривале недостатоците :fubar: -харикирам :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Хари-што :?:
    Срцекршачке, храни се ако сакаш само со јаболка и пиј само зелен чај пак хормоните си го прават своето. Имам братучетка која јадеше исклучиво здрава храна, мајка и инсистираше на тоа, па лицето и беше катастрофа. На природна база крема само ако сама си ја направиш, или маска, да ја употребиш за неколку дена и толку, инаку шипинки ќе ти стои со месеци во плакар ако не на природна база, полна е со конзерванси и адитиви и била природна, жимимајка :P Те читам неколку пати инсистираш на тоа козметика на природна база и козметичар, имам 25 години и лице ко стакло, не сум посетила козметичар, од козметика користам само ББ крем на Гарниер и тоа одвреме навреме, не постојано, го мијам секое сабајле со вода а повремено со некое средство и тоа ептен благо кое ќе ми се најде во близина, моменатлно со еден пилинг од Балеа кој чини 120 денари, што значи теоријата ти паѓа во вода. За разлика од мене, сестра ми иде на чистење на козметичар, употребува средства и пак има одвратни бубулички и црнки кои понекогаш знаат да станат навистина упорни и да не се извадат со денови, што значи теоријата пак ти паѓа во вода.
    И да, не харикираш туку карикираш, претпоставувам :tmi:
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.