Не сум гради експерт али претпоставувам ако се здебелиш мастите ке идат насекаде во телото, така и во градите. Ако мислиш дека си слаба и треба да се поправиш, зошто да не. овој пат пробај го зголеменот количество на храна да вежбаш за да направиш мускул и да изгледаш посилна и по секси. За градите да ги зацврстиш, можеш да ја правиш вежбата бенч прес. Таа вежба ја обично прават мажите за да ги зголемат мускулите на градите, али и ние жените го имама истиот мускул. Така да ако ги вежбаш, можно е да видиш лифт на градите, убав лифт. Еве како бенч прес изгледа, вежбата со теговите каде што лежам на земја. Движи ги само рацете, не трупот како јас. Јас ги тренирам сите мускули со оваа вежба али само за градите, ти го прави движењете со рацете. http://www.youtube.com/watch?v=0xyCCOjXips Мило ми е што ги наоѓате моите совети и вежби помошни. го припремам каналот на македоснки, наскоро ке почне. За почеток, добро си почнала. чучнување, склекови, трчање, скокање јаже и воопшто било какви вежбање 4-5 пати неделно, пола сат е битно. Еве неколку видеа со основни вежби. http://www.youtube.com/watch?v=YQUAOBtlt0s http://www.youtube.com/watch?v=wb6t17GVnPk http://www.youtube.com/watch?v=uCXA7l6F7RI http://www.youtube.com/watch?v=lI6mACgXrok&feature=plcp
Здраво до читателката што ми прати лична порака, знаеш која си Сакав да го напишам моето мислење за сите да го прочитаат затоа што мислам дека ова е премногу важна тема за многу млади девојки. Еве го одговорот наменет лично за неа! Прво што би ти кажала е дека навистина твоите родители се тотално во право што те спречиле тоа што си се изгладнувала. Булимија и анорексија се две различни болести али и двете поврзани со телесната тежина и твојот ум посебно. Анорексија е болест кога твојот ум го гледа твоето тело дебело, иако во реалноста е веке многу слабо. Го знам тоа од мое искуство. Како и да, и двете се многу опасни болести за здравјето и телото, опасни до смрт! Ти со својата височина и тежина спаѓаш во нормалата. Јас сум 170 со 60кг. Мојот совет до тебе ке биде да не држиш веке диети туку да се фокусираш на вежбање и затегнување на телото. На тој начин ке ги стопиш мастите и ке изградиш секси мускул. Исто така, кога имаш мускул на телото, мускулот гори повеке калории од мастите. Така да со повеке мускули во телото ке можеш да јадеш повеке и да не се дебелиш. Адријана Лима, и сите други супермодели се родени со такво тело. Нема нидна манекенка што го има заслужено тоа тело туку им е дадено од роденство. Тие се родени високи, со мали колкови и ептен слаби нозе, и сите од нив имаат силиконски гради! Исто така за да бидеш толку слаб, треба да се изгладнуваш по цел ден. Јас лично, ни една од тие манекенки не ми е инспирација. Во спротивно, тие манекенки се многу лош пример за сите нас нормални луге. Ти можеш да го направиш твоето тело во супер форма со вежбање за многу кратко време. И тоа без изгладнување. Ако ја пребараш темава, ке најдеш листа со јадење кои што се добри и кои што треба да ги избегнуваш. Следи ја таа листа и почни да вежбаш секој ден. Најди нова инспирација, не Адријана Лима.Најди девојка која има постигнато нешто во животот со труд, ум и работа, а не со телото што и е дадено како подарок од раѓање. Замисли го твоето тело како би изгледало кога би било затегнато, силно и здраво. Твоето тело е прекрасно и треба да го сакаш најмногу на свет. Тое е телото кое што ке го имаш засекогаш во живот! Мораш да го прифатиш и да почнеш да градиш и унапредуваш тоа што ти е дадено. Никој не е совршен на свет. Соврешено за секој значи различно. За мене совршено значи силно, моќно, здраво. Јас, како што ти кажав погоре, имав неколку години во животот кога мислев дека не сум доволно слаба и сакав да изгледам како супермодел. Здравјето ми беше катастрофа, умот ми беше уште поголема катастрофа. Сите ми велеа дека сум преслаба, само јас мислев дека не сум слаба доволно. Сега, сум 10 кг повеке од тогаш али моето тело е силно, здраво и не би заменила ни еден сантиметар на него. Сите што ме имаат видено во двете фази, одговорот е дека сега изгледам поубаво од тогаш! ТВОЕТО ТЕЛО ВЕКЕ Е ВО ИДЕАЛНАТА ТЕЖИНА, СЕГА САМО ТРЕБА ДА ГО ЗАТЕГНЕШ И ДА ИЗГРАДИШ МУСКУЛ. ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ АКО ВЕЖБАШ КЕ ВИДИШ РЕЗУЛТАТИ. ВЕЖБАЊЕТО КЕ ТИ ДАДЕ НАЈГОЛЕМАТА САМОУВЕРЕНОСТ НА ЦЕЛИОТ СВЕТ. КОГА КЕ ГО ОСЕКАШ ТЕЛОТО СИЛНО, КЕ ГО ИМАШ НАЈУБАВОТО ЧУВСТВО НА СВЕТ! ТИ ГАРАНТИРАМ ТОА! Се надева ке го земеш мојот совет и за неколу месеци ке видиш дека сум во право! Искрено твоја, Јулијана
Леле премногу си била слаба Разликата е огромна, сега си многууу поубава и како што викаш изгледаш здраво и цврсто. И јас сум околу 170 висока со 60 килограми. Значи да не слабеам повеќе туку да се фрлам на интензивно вежбање да го стопам салцето ?
Јулијана, каква разлика. Сега си бомба, а претходно си била мноооогу слаба браво за успехот уште еднаш Секој ден ја посетувам темава за да се мотивирам 2 недели поминаа откако почнав да вежбам и да трчам, има мали резултати, уште е рано за нешто екстремно ама имам многу енергија и се чувствувам прекрасно и поцврсто од претходно. И како што имаш напишано погоре во некој пост, да научиме некоја вежба плус, е јас тоа го практикувам секоја недела нова вежба плус додавам (исклучиво од твоите вежби уште ги правам BOX JUMPS, во 3-4 серии по 10 пати, но сега на повисоко, како 4ката кај тебе што ја има на видеото Поздрав
Девојки дали некој ги има прбано вежбите http://www.youtube.com/watch?v=vkKCVCZe ... _embedded..Има ли ефекти..дали помагаат?
Што сакаш да постигнеш ? Да ги стопиш мастите на стомакот или немаш масти, туку сакаш само да ги дефинираш стомачните мускули?
Драга Јулијана,последниве 4-5 месеци опсесија ми е изгледот на телото. Мислите секаде и во секое време ми се насочени кон тоа!Имам 56 кг и многу имам желба да скинам барем 4 кг. Е сега, имам голема желба и да вежбам за да ги затегнам нозете,подигнам задникот,и да го израмнам стомакот,но последниве месеци почнувам и се плашам дека нема да има резултат,или пак дека не ги правам правилно вежбите,и ѓабе ми е се.Кога ќе отидам да трчам,бидејќи сум почетник,па изгледа нормално е тоа,се заморувам многу брзо,два круга и прекинувам,се откажувам. Навистина ми е проблем да си најдам мотивација и да се убедам дека ќе има резултати по некое време. Исто така сакам да јадам здрава храна,но наместо тоа, гладувам! Знам дека не треба така и знам дека треба сите тие тестенини да ги претворам во повеќе овошје,зеленчук но - јадам салата насабајле и потоа ми е страв за ручек да јадам на пример грав,што погоре си напишала дека е здраво.И така гладувам.Кога одам во теретана,таму буквално ми е срам да правам вежби со тегови и сл.За на орбитрек таму не ми е срам туку за стомачни и за тие работи.Исто така имам страв дека некои вежби не се ефикасни и ми требаат точно проверените вежби од кои знам дека ќе има резултати. За колку време ти ја постигна таа форма? НАВИСТИНА ТИ СЕ ВООДУШЕВУВАМ НА УПОРНОСТА!МНОГУ МИ Е МИЛО ШТО ТЕ НАЈДОВ,и се надевам дека можеш да ми помогнеш со мојата мака околу стравот за резултатите! П.С - Целосно те подржувам за тоа да направиш страна на македонски!!! Навистина ни е потребно!
Здраво. Да почнам со тоа што рече дека мислиш дека нема да имаш резулатати. Прво, како што самата рече, имаш да изгубуш само 4кг. Тоа е премалку. Според мене, тие 4кг се шега и можеш да ги исзубиш за еден месес многу лесно. Ти треба да бидеш пресрекна што се само 4кг. Има луге што требаат да изгубат 40кг и се повеке позитивни од тебе. Мора да престанеш да мислиш така и да почнеш да мислиш и веруваш дека ке видиш резултату брзо, со едноставно вежбање и правилна исхрана. Тоа е вистината и реалноста. Второ, нема никаква причина да ти биде срам да вежбаш во теретана. Напротив, оди и дај се од себе. Почни да дигаш тегови и се што машките прават, прави и ти. Јас кога одам во теретана ги ставам во срам сите мажи затоа што ги правам секогаш најтешките вежби. Секогаш има некој што ке дојде да ми пристапи и да ме прашува за совет. Мажите ја наогаат многу секси и привлечна, девојка која што не се плаши од тегови. Ти гарантирам тоа. Почни да вежбаш со тегови тешки колку што можеш, 4-5 пати неделно по 30-45 минути. Остави го настрана орбитрек. Почни да скокаш јаже наместо трчање за кардио вежба. Вежбање со тегови е најдобриот и најбрзиот начин да изградиш мускул, да го затегнеш и оформиш телото и да го намалиш масното ткиво. Трето, престани да се обседнуваш со јадењето. Колку помалку јадеш и се изгладнуваш толку полошо за твојот метаболизам. Почни да јадеш секогаш голем доручок, нормален ручек, и обавезно вечера. Да не се повторувам по трет пат, мислам дека имам напишано до каква исхрана треба да се придржуваш. Јас имам играно спорт одсекогаш. Престанав кога отидов на факултет. Додека бев тамѕ не вежбав ништо, и откако дојдов во Америка, 6 годни веке сум секогаш член во теретана и секогаш дигам тегови. Погледни на јутуб, CROSS FIT. Тоа е дигање на тегови секој ден. И јас го вежбав тоа 4-5 месеци секој ден. Сега го вежбам 1 неделно. Ако ги поглендеш моите видеа на јутуб, ке најдш стотина различни вежби.Имам повеке од 150 видеа со различни вежби и сите се ефикасни и добрие. Почну да ги правиш тие што можеш. битно е да вежбаш 4-5 пати неделно по 30 минути. Јади здрава исхрана, и резултатите ке ги видиш за многу кратко време. Почни уште денес, немој да чекаш утре, и овој месец немој да мислиш на ништо друго тукѕ на твојот распоред. СEKOJ ден вежбање, и јади нормално. Заборави на срам, страв и неуспех. Ако се заморуваш брзо со вежбање, тоа е нормално затоа што твоето тело е слабо и немаш кондиција. Немој да се откажуваш, одмори 1-2 минути и пак вежбај колку што можеш. Мораш да завршиш 30 минути сесија. Еве некои вежби да почнеш. Склекови, скокови, чучнувања, посебно вежбата во последното видеа е феноменална за целото тело. Јас,како што гледаш направив 100 повторувња. Мораш да го предизвикаш своето тело, и секако дека е тешко и боли, тешко е и за мене, али ако сакаш да бидеш задоволна со телото, мораш да му посветиш некакво внимание. http://www.youtube.com/watch?v=lbCdKb5Vieo&feature=plcp http://www.youtube.com/watch?v=i2QkcGWwZcA&feature=plcp http://www.youtube.com/watch?v=-LK4EV5g3jA&feature=plcp http://www.youtube.com/watch?v=gXW4c0upN9A&feature=plcp http://www.youtube.com/watch?v=4Li3hGp3FWk&feature=plcp
Јулијана,морам да ти кажам дека ти се восхитувам многу,имаш наааајубаво тело Имам бутчиња,и смачкан задник,но имам и спојлери како да го зголемам задникот,и да се тргнам спојлерите?:// Ти пишав повеќе информации за висина и тежина во лп.Дај некои вежбички те молам Фалааа однапред
ја почнав да ги вежбам за задник некои и сега ми се вопалени ама упорна сум... веке 4-5 дена везбам и сакав да прашам за колку време би требало да има резултати ама искрено.. месец, два, пет, година, две???
Каналот го има веќе FitMKD има пет видеа досега ставено Браво Јулијана за каналов доста интересни вежби имаш
Здраво фемининки. Каналот на youtube на македонски FitMKD е во готов, и имам ставено околу 15 видеа со најразлични вежби за телото. Изговори за немање опрема или теретана нема да бидат прифатени затоа што сите овие вежби што ви ги покажувам можат да бидат изведувани од вашиот дом или локалниот парк. Се што ке ви биде потребно е вашето тело, многу вода за хидратација и неколу тегови ако ги имате. АКо ги немате, можете да ги правите вежбите без тегови. Ке направите повеке повторувања и вежбата ке биде тешка. --- како да ги користите овие вежби??? Изберете 5-6 различни вежби и во 30 минути сесија, почнете со повторување на првата вежба 20 пати, преминете на втората вежба, повторете ја 20 пати, преминете на трета вежба 20 пати, и така се додека не поминат 30 минути од потење. Можете да внесете скоканје со јаже 2 минути на секои 5 минути вежбање. ---- Можете да вежбате подолго време од 30 минути, можете да изберете повеке различни вежби за да сесијата биде поинтересна. ---- Најважното нешто е да се трудите колку што можете затоа што ова е единствениот начин на кој се губат несаканите килограми и се затегнува телото со убав и оформен мускул. ---- Ако сакате да се фокусирате на зголемување на задникот, изберете вежби за задник и користете тегови кои што ке го забрзаат процесот на растење на мускулите на задникот. ----ВАЖНОПО завршувањето на секоја сесија од вежбање и потење, морате во наредните 30 минути да внесете протеини во телото, затоа што протеините се материјалот од којшто мускулот е изграден. Ако не внесете протеини, резултатите од вежбањето нема да бидат тие што ги очекувате. Мускулот нема да ја има потребната состојка за да се обнови и зголеми. HAPPY EXERCISING EVERYONE!! http://www.youtube.com/watch?v=jY6F4f0OlWc http://www.youtube.com/watch?v=Qgik_3CWlxk http://www.youtube.com/watch?v=Z1EuwoXpLjA http://www.youtube.com/watch?v=RGmBx_3HhW8
Браво Јулијана! Едно прашање: за здобивање на мускулна маса треба веднаш после вежбањето да се јаде протеинска храна, НО ако вежбаме вежби за слабеење тогаш не треба ништо освен вода, нели? Поздрав и продолжи понатака! =)
ПОГРЕШНО!! Мораш да јадеш протеинска храна после секое вежбање, без разлика дали целта ти е да ослабнеш или да направиш мускул. Ако сакаш да ја намалиш телесната тежина градењето на мускул треба да ти биде прва цел. Немој да мислиш дека мускулите ке ти пораснат огромни, тоа е многу погрешно. Навистина е многу тешко да изградиш мускул. И треба да сакаш да изградиш мускул. Еве зошто. -Мускулот изгледа многу поубаво од мастите -1кг Мускул во обем е помал од 1кг масти ( што значи ако имаш 10кг мускули ке изгледаш послаба наместо кога имаш 10кг масти) -1кг мускул гори 100 калории дневно повеке во споредба со мастите ( што значи ке можеш да си дозволиш да јадеш повеке храна дневно ако имаш мускулна маса) Со протеинската храна, јади исто така малку јагленохидрати, здава храна, пример банана, јаболко, кафеав ориз или слично.
Истото ме интересира Мислам дека имам спомнато дека сум отприлика 170цм со 60кг.[/quote Спојлери везби http://www.youtube.com/watch?v=_12vtMYWqlM http://www.youtube.com/watch?v=Qgik_3CWlxk http://www.youtube.com/watch?v=EQbb7PKG_ZA http://www.youtube.com/watch?v=6Fq2-8b3RI0
Здраво Јулијана, како и одтанатите и јас морам да ти кажам дека изгледаш прекрасно, сон на секоја женска тело имаш јас почнав пред пола година да вежбам но последново време почна левото колено многу да ме боли, посебно чучњеви кога правам те молам ако можеш да ми кажес според тебе како професионалец како да ја избегнам оваа болка? исто така би сакала да те замолам вежби за трицепс со тегчиња од 1кг(бидејќи само таа опрема ја имам) доколку можеш да ставиш бидејќи тој дел од ракава ми останува незатегнат... благодарам на одговорот и поздрав