Ти благодарам на комплиментите. БОЛКИ ВО КОЛЕНАТА! За болката во коленото навистина не би можела да ти кажам многу затоа што може да биде многу различни нешта. Може да биде ништо сериозно али може е нешто сериозно. Дали имаш многу или малку вишок кг? Голема телесна тежина обично предизвикува болки во колената поради тежината која што колената мора да ја носат секојдневно. Тое е една причина. Друга причина е можеби се имаш повредено некако со вежбите?? Треба да внимаваш на формата кога ги правиш чучнувањата. Колената не треба да ја помината таа замислена вертикална линија од палците на стапалата кога си во спуштената позиција. Еве во ова видео со спомнав тоа. http://www.youtube.com/watch?v=6_tGuN33vr8 Одмори 1-2 недели, не прави чучнување, прави вежби во лежачка позиција, стомашни или вежби за раце и грб. Понекош се случува и на мене да ме боли малку коленото кога го имам повредено, и за неколку недели ке бидам 100% пак. Ке направм видео со вежби за трицепс. Се надевам дека ке бидеш подобро.
Драга Јулијана најпрво честитки до тебе,прекрасно изгледаш и правиш нешто прекрасно за нас преку твоите совети и видеа. Би сакала да те замолам да напишеш нешто повеќе и подетално како треба да се одвива нашата исхрана за да слабееме и истовремено да не сме гладни толку многу. Поздрав
Јулијана , мало прашање за тебе - како ЦЕЛОСНО да ги стопам спојлерите ?? Знам дека претходно во темава беше поставено прашањево , меѓутоа не прочитав конкретен одговор. Од цело тело само тие ми се проблем, најверојатно таква ми е конституцијата... Држев диета цел месец по принципот што го наведе тука (без изгладнување, но со исфрлање на леб, газирано, благо, пржено и слична храна), со 4-5 пати вежбање (стомачни, склекови, чучњеви, 30мин трчање 1-2 неделно) и од 59 стигнав до 55 (висока сум 169см) . Океј ми се стомачните, струкот АМА спојлериве никако да ги снема!!!!! Што да правам ?!
Јулијана не мора да е како на Џесика, ама кажи молим ти се, како до послаби нозе, тоа внатрешното сало меѓу ножињата мои дебели, тоа бутовите да се намалат, ама да си ги задржам убавите облини и гзето???? И да, по трети пат пишам, се надевам на одговоооор
Почни со трчање 2-3 пати неделно по 20-30 минути, и 2-3 пати вежбање по 30 минути овие вежби. http://www.youtube.com/watch?v=lhjNWgEOJV4&feature=plcp http://www.youtube.com/watch?v=jY6F4f0OlWc&feature=plcp http://www.youtube.com/watch?v=yhZLntHqz8w&feature=plcp http://www.youtube.com/watch?v=Tge5BflPa-g&feature=plcp http://www.youtube.com/watch?v=ne64vBhPgAE&feature=plcp Се извинувам што имам испуштено да ти напишам одговор, се случува понекогаш затоа што добивам многу прашања секојдневно. Не заборавај да ја следиш диетата која што ја имам напишано во темава. Поздрав
дневно потребно количество протеини : Новороднечиња: околу 10 грама дневно. Тинејџери: околу 52 грама дневно. Тинејџерки: околу 46 грама дневно. Возрасни мажи: околу 56 грама дневно. Возрасни жени: околу 46 грама дневно. извор на протеини: месото, рибата, млечните производи, јајцата, јатчестите плодови (ореви, лешници, бадеми, кикирики, ф`стаци),целото зрно на житариците, а посебно нивните `ркулци, ртолест зеленчук (компир, морков, репка) и кикирики, печурки,: мешункастиот зеленчук (соја, грав, грашок, боранија, леќа) буричкав по темиве по нет итн. во согласност со мојот утрешен старт, и ова е моето прашање, имам 16 години, имав 65кг симнав на 60/61 а висока сум 170 сакам да почнам прво со трчање и може ќе применам некоја од горенаведениве вежбички успат,е сеа нели мускулот се гради по вежбањето со внесување на протеини, ама кој може количински да ми наведе, после 40мин. вежбање која количина на овие продукти треба да ја внесам? патем проверив, тежината ми е во ред ама сакам да се затегнам и да го симнам мешето (камо нагоре да можев да го бутнам )
Срце познавам некои луѓе што ослабнале 20 килограми и не ги вратиле назад Само би ти било потребно постепено да ги симнуваш. Значи ќе пешачиш што е можно почесто, ќе јадеш супа, зеленчук, овошје, црн леб. Најдобро е да си распоредиш 5-6 помали оброка дневно. Не мораш целосно да се откажеш од слатко или месо, но намали ги во исхраната и јади што е можно повеќе зелен зеленчук, житарици и пиј повеќе вода за да го забрзаш метаболизмот На почетокот можеби нема да почувствуваш драстична разлика, но по некое време килограмите ќе почнат да се топат и ќе бидеш презадоволна и исполнета со самодоверба. Како што кажав за се си треба време. Откако ќе ги истопиш килограмите ќе можеш да вежбаш за да изградиш мускулна маса Значи пешачење и здрава храна, за долг жизот и убаво тело Се надевам дека ти помогнав некако со мојот совет
Јулијана, прво морам да те пофалам за прекрасното тело, кое ти несомнено го поседуваш. Бомба си. Најискрено, ме испирираш да продолжам понатаму со мојата ,,преобразба'' преку диета и физичка активност.Е сега, јас имам едно прашање до тебе, кое би била ептен благодарна ако можеш да ми го одговориш.Држам диета, вежбам зумба и вртам на орбитрек, намалив секаде во обем, ама рацете никако да ги смалам. Почнува да ми ствара комплекс веќе тоа. Сакав да почнам со тегови ( 1 или 1,5 кила ), ама страв ми е да не ми се зацврстат само, наместо намалат. Чаре некое има или слабо?
Good job with your research Точно, мускул се гради после вежбање, посебно со тегови. Трчањето е повеке за топење на мастите а не градење на мускул. Веднаш по вежбањето, пример од јадење би било. - парче месо + зеленчукова салата +1лажица маслиново масло, може малку фета сиренје, или млеко со путер од кикиритки на црн леб. Околу 400-600 калории, 20-40гр протеини и 30-60 гр јагленохидрати. --Ова е пример а не точни броеви, и овие броеви завистат од многу фактори.
Се согласувам со ова мислење. Со неколку додатоци, дека водата ке го забрза метаболизмот краткотрајно, али вежбањето и мускулната маса го забрзува до 48 саати после вежбањето. Исто така месо јас би препорачала секој ден, риба, пилешко, посно свинсо и говедсто, туна, мисиркино. Овие меса се одличен извор на потребните состојки ( белковини) за градење на мускул, покрај многу од основните витамини и минерали како "iron, B12, zink". И последна препорака од мене би била дека вежбањето со тегови и градењето на мускул е исто токлу важно за слабеење коклу и кардио вежбите, ако не и повеке.
Одлично, баш ми е драго што си мотивирана и упорна. Чаре има за се, 5 кг би биле најдобра опција. Еве неколку видеа со вежби за зацврстување на мускулите. Мускул и масти се две различни делови од телото. Со вежбање со тегови ке изградиш мускул, и воедно ке гориш калории и ке топиш масти, во рацете и насекаде на телото. Немој да се плашиш дека ке изградиш мукули како Рамбо затоа што е претешко за девојка да изгради мускул. http://www.youtube.com/watch?v=vFQXCWG4QLQ&feature=plcp http://www.youtube.com/watch?v=vFQXCWG4QLQ&feature=plcp http://www.youtube.com/watch?v=G--s6zGO ... detailpage http://www.youtube.com/watch?v=7l0kXEh7 ... detailpage
ова ми требаше, точно и разграничено тоа и тоа треба! фала ти многу ќе се обидам да се додржувам до тоа што го реков , и да ги добијам очекуваните резултатии!!!
Здраво Имам 50кг, 160 цм ве молам кажете ми како да ги ослабнам рацете на горниот дел до рамењата отсекогаш ми биле полначки..некоја вежба за нивно сигурно ослабнување. .покрај тоа ве молам да ми дадете некоја вежба за затегнување на стомакот и намалување на колковите..
Ти мора да се шалиш со нас. Не е можно на толкава кижала и висина ти да си дебела во рацете, можеш само да правиш вежби за зацврстување зошто сигурна сум дека нема што да слабееш, кога имав 50 кила не ми беа дебели рацете на таа висина.
Одговораат до 50 и нешто на 160 висина 100%, 48 да, имав едно време толку ама 45 е премалку, анорексично.
На 160 најдобро е 52 кила, имам две другарки на таа висина и идеална килажа им е таа. Инаку зависи и колку имаш мускулна маса некои може да имаат иста килажа и висина а да изгледаат многу различно.