Вака сеа не сум дебела слаба сум не сум се мерила еве 1 месец треба да имам 53 кг сакам цврст задник убав ама,исто така сакам убави нозе но некако мускулатурата подколеници не ми е таман ко криви да ми се доле нозете сакам да имам исто така убави нозе не мозам да си облечам сукња пошо слаби ми се нозете а панталони кога ке облечам изгледам ко девојче без задник добро не до толку а градите ми се големи ај помогнете ми како до убави нозе убав задник но без Целулит??нејкам да ослабам доста слаба сум сакам да се здебелам а ни тоа не мозам колку и да јадам некои везби ама домашни вежби??Ве моламм :С
прави склекови и чучневи секоја вечер и пешачи и секако јади витамими и здрава храна и ке се здебелиш и ке немаш целулит
За целулитот најважна е исхраната, треба употребата на сол да се сведе на минимум а по можност и да се исфрли од употреба некое време, и да се пие до 2л вода дневно со цел да се исфрлат токсините кои се стационирани баш во тие “грутки„ и секако потребна е физичка активност.
За добар задник исто така доста помага и качување по скали. Ако немаш многу скали дома, најди нешто повисоко,слично на една скала, и подрипнувај на неа а за листовите-пешачење му е мајката!
Како до совршенство? - Со фотошоп! Се зезам, не дека не е возможно, ама треба постојано вежбање и внимавање при исхраната. Во постовиве прочитав дека треба да се сведе солта на минимум, а тоа за мене е тешко бидејќи јадам зачинета храна со многу сол! Немам многу време за вежбање, ама кога сум послободна правам вежби од кои за недела две се чувствуваат резултати. Само што треба да се практикуваат секојдневно и секако збогувај се со брзата и висококалорична храна
Вчера баш реков да ги вежбам вежбиве од клипов и денес не можам да се мрднам сите мускули од нозете и од задниот ме болат, значи стваро имаат ефект. Денес пак планирам да ги вежбам за да престанат да ме болат мускулите. Иначе одлични се вежбите (само тие за раце неможев да ги правам бидејќи немам тегчиња)
Немам многу време за вежбање, ама кога сум послободна правам вежбиод кои за недела две се чувствуваат резултати ordinary girl шо вежби се тие ако не е тајна шо ги прајш и имаат ефект после 2 недели??? ај ако не е тајна пиши ги плссс..
За поцврст задник пробај качување преку една скала, а за нозе без целулит пешачење, не трчање бидејќи од премногу трчање можеш да си направиш "фудбалерски" нозе, т.е да набиеш мускули а премногу мускули на нозете не изгледа баш привлечно кај женски. Инаку за целулитот НАЈМНОГУ ќе постигнеш преку исхраната.. Поздрав
Пешачење во комбинација со трчање, качување по скали, многу вода пиење, и воглавно тоа е тоа. Ау да и вежбање во вода многу помага, значи од пливање до трчање во вода, нели во поплиток базен ќе си влезете и слично
Пилатес вежби се многу добри за затегнување ма задникот,нозете,стомачни и раце можеш да се запишеш на пилатес или на ју тјуб имаш па така да си ги гледаш и да си ги вежбаш или вози ролерки или точак
Па вака ако дома имаш орбитрек,тоа е најдоброто решение за овој проблем!Јас секој ден си вежбам на него и нозете и задникот полека ми се зацврстуваат.Ако немаш,тогаш најдобро решение се чучнувањата и тоа да направиш свеќа да ги ставиш рацете на половина и да ги мрдаш нозете напред-назад!