Добро, јас нема лузни имам само флеки.А иначе кремот Епитхел што ти го препорачала ти помогна за флеките? Избледеа, исчезнаа?
Sanniii a да ја прочиташе темава а? ова прашање е во секој втор пост веќе, јас кога имам некаков проблем седнувам и ја читам цела тема од почеток до крај, во темава ијада рецепти маски и креми пишале само кој да седне да прочита. Кремата ја има и на пазари,зелен, бит пазар, по маркети, ако не во тедико влези во друг маркет
Девојчиња, Клиндамицин лосионот многу е јак, мислам, брзо ги суши мозолките или? Ми треба нешто ефективно за поткожните, чисто превентивно за да не копам по лицето.
Да,да клиндамицинот е доста јак (и барем на мене ми бил ефикасен), брзо суши и ја оптегнува кожата, ама после неколку дена употреба може доста да ти се исуши (посебно ако имаш сува кожа). Најбитно е дека ги отстранува акните. А порано имаше и крема Климицин,па можеш паралелно да ги користиш.
Мојата најнова добитна комбинација (пу пу да не урочам) гел-крема со екстрат од чаено дрво од Рефан и секојдневно пиење цинк таблети од 25 мг. Делува позитивно барем засега.
Имам мрсна кожа, мислам дека ќе ми биде добар. А како стои со флеките, ги отстранува и нив? И колку пари е? Заборавив да го прашам момичето што веќе имаше купено.
Старите флеки неможе да ги отстрани, тие со тек на време ќе си избледат,а од новите бубуљици кои ќе се ги лечиш со Клиндамицин, нема да ти бидат толку изразени. Инаку е ефтин околу 100 денари е, и баш добро е што имаш мрсна кожа баш ќе ти се погоди. Јас за флеките си цедам пола лимон, го мешам со вода во едно шишенце, и си го чувам во фрижидер, па навечер или и во текот на денот си се премачкувам со него. Мноооооогу е ефикасно. Го освежува лицето, го затегнува, флеките многу брзо бледеат, акните се чистат, а кожата е мека и мириса преубаво.Плус дека е во фрижидер,сега посебно за летово е право освежување.
Помогна ама првите резултати после две три недели се забалежливи ако се стари флеки.А новите не се задржуват повеќе од некој ден.Ова со лимонот цеден и јас гоправам ама во зима и навистина избелува флеки.Ама не се препорачливи овошни киселини летно време па до Октомври ги избегнувам
Mорав оваа да ја пофалам ја користам и убаво го чисти лицето..и смирува пошто мене вечно кожата ми е иритирана а од оваа немам црвенило...позз
Нема да му наштети на лицето лимонот? И дали е добро ова за да се третира лице со комбинрана кожа, значи ни премногу мрсно, ни суво? Да испробам сакам со лимонот да се мачкам, веројатно му доаѓа како замена за лосион, ама прво да си прашам.
Лукс, нормална или сува кожа најверојатно би почнала да се лупи уште следниот ден по нанесувањето на „лосионов“, зашто би делувал премногу така да кажам луто на кожата. Комбинирана и мрсна не би требало да добијат толку брзо лупешки, ама по неколку дена сигурно - по моја претпоставка. Ама ако го третираш само местото каде што имаш акничка/флека мислам дека ќе биде океј, зашто еве јас лично имам мрсна кожа и кога ми испаѓа бубуличка ја мачкам само неа со лосион кој содржи некој процент на алкохол и немам проблем со иритации и лупење, а ми се случило и да го поминам цело лице, па по неколку такви „третмани“ да завршам со лупешки. Не дека се страшни - се губат за ден два со добар пилинг, ама страшно ме нервираат кога ставам пудра на пример.
Не не, какво наштетување...нема врска дали е кожата сува или мрсна, воопшто не ја суши кожата нити па ја љупи, никогаш ми се нема излупено, и баш напротив и дава неверојатна влага и свежина, бидејки е 90% на база на вода, и плус има витамин Ц, и природна овошна киселина. Значи мене лицето кога ставам од лосионов ми е препородено. И стварно многу брзо ги отстранува флеките само треба редовно да се користи. Значи сок од пола лимон во шишенце отприлика големо како оние од сируп што се. Со среќа.
Ми текна дека пред две години го користев Клиндамицинот и дека имаше резултати од него, ама бидејќи ме мрзеше престанав да го користам, а и немав некои големи проблеми со лицето тогаш решив пак да си го купам. Денес го купив и почнав да го користам па ќе видиме резултати. Ме интересира отприлика за колку време би требало да има резултат?
Незнаев каде да прашам, ама дека темава е за чисто лице мислам дека е тука најсоодветно. Мене многу ми се љупи носот, и тоа само таму одозгора, знаете како во лето секогаш од сонце, од море лево десно, ама од лани до сега цело време ми се љупи и не само во лето туку цело време и во есен, зима... Незнам што да ставам, а незнам ми од што е предизвикано па како да го третирам. Инаку лицето ми е прилично чисто само лошо правам кога и да поминам пред огледало, бидејќи имаме едно огромно во ходник, ако видам нешто одма се стискам, макар и ништо тоа да не било, ама мора да се одвикнам. А да не се стискам лицето мислам дека ептен чисто би ми било иако и вака е. Ама да не бегам многу од тоа што сакам да го прашам, да не знаете што да ставам да не ми се љупи веќе носето, почнува да ме нервира веќе.
A Клиндамицинот треба да се нанесува на цело лице или само на акните? И дали би било штетно ако се нанесува на цело лице?
Хахаха,и јас го имам истиот проблем. Па кога ќе ставам пудра колку гадно изгледааа.... Сега почнав во последниве три дена да му правам пилинг само на него, и одма после тоа му ставам некоја полесна крема, уствари му ставам Лала крем што е за флеки,пошто не е мрсен. И да ти кажам никогаш по мазен не ми бил. Поздрав
^ Не. Флеки од сонце и природни флеки, оние кои најчесто ги имаат црвенокосите (пеги). Си пишува и на самата крема, дека е наменета за пеги и флеки. А јас навистина не ја препорачувам за оние кои имаат помрсна кожа, бидејќи мене ми извади ситни бубулички, т.е. оние кои требало да излезат и дополнително ми го мрсеше целото лице, а никогаш не сум имала проблем со мрсни образи, да речеме. Нашарана бев ептен, одвај се оправив, немам појма зошто сум се залажувала дека ми ги чисти флеките... Користев лосион со поголем процент на алкохол и ми се излупи кожата, па не се познаваат толку. Сега периодов ќе пробам со лимон па ќе кажам дали ќе има ефект.
Незнам каде да го поставам прашањето може некоја препорака за лосион за чистење лице за нормална кожа и да не пецка околу очите коа ке поминеш со сунгерчето