И јас исто така се регистрирав, само да најдам некое решение за овие катастрофално досадни акни. Дај те молам дај ми информации за "чичкото од селото" да се спасам и јас од овие акни. Фала однапред
Јас почнав да ствам кафе,талогот,од советот на емгрин,и морам да кажам дека делува, го мазни лицето и баш ми е пријатно потоа..се чуствувам освежено..
јас сум мнгоу задоволна од колекцијата на Collin. Особено хидратантната крема за себумрегулација (го намалува лачењето на себум кој е одговорен за создавање акни, мозолчиња..) која што многу ми помогна за мозолчињата. Ви ја препорачувам на сите може да се најде во Космо а точно се вика Collin Resultime PURIFIANT (Fluide Hydratant Matifiant)
Ќе се мачкаш со нивеа или солеа на рацете ( тие се помрсни кремови, а можеш и павловиќева маст да ставаш). Телото можеш со масло за тело од Бекутан или обично бадемово
Ајде кажете нешто по природно и не многу јако за млада кожа. И ајде и вас овде да ве прашам маските на планет спа за која возраст се од прилика?
Па за над 12тина ...?или братучеда ми има 13 и ја користи..таа сивата со кал од мртво море два пати неделно..не и штети
Јас сум користела маска од Авон и добра ми беше ми ја правеше нежна и мека кожата, таа виолетовата ја имав (незнам баш од што беше ), ама поприродно ако сакаш а сепак ефикасно, свари си чај од камилица и остави го да се олади, миј си го лицето секој ден со тоа и ќе видиш колку подобар тен ќе имаш и лицето ќе ти биде по сјајно. Јас секој ден го практикувам ова и има ефект
135-5 напиша:Па и јас како Nikoletina i Symona си ја порачав маста и фантастична е и не жалам за ниту еден денар.Значи ја користам околу 18 дена и резултатите се премногу добри.Од шо си одев на козметичар ми се направија флеки или лузни црвени и многу големи на делот на образот на лицето од стискање и боцкање со игла.XAOC.од кога ја користам маста ми се исчистија лузните стари 3 и повеќе години а ги нема и оние ситни мали поткожни кои се од мрсната храна што ја јадиме.и замислете сето тоа само за 18 дена и маки мачев повеќе од 3 години со лузни.алал да му е на чичкото што ја прави и ми е криво само за едно како не дознав порано за да си ги заштедам парината. И јас исто така се регистрирав, само да најдам некое решение за овие катастрофално досадни акни. Дај те молам дај ми информации за "чичкото од селото" да се спасам и јас од овие акни. Фала однапредМоже да добијам и јас информација за чичково со кремата? Ако несмее вака пратете ми во ЛП каде и како да го најдам. Обично кремата Лала ја има во Рубин Кармин, а многу често ја има и по тезгичките на пазар, на Зелено пазарче, на Бит пазар а и на помалите пазарчиња по населбиве, на тезгите за козметика и џиџи-миџи што се. Јас конкретно мојата ја купив од пазарчето позади Бисер што е,од едно тезгиче. Околу 100 денари е.
Ја купивв Здраве кремате во среда минатата недела. Се намачкав на челото,носот и околу носот, бидејќи само таму имам проблеми (иако мозолчињата не се гледаат многу многу кога ќе почнам да се гледам на огледало ги гледам и се нервирам). Прашањево ми е: Дали кремава да ја мачкам така што после останува бела подолг временски рок додека не се впие или да тријам за веднаш да се впие ? (се надевам дека ми го разбравте прашањето )
Јас ја ставам навечер пред спиење и ми останува бело и потоа кога ќе станам ја нема, само една нијанса ми е посветло лицето ако сум ставала на целото лице, потоа се мијам, па пак другата вечер исто. Можеш да ја ставаш преку ден кога знаеш дека дома ќе седиш, ама сепак не оставај премногу бело нели, размачкај малце, па седи. А за да ја размачкаш скрос ќе треба баш да ја мачкаш бидејќи нели густа е многу. Сепак ако ти помага како и да ја мачкаш ќе ти поминат мозолчињата.
И јас го чистев така додека бев во пубертет,единствен спас ми беше од акни! Меѓутоа имам мрсна Т зона и по пубертетот ми правеше ракијата проблеми,ја сушеше Т зоната и ми се лупеше кожата. Сега користам само Dove gentle exfoliating beauty cream bar...никогаш не сум имала поубаво лице и помазно на допир.
Мене пак ми излегуваа повеке кога го чистев со памук и ракија ми го сушеше лицето,потоа пробав со колонска вода подобро беше,е сега пред недела време си ја земав Здраве така да задоволна сум од неа резултати имаше уште првите три-четири дена лицето ми се измазни и ке продолжам да си ја користам.
И јас едно време со памук и ракија го чистев и убаво ми делуваше не ми се сушеше кожата иако знам дека алкохолот ја суши,а и ми се намалија мозолките (секако предизвикани од алергијата од сонце).. ако така можам да ја наречам..
И јас го чистев така додека бев во пубертет,единствен спас ми беше од акни! Меѓутоа имам мрсна Т зона и по пубертетот ми правеше ракијата проблеми,ја сушеше Т зоната и ми се лупеше кожата. Сега користам само Dove gentle exfoliating beauty cream bar...никогаш не сум имала поубаво лице и помазно на допир. Колку пари е Dove gentle exfoliating beauty cream bar..........не сум го забележала во некоја продавница Инаку после мачкањето со ракија секако дека ставам и универзален крем се вика Soft