Здраво на сите, Сакам да ве прашам дали има некој правено хемиски пилинг или микродермоабразија на лице, бидејќи бев на дерматолог и ми го препорачаа тоа, а иначе имам мрсна кожа, проширени пори како и флеки од акни. Ме интересира каков е третманот дали боли, дали влијае убаво на лицето??
Мислам дека од лосионот уште толку ми се расипа лицето, не ми е којзнае колку расипано, ама не ми е ни чисто Кога не ставам ништо ми е почисто. Сеа уште ќе пробам со ракија неколку дена да го чистам, па да видиме што ќе биде со тоа. И ако нема ефекти ништо не му ставам. Ни маски, ни чуда.
Lux, го купи Јанг Дерм, или грешка сум разбрала ? Се мислев дали да го купам, ама имав многу лошо искуство со претходниот - пред да му го сменат пакувањето, па си мислам дека ќе биде исто, иако овој сегашниов ми изгледа поблаг некако. Да не треба да добиеш случајно, па ти се нафрлило лицето ? Инаку, внимавај со ракијата. Мој совет ти е да ставаш само на акните, за да се исушат тие, а на цело лице немој да ставаш. Јас имав искуство со еден лосион за лице, со одреден процент на алкохол (го користам уште), и си го шлапав по цело лице, па лупешки ми стана и одвај го оправив со мрсни креми.
Открив ново ефикасно решение! Негде низ мислењава на друга тема, прочитав како на некоја феминка и помогнала павловиќева крема, од оригиналната. И реков, ајде, да се пробам, да видиме што ќе биде, само што немав од оригиналната па ставив Павлодерм (со невен и камилица е мислам) Имав едно големко мозолче кај устава долу, и се намачкав.. По неколку саата се смири мозолчево, денеска 2 ден како го мачкам, и е пред исчезнување. Исто така, пред 3 дена се депилирав на надуснициве, и вчера ги осетив оние постдепилаторски мозолчиња кои се појавуваат, и се намачкав од кремава и не се појавија! Конечно си го најдов спасот, алелуја! Еве ви сликче од кремот, мислам дека не е скап. Па кажете реакции.
Мозе да ми казе некој дали користел ALL im 1 Extra deep cleansig ili pa Thermo deaili deep cleanser од Нивеа и дали има некакво подобрување
Јас имам правено хемиски, не боли, непријатно е ама не боли. Инаку, овие третмани имаат само добра реклама, ништо друго, освен ако не планираш да направиш едно 10, а се прилично скапи. Не очекувај чуда како што ги фалат, а посебно па не од еден третман. За флеките да избледат потребни се минимум 5 третмани и повеќе, порите ќе се намалат по првиот, ама веќе 3та недела пак ќе си ги имаш, мрсна кожа исто. Убаво е лицето после третманот (сега не зборам за веднаш по третманот зошто ќе бидеш црвена), се познава дека е освежено, и тоа била единствена добивка кај мене. Други резултати не забележав, а бев на 4 или 5, не се сеќавам добро.
Помалку шминка, почисто лице. Тоа е филозофијата кај мене. Летово само минимално користев шминка, кога ептен морав, и резултатот е тука. А до кога ќе трае, ќе видиме. Друго нешто поврзано со негата не сум сменила, кога имам шминка обавезно ја чистам со млеко, па лосион, па го мијам лицето со вода, и на крај крем за сува кожа. (освен на Т зоната каде што ми се мрси) и тоа е тоа. А и кога немам шминка го практикувам истото, само без млекото.
девојки да ве прашам оние кои користите здраве кремата дали е и за мрсна кожа?,ја купив пред некој,видов дека сте задоволни од неа па да ја пробам бидејки во последно време лицето страшно ми стана,видов дека кремата е мрсна ја ставив и ја оставив скоро цел ден да се впие и наредниот ден лицето уште повеќе ми беше мрсно и сега не знам дали да ја користам??се надевам дека добро објаснив
И јас го користам кремот Здраве ама тој со цинков оксид, е сега планирам да го купам и овој Здраве лесна формула, еве ти клипце види, па како шо гледам овој е специјално за мозолчиња, а мене во последно време ми излегоа поткожни на челото дури се нервирам http://www.youtube.com/watch?v=kxWfypEW87s
Проблематична кожа имам со години, креми и тоници пробав секакви, одев и по дерматолози...ама резултати слабо. Се додека една аптекарка не ми ги препорача кремите и тониците на Eucerin, ноќната крема е за делуванје на акни, мозолчиња, црник, флеки и ми препорача лесна дневна хидрантна крема. За 1 месец користење лицето ми е одлично, исчистено, немам акни и не ми се ствараат црник. Се разбира за крајниот резултат треба барем уште два месеца да поминат ама на прва сум ептен задоволна.
Девојки а ова со ракијава како го користите? Имам слушнато дека многу користеле ракија против акни и дека помагало, дека дури помагало и со себумот на кожата.. Мене малку ми е па страв, да не ме пече, да не ме иритира или исуши.. Ајде малце помош, тој што користел како користел.. Еднаш неделно, еднаш дневно.. како?
Чистото лице е и резултат на здравата исхрана. Пробајте барем една недела да не јадете многу брза храна и слатки и ќе забележите резултат. Јас користев Нивеа Пилинг и многу ми помогна! Сега користам Гарниер Гел. Нивеа Пилингот(мислам дека вака некако се викаше, пишува 3 во 1 на опаковката) се нанесува на влажно лице, се масира неколку минути со кружни движења и се исплакнува. Го има во сите маркети!
Кога ја спомнавте исхраната јас ќе ве советувам да го исклучите мајонезот. Имам чисто лице , ама ако јадам мајонез одма другиот ден ми се појавува акничка некоја, значи одма. Исто и со дечко ми, мада веќе одамна не сме во тинејџерските денови кога се јавуваат такви проблеми. И најважно е редовното чистење, штом дојдете од дома одма да се ичисти лицето од шминка, особено пред спиење
И до исхраната и до генетиката е,исто и јас кога јадев мајонез на лицето ми се појавуваше акни и затоа го отфрлив од исхраната,но другарка ми има чисто лице како солза а мајонез јаде со секое јадење ,но целата нејзина фамилија имаат чисто лице па и она,за така да според мене и гените имаат замешано прсти..
Мех, мојата вечна борба. До 12-13 години имав кристално чисто лице, после ме мавна пубертет и еве 8 години се влечам. Нема креми, лосиони, начини на исхрана и третмани што ги немам пробано. Илјадници евра имам исфрлано за ништо. Што ти не ме вртеле, од глупави хормони по грешка препишани кои за среќа не ги земав, инаку би се пореметила, до вакууми за маснотија и ласери. Тапа. Естетиката не е проблем, не сум била некој а-у случај, малку пудра и готово, ама сепак не е тоа тоа, а некои знаат и да болат на покритични места ко брадата т.е. јас само таму и имам, и понекогаш од страна, долж слепоочниците. Си го викам U зона, оти тие делови ги зафаќа. И, кога видов дека работите темпорарно само помагаат т.е. дека намерно прават така за да се задржам повеќе, да лапнат повеќе пари, си земав во свои раце. Пијам глина еднаш на 20ина дена, првин целата кожа букнува, но потоа се чисти, а се чисти и организмот, па си срамнив и стомак и сѐ. Лекот ми бил за вкупно 500 денари. Нарачав од другарка маска и пилинг од оние од Авон со 2% салицилна киселина што се, и чудо е како ми се погодија. Маската кога ќе ја одлепам, сета маснотија и црнки се на неа. На мајка ми против алергија и’ беа дале раствор Acidi borici sol 3%, па на своја рака си реков да го намачкам грбот, и еве гланц ми е чист. Само се плашам на лице да ставам, не е играчка. Еве, да не се заречам, две недели сум одлична. Порите ми се видно затворени, имам тук-таму црвенило, но не и акни. Треба утре или другиден да добијам, што би требало лицето да ми е лом, а мене никогаш не ми било почисто. Пу, пу! За самодоверба да не збориме, дури изгледот на лицето ми е различен, не знам, ко да не сум јас. р.ѕ. Корисен е и јод т.е. Бетадине раствор 10%, само грозен е малку за употреба.
Хлоракол(Хлорамфеникол) незз точно како се вика...Дали имате искуства,помага ли и која му е цената?..Фалавиии..