Пред 2 дена купив Хлоракол на Галафарм. Го купив од Космо околу 100 денари. Се користи најчесто навечер, после вадење на шминка, на листо лице. Ги суши мозолчињата ама не се препорачува да се користи долго, затоа што може да го исуши лицето.
Да, јанг дерм го купив и ич не сум задоволна. Сега ставам ракија само на мозолчињата не на цело лице, па ќе видиме, само три дена се мачкам. Барем уште некој ден да помине, вака не гледам подобрување, ќе видиме понатака. Ама многу на брадава имам, некоја црнка на нос и малку на чело инаку на образите немам, ама ме нервираат тие на брада, најмногу се познаваат и црвени се, а не се многу, две три акнички се. ЕДИТ: не јадам ни јас мајонез па пак ми излегуваат по некоја акна и црнки, е сега ако е до мајонезот зошто тогаш мене пак ми излегуваат? До друго нешто ќе е, ама не знам до што, да знаев немаше да дозволам да ми изглегуваат. Треба да добијам, ама тие ми излегоа од кога ми заврши и уште не се исчезнати.
Јас порано имав мозолчиња и црнки по лицето, ама си земав хлорамфеникол, тој во портокалово кутивче што е. Ми се исчисти лицето бааги и црнките ми ги снема. Е сега уште на грбот да ги исчистам, ама не можам сама да си го чистам грбот со лосионот, се некој друг мора, најчесто мајка ми Мене ми помогна, ама не забележав да ми го суши лицето, секако ми е мрсна кожата, па и да го подзасуши малку нема да е на одмет
Clear skin се производите. Има 3 вида: сини, зелени и виолетови, во сетови се поделени. Зелените се за проширени пори, сините за чистење црнки и виолетовите против мозолчиња. Јас искомбинирав гел за чистење црнки - blackhead clearing и пилинг маска против мозолчиња - blemish clearing. Вака изгледаат. Спојлер
Mене мама овие ми ги даде денес чисто за да немам нос а-ла јаготка. И сеа че ве молам вие по учените да ме просветлите колку често се користи ова зеленово чудо што има како песок внатре?
Џоксич, песокот се гранули што ќе ти ги ваѓаат црнките. Ќе си го користиш зеленкото отприлика еднаш неделно, или по потреба кога ќе видиш дека порите повторно ти се зголемиле и почнале да се полнат со нечистотија. Можеш пред нанесување да го испариш лицето, да се отворат порите, за полесно да се чисти. Згреј си чај од камилица во поголем сад, па застани над него да ти се испари т.е. испоти лицето и порите ќе се отворат, потоа нанеси од пилингот и масирај нежно неколку минути, ќе осетиш како топчиња да ти излегуваат од лицето, после исплакни со млака вода и на крај можеш да си го искористиш и чајот, да се плиснеш 2-3 пати, таман камилицата смирува. А, плавото користи си го за миење секое утро.
за чисто лице незнам како да се добие, а сум пробала многу работи купив прво еден лосион од аптека, незнам како се викаше ама не помогна.. после тоа стик од нивеа, воопшто не помогна.. после тоа пак лосион од орифлем, не помогна.. после тоа пак нешто за мачкање од орифлем, ни тоа не помогна.. после тоа маска од орифлем, една сина.. после тоа сапун од орифлејм (како што гледате скоро се ми е од орифлејм, и тоа сите се од иста колекција - со рузмарин и чајно дрво).. кога ќе соберам се, скоро 1000 ден. и повеќе имам потрошено на вакви работи и ништо не помогнало.. сега засега планирам да не купувам ништо друго, подобро ќе штедам пари и ќе си отидам на дерматолог.. Спојлер оф топик е, ама јас сепак да си прашам - која е разликата помеѓу акни и мозолчиња ??
За чистење на лицево веќе не купувам ништо! Деновиве фино лепо ќе отидам на дерматолог, ќе ми дадат антибиотици, ќе ги испијам и ќе почнам со третмани на козметичар. Се утепав пари давајќи за колекции од Еуцерин, Авон, Орифлејм и ништо. Пак ми искачаат одвреме на време нови. Вака да се среди прво проблемот што ми е одвнатре во организмот па после да се среди надворешно и здравје да не се замарам и пак да ми биде лицето чисто ко порано
Лицето бара скојдневно чистење На вашето лице потребно му е умерено средство за чистење, бидејќи во голем број случаи, сушењето на кожата е предизвикано од претерано силните средства за чистење на кожата. Особено оние кои содржат алхохол и јаките тиници може да ви ја исушат кожата. С о нив, не само што се отстрануваат неопходните липиди, туку и се намалува цврстината и еластичноста на кожата. Не надразнувајте ја кожата со силни, темелни средства за чистење. Доколку на површината на кожата се јават знаци на дехидрација, променете го средството за чистење на кожата или пак начинот на кој го нанесувате. Исто така, не е препорачливо и пречестото миење на кожата со топла вода, тоа може да доведе до трајна дехидрација предизвикана од губењето на липидите. Најдобро е да бирате средства кои се на база на термала вода.
А направи ли промени во исхраната? Џабе ти се антибиотици, тие убиваат бактерии. Ќе ти ја смират кожата, ама сигурно нема внатрешно да го решат проблемот. Акните излегуваат поради хормоните 95% од времето, и ајде тие 5% нека се од некакви алергиски рекации или нечистотии. Прва работа за оние кои имаат проблеми со акни е заборавете на млеко и млечни производи. Ако не можете скроз да ги исфрлите од исхрана, тогаш пијте јогурт, кисело млеко, сирење ама никако свежо млеко! Пилешко месо исто. Млекото и пилешкото месо се царство на хормони. Млекото има естроген, а при покачен естроген излегуваат акни, на пример кога сме во ПМС, се покачува естрогенот и оп 5-6 бубуљички на лице. Овошје и зеленчук најмногу што можете, за детоксикација. Вода исто, нормално во граници на нормала. Избегнувајте шеќер, јадете банани место чоколади. Јадете мед и леб место еурокрем и леб. Нормално не мора да се откажете од се, каснете си и чоколадо понекогаш ама да биде тоа најретко што може. Џабе ти се антибиотици, чим одеднаш ти се појавиле акни, викаш си имала чисто лице, тоа се хормони. Испитај што е покачено, а што снижено можеби ќе треба да примаш хормонска терапија, а можеби и не. И мене лани на 20 години почнаа да ми искачаат повеќе акни од вообичаено. Што не пробав, Нивеа, Лореал, Хлоракол, Дермогал. На крај си најдов производи кои ми одговараат, ама сменив и исхрана. Еве прост пример, никогаш не сум сакала млеко освен во кафе, али вчера ме пукна некоја криза се напив две чаши и денес сабајле се разбудив со 3 ситни бубуљички кај брадата. Може мојот организам реагира така бурно на млеко, не викам не, али тврдам дека колку помалку внесувате млечни производи и вештачки шеќер толку почисто лице ќе имате. Секој проблем од внатре се решава со правилна исхрана. Убаво си ја сфатила поентата дека треба да го решиш проблемот одвнатре ама со антибиотици ништо нема да постигнеш.
^И со антибиотици се чисти внатрешно ако ги пие. Тоа што и излегле наеднаш не мора да значи дека се хормонски, може е некоја инфекција која се лечи само и само со антибиотик. А околу исхраната, зависи кај кого ама најчесто нема врска со акните.
Да, а дали некој ќе и направи антибиограм за да се испита која е таа бактерија? Или ќе и тупнат како и секогаш стандард јак антибиотик кој ќе и направи лом низ организмот. Затоа реков, нека си испита што точно е, нека не оди веднаш на антибиотик. А исхраната нормално дека влијае. И јас не верував кога ми искачаа порано, демек се тоа си е до годините, па хормоните и остало. Ете многу убаво кажав, кога се работи за хормонски акни млекото е број еден што МОРА да се исфрли од исхрана. И објаснив зошто. Кравата дава млеко откако ќе се породи, што значи во самото млеко има многу хормони. Тие хормони не може да се уништат, едноставно се во самиот состав на млекото. Плус тоа млекото има и многу други состојки кои делуваат како алергени, не за џабе многу мали деца до одредена возраст, па и возрасни луѓе не го поднесуваат. Како што кажав, млекото само по себе содржи хормони, бидејќи кравите се женки значи има повеќе женски хормони. Телото пробува да направи некој баланс па продуцира повеќе андрогени или машки хормони и се јавуваат тие цистични, хормонски акни. Со внесување на вештачки шеќер се зголемува нивото на инсулин, а инсулинот заедно со тие хормони ја стимулираат кожата да предизвикува материи кои излегуваат на површината како акни. Се е поврзано со исхраната! На крај краева, доволно е месец до два човек да се обиде да избегнува млеко и вештачки шеќер, па да види дали ќе има резултат, а јас тврдам дека ќе има И јас не можам да се откажам од сирење и јогурт и ги јадам и пијам, но во умерени количини и сега преферирам козјо сирење кое според мене е многу поздраво од кравјо или овчо (кое е многу мрсно). Ако луѓе успеваат со сирова храна (овошје и зеленчук) да се излечат од тумори, тогаш по која логика не би влијаела исхраната на акните?
Тумори со акни си немаат врска. Јас бев на строга диета 2 години па пак ништо не ми смени тоа, и на хормонска терапија бев па пак имав акни, дури можам да кажам тогаш кога сум била на најстрога диета сум се исфрлала. И медицински е докажано дека исхраната не влијае на појава на акни во 90% од случаите. За млекото си во право, ама дека има висока доза на естроген, а не дека млекото како такво е штетно. Храната како храна не може да влијае на појавата на акни, тоа што денеска хранава е полна со хормони друго е, ако пиеш квалитетно млеко и јадеш квалитетна храна, колку сака нека е пржена нема да влијае. А за антибиотикот и антибиограмот, причинители на акни се знае кои се, нема потреба од антибиограм. Не се препишуваат било какви антибиотици, туку баш тие што се за тие бактерии, миноцин, клиндамицин, еритромицин, цефалексин. Ако антибиотикот кој ќе го прима одредено време не покажува резултати, тогаш може да направи антибиограм, со што акните не би биле акни туку би биле друга кожна реакција на друга бактерија.
Го користев некое време ама никакви зачудувачки резултатите не видов искрено дури и оваа четкава некако нехигиенски ми изгледаше.. бактерии собира од лицето.. што знам, јас не бев задоволна искрено кажано.
Ако може помош девојки кој ја има користено кремата на Сашо? Јас зедов пред 2 недели, ми даде само една крема што ја мачкам само навечер, кафена е така некако, и ми даде сапун. Исто ми кажа да пијам чаеви. Гледам сите резултати сте имале после 5-10 ден, мене еве 2 недели поминаа ништо ми се нема променето. Инаку платив 2500 денари. Се заебав или? Не ми е за парите, за времево што го губам и надеж што губаам веќе....
За што е наменета смесата од бадемово масло+вода? Прочитав некаде по темиве дека некоја феминка го правела ама никако не можам да најдам.
Го мијам лицето со Бекутан сапунче,многу е нежно и не иритира. Си варам чај од нане и жалфија и така си ги отварам порите,па со пилинг ми излегуваат црнките,а си користам домашни состојки за да направм пилинг.Малку кисело млеко и повеќе пченкарно брашно.И многу го чисти тоа лицето.Мајка ми го има ова користено и јас тоа на неа и го земав Исто така и со сокот од лимон или сокот од грозје се супер за чистo лице