Драги Феминки, дефинитивно најпрекрасното а најевтино нешто за чистење на лицето се обичните овесни снегулки кои ги има во секоја продавница. Проверено од мене и многу другарки, природна работа. Не е некој производ за реклама па ке речиш реклама за заработка, едноставно, топло препорачувам Во видеово е се објаснето. http://www.youtube.com/watch?v=7e5_RVBwNjE
Дали има некој искуство со таблетите од пивски квасец? Читав по интернетов,бил за подобрување на кожата?Почиста кожа,без акни,посвежа... Има и негативни страни,подувување на стомакот,али само кај некои случаи.. Искуство некој ?
Еве јас ќе го споделам моето искуство бидејќи таблетите од пивски квасец ги пијам долго време околу година а можи и повеќе На почетокот нема забележителни промени, но после неколку месеци барем кај мене имаше многу големи резултати. Најпрво косата ми порасна за многу кратко време и ми стана еластична и жива, повеќе незнам што се испукани врвови (а имав сува коса и многу ми се правеше метил), всушност косата беше причината што започнав да ги пијам овие таблетки. Лицето од секогаш ми било супер и не сум имала проблеми, но се забележа извесен сјај и сега ми е поубаво од било кога. Единствено за ноктите немам никакво подобрување, се уште се танки и кршливи. Несакани ефекти колку што знам, барем кај мене нема. Не се поправив ниту килограм, надуеност не стомакот не чувствувам а исто така мене не ми отвораат апетит. Јадам како секогаш. Можеш да ги пробаш не се скапи а многу помагаат за целокупната здравствена состојба на организмот. Јас понекогаш ги комбинирам и со витамини Б комплекс и со фолна киселина, и некогаш не сум се чувствувала и не су изгледала подобро
Би требало да е добар, со самото тоа шо содржи добра количина на Б-витамини, нуклеински киселини, минерали селен, хром, цинк, значи комбинација за полесно справување со стрес, исто го снижват шекерот во крвта, за подобра работа на срцето, с-мот за варење, и се си иде полека на свое место, преку ова и кожата, коренот на косата. ^Talita во врска со надуеност не би требало затоа што помага при варењето и го отклонува запекот, ја поправа нарушената микрофлора на цревата.
Ee, некој поназад ги спомна Clear Skin производите на Авон. Мене пред некој ден (пред 3 дена поточно) ми стигна портокаловиот крем-гел и портокаловиот третмн со 2% салицилна киселина. за 3 дена - задоволна сум, особено од третманот. Во упатството пишува дека после 3 часа се повлекуваат мозолките, а мене уште после првиот час ми се повлекоа. А крем-гелот е добар за наутро и навечер - особено ако имате мрсничка кожа. Еве ги, нив ги имам, само без тоа првото. Едит. За пивскиот квасец. Јас порано го пиев, и освен тоа што се поправив немаше никаков друг резултат.
Луѓе а шо мислите за секојдневно миење со сапуните на DOVE,има некој пробано така? Не ви ја сушат многу кожата? И за ова што мислите? Т.е. нешто како ова беше:
Пак јас Испаднав како експерт за лице ама не сум, само имам позитивни искуства со некои производи меѓу нив е и Dove сапунот (но не и кремот, премногу е мрсен и не се впива убаво во кожата). Го користам dove beauty bar класичниот син сапун, секој ден на утро и на сабајле и воопшто не ми ја суши кожата, а сите останати сапуни што сум ги користела вклучувајќи ги и сапуните од козјо млеко после употреба кожата на лицето сум ја чувствувала како оптегната од сите страни. Значи за Dove сапуните само пофални зборови А средство за чистење на лицето јас го користам тоа од Loreal - Perfect Clean сино со мека четка и од него сум многу позадоволна одошто од Nivea. Nivea ми го сушеше лицето што не е случај со ова од Loreal. Сега зависи и каков тип на кожа и колку години имаш, бидејќи и тоа е пресудно дали некој препарат ќе ти се погоди или не.
ЈАс го користев тоа од нивеа, и за него имам само едно апсолутно НЕ! Ми се луштеше лицето, а имам мрсно и немав никакви позитивни резултати
Па можам да речам дека имам комбинирана кожа,со масна Т-зона нели, кремчиња ми се погодија едни од Орифлејм,зелени,а за миење незнам,користев едни исто од Орифлејм,убави беа,ама сега да сменам малце,а и нешто поубаво да земам си мислев. Ок,ќе прочитам уште некое мислење па ќе земам нешто Ете штом велиш Dove се добри,можам да пробам и со нив
Зависи.. Бидејки јас го ставав само на акните и ми ги сушеше, а не на целото лице бидејки го лушти лицето. Има дејство на пецкање и уште одма се познаваат резултати и ја суши акната, ама и кожата околу неа. Мене ми помага
Ахам. Благодарам А дали ги има некој употребувано овие таблети пивски квасец, дали му помогнале и дали со пиење на едно кутивче има ефект?
Девојки да ве прашам. Во последниве 2-3 недели имам ужасен проблем на челото. Значи нафрлана сум низ целото чело. Некои излегуваат покрупните и нормално се познаваат од километар , некои се толку ситни, ги стискам и ништо, ми се чини како да излегуваат уште повеќе. Дали има некој поим од што ми излегуваат и како да се справам со нив?? Само без креми затоа што ја користев најефикасната што секогаш ми помага овој пат ни таа не ми помогна. Нешто природно, некоја маска или да се мачкам со нешто? Порано се си мислев пубертет ајде после ќе ги нема и сега на толку години стварно не знам што е проблемот !? ://///
Па и јас го имам истиот проблем,најмногу имам на челото. Мислам дека кога го миев лицето со сапун најмногу ми помогна и скоро сите ми ги снема. Ја би ти препорачала само редовно да го миеш лицето и ќе видиш промена.Дури и по неколку дена на ден миј го,секогаш кога ќе осетиш дека ти е мрсно(ако имаш мрсна кожа). Би требало да има подобрување
^ Кожата не ми е ниту мрсна, ниту сува. Нормална. Проблем до сега сум немала, освен знаеш периодот пред добивање ќе се појавела 1-2 и толку, а сега се чудам вакви прв пат ми излегуваат. А не се стискам, знам само бетер ќе ги направам. Ќе пробам со миење почесто па ќе видам.
еден период додека бев на факултет лицето ептен ми се нафрлаше ама знам со беше проблемот-не спиење со денови, нередовно и суво јадење и сл ствари....мојата кожа е тврда претврда ако чепнам нешто до вечерта се прави гоооолема акна...значи страшно! инаку имам т зона мрсно чело а суви образи... е сега е веке друга приказна не чачкам многу многу...користам благо средство за миење лице навечер.../здраве/ крем за бубуљици (ако има некоја)...и маска од глина 1 до 2 пати неделно од гарние или балеа и лицето ми е топ..да не се подречам со шминка никогаш не легнувам ...се бришам првин со бекутан влажни марамици па го мијам со гел..околу очи се мачкам со вазелин за навечер, ем и за брчкички околу очи ем и за раст на трепките ...а за образите лесен крем кој веднаш се упива од гарние...
А тој третманот со овесни снегулки, снегулките можат да бидат 'ржани место овесни зошто во моментов имам само такви или мора овесни да се?