Пошто ми ствара ептен хаос(кај косата ми оди ) , јас пред да влезам да се бањам го мачкам тоа на лице и се мафтам натаму наваму 5 мин и го мијам. Мислам дека треба и повеќе да отстои ама не можам да чекам јас
Со тоник ко ќе се прајт, требит после да се исплакнит лицето, пошто сега од Авон порачав и незнам дали да го измијам после.
Никој? А толку имаше презадоволни од кремава Очигледно некој се рекламирал тука. Јас после поминати 20 дена и ниту еден резултат, освен што лицево уште толку ми се исфрла, си ја откажав, а се мислам и парите да си ги барам назад.
Некој лосион и крем за суво лице, со црнки на носот, и некоја акна повремено? Има некој со слично искуство, бидејќи навистина незнам што да користам?
И јас имам проблематично лице и мрсна кожа. Најмногу акни ми излегуваат на образите и на челото. Јас го користам веќе подолго време гелот за чистење од L'oreal и задоволна сум од него. Порано го имаше и овде, но зимото кога сакав да си го купам го немаше нигде па си го купив од Бугарија. Исто така го користам кремчето од Doctors Antiacne cream(не можам да најдам сликичка на интернет) и тоа ми ги суши акните и ми го мазни лицето. Но јас пак сум си се со акни и никако не можам целосно да си го исчистам лицето. Е сега го пробав тоа со снегулките, но не со обични туку со `ржени(само такви имав дома). Утре ќе си купам од обичните и ќе си ставам на лицето. А ме интересира и за кремот ЗДРАВЕ што сте го спомнале. Помага ли за акните?
Ова го користам последно. Нежно, со малку се прави пена убаво и го чисти лицето и убаво го освежува. За посува кожа е одлично. Иако може да се користи и за комбинирана. Проблемот е ако имате некој од америчкиот континет да ви го донесе.
Можеш да пробаш со пилинг за лице наменет за кожа со црнки,потоа да ставиш маска 2 пати неделно,и да користиш тоник за црнки,и на крај крем за сува кожа на лицето. Еве како изгледа маската за црнки.
Мислам дека може да се добие со онлајн нарачака,една другарка порачуваше. Ке ја прашам за страната па ке ја постирам, мислам дека малку е поскапо ако се порача така ( само да не ме обвинат за рекламирање )
јас се што и не пробав за да дојдам до чисто лице,мене од стрес ми се направи катастрофа лицето,јас до 19 години имав прекрасно лице. бев овде во торино неколку пати на дерматолог и разни раб ми дава и не ми помагаше ништо ... отидов во скопје кај една докторка-дерматолог,секоја и чест на жената .. сеа лицето ми е скоро перфектно,уште ставам од кремите што ми ги даде ... ама има сум среќна,ми поминаа сите акни,немам ни лузни по лицето заборавив да напоменам дека првиот преглед е 300 денари,сите контроли се гратис а секој третман е 900 денари
По медиумиве слушаме стално да се миеме со топла вода! Пробајте со ладна вода, и антиакне сапун! Па пишете искуства!
Сакам да ви кажам дека денеска открив една нова крема која е само 55 денари ми ја препорача колешка таа ја користела за лицето, имала акни, и лицето и било надразнето и имала некои флеки и лузни, кремата се вика pally бугарска крема е , ја произведуваат во Тајланд. На упатството пишува дека кремата е наменета за сите видови акни, за темни флеки, и кожата ја прави мека мазна , нежна , кремот да се нанесува наутро и навечер пред спиење... еве една слика која едвај ја најдов , кремот е од лево кон десно третата кутијка црвената, во долниот ред се надевам ке видите некако.Јас сега само што си ставив од неа па ке ви ги пишам реакциите како се кај мене, бидејки и јас имам проблеми со лицето http://www.hiwtc.com/photo/products/20/04/83/48344.jpg
Ми се појавуваат некои црвени топчиња така поголеми, што многу болат и не се стискаат. Има некое чаре?
Имав ист проблем ама кога почнав секојдневно да го мијам лицето со камилица и да користам бекутан витаминска маст ми исчезнуваа а исто така го мијам лицето со овој гел од авон за чуствителна кожа. Пробај и да ја смениш пудрата (доколку користиш) можно е и од тоа да се појавуваат такви мозолчиња, мене на пример од Импала лицето одма ми се нафрлува вака. Се надевам ти помогнав нешто
Дали некој го има користено chloramphenicol лосион за мозолки и дали има позитивни ефекти? Јас денес купив од зегин и ми рекоа дека било ефикасно и најмногу се трошело...како дејствува? За колку време се исчистуваат мозолките? Фала однапред
Кремата ја купив јас од едно дуканче во Струмица, кад ешто се продава козметика мејкап, чантии сфашта има, ама можете да си прашате во аптека бидејки е Бугарска можеби ја има, а и имам сретнато дека ја продаваат по улица оние со мали тезги, или видете во некој супермаркет можеби ја има, незнам на друг начин како да ви помогнам , позз
Ми се појавија многу мозолчиња, дел се поткожни, дел не и страшно ме болат. Го мијам лицето со гел од Орифлем со алое вера или со еден мислам на Балеа беше. Убаво чистат ама никако бре ни една мозолка да се повлече. Го чистам со Хлорамфеникол, а потоа ставам вазелин со невен и пантенол. Се повеќе ме чеша лицето, мислев да не ми е од геловите, пробав само со вода ама полошо е. Од кога ќе се измијам не можам да ја смирам никако кожата, боли многу. Алергична сум на ладно ама не е толку ладно, плус се мијам со млака вода. Дајте чаре