Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.649
    Исто и јас имав така! Користев Хлорамфеникол, и имаше резултати, но сеуште имав мозолчиња!
    Во период од 2 недели, почнав лицето да го мијам со ладна вода (никако топла, или жешка), и употребував сапун антиакне од докторс! Пред 3-4 дена почнав со неутрогена и тој е супер! После миење, ставам помада од докторс од магдонос! Си го најдов лекот, а чини само 60 денари! Најдобрата крема на свет!
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Марамке и мене еден период ми се појавија мозолчиња и пробав многу препарати. Единствено ми помогна зелената глина. Јас ја зедов од Виталиа, не се сеќавам точно колку пари, и за брзо време ми ги исуши мозолчињата. Во упатството пишува да се нанесува два пати неделно, ама јас ставав еднаш. :)

    [​IMG]
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Дај кажете некој лосион, крем било што за флеки од мозолчиња :(
    И нешто за подкожните .. :worried:
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Марама, пробај да го миеш лицето со сода бикарбона (со малце вода, како пилинг да правиш), па ставај некоја од кремите што ти одговара.
    Лично, на така раздразнето лице не би ставала кремови од Орифлејм, Балеа и слични брендови, туку нешто поприродно или медицинско. Прочитав и дека Здраве им помогнала на многу девојки, па (ако веќе и не си) пробај ја, немаш што да изгубиш.
    Како и да е, мој предлог ти е Балеа да ја смениш со Алверде, а пилингот со содата обавезно направи го, од него немаш никаква штета :)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Maрама, а зошто воопшто ставаш вазелин на лице?
    Тебе и онака ти е масна кожата и ти свети, а вазелинот се става само па ептен сувите делови од телото.
    Купи си некоја крема за масна кожа, еве пример таа од јанг дерм и ќе имаш резултати

    Тебе ти треба соодветна крема за лице, во тоа ти е проблемот.
    Кој шок го правиш со хлорамфениколот, па вазелин тоа е чудо, и после се чудиш зошто ти е такво лицето :x
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Јас овој пилинг го препорачувам за мрсна кожа и чистење на пори
    Навистина ја чисти убаво.
    и мене ми излегоа бубулички на челото, вчера се изрибав прво со овој
    [​IMG]

    после со
    [​IMG]
    па им ставив на бубуличките здравје кремата, сабајле станав веќе и скоро ги нема.
    Xлорамфениколот е добар на почеток, после тоа :x Jа суши кожата многу, е сега тоа дека вади се детално-вади, ама не е препорачливо да се користи секој ден.
    Jас чат пат и ракија им ставам на бубулиците, озбилно ги гори
     
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Marama по ова што си го напишала ти најверојатно имаш алергија и тоа од нешто што го ставаш на лице,дали крема,гел за миење,пудра. Првиве неколку дена не ставај ништо на лицето освен миење со вода и облоги од чај од камилица и доколку за два дена не ти се смири оди на доктор кој најверојатно ќе ти препише некоја крема или маст .
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.331
    Марама,не постои такво нешто како алергија на ладно. Земи некоја крема на база на вода и миј го лицето со медицински сапун или со обичниот дав.
    А видов и некои феминки ја оставале водата да им се исуши на лицето,со цел да се *упиела*,тоа е најпогрешното нешто кое го правите.
    И друго, значи не можев да поверувам дека лицево ми се стори САКЛ :D , што би рекла баба ми, од шампонот за коса. Луѓе,откако го користам, ај што ми го зезна скалпот, туку и лицето. Фала богу, го мијам посебно и се,ама кога се бањам не можам да го изолирам од шампонот кога ја мијам косата. Значи во линија на косата ми излегоа болни,внатрешни мозолчиња, на лицето,тук таму внатрешни, вака не се познаваат,ама огромни чворови под кожата,болни. Еве веќе два пати си се мијам со омиленото брезово шампонче,полека почнаа да се повлекуваат.

    Поужасен шампон од тој Елсив црниот, не постои на планетава земја,а башка што ми ги истенчи врвовите на косата, што никогаш не ми се случувало.
    Така што,не ја отфрлајте можноста лицето да ви се исфрла,а и по телото од производите за коса.
     
    На marama и najubava2010 им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.693
    Допаѓања:
    253.374
    Јас никогаш сум немала проблем со лицето. Имам чисто, џам што би се рекло.
    А не е до гени, бидејќи мајка ми, а и сестрите имаат проблеми со лицето, се исфрлаат, па мозолки, црнки итн.
    Но јас не користам никакви средства за миење на лицето. Го мијам кога се бањам или кога се враќам од работа или излегување со влажни марамчиња или само со вода. И толку. Наутро никогаш не го мијам лицето. Звучи чудно, ама што од мрза, а и не ми годи пречесто миење. И верувајте, ете Лудото ме познава, јас немам никаков проблем со лицето. Имам случај со блиска особа која имаше проблематично лице, кое го третираше со што уште не, се проба, толку се грижеше за него што јас понекогаш се срамев. И пак моето лице беше почисто од нејзиното. Поради одредени околности, сега заборава и да го мие толку често, избегнува кремови, пилинзи и еве ја со џам лице.
    Затоа умерено и со пилинзите и со сите средства за лица.
    Пробав и јас со пилинзи, со гелови и слични работи и почнав да се исфрлам, па си се вратив на водата и влажните марамчиња.

    Некни читав како Селма Хајек никогаш не го мие лицето наутро :)
    http://mkd-news.com/glumitsata-selma-ha ... etno-bilo/
    Има логика :) .
     
    На imelda и Fleur-De-Lis им се допаѓа ова.
  10. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    И мене во последно време ми се појавија многу мозолчиња, слично како на Марама. Секоја вечер прво го мијам лицето со вода и убаво го чистам со Дермогал ,и наутро кога ќе станам исто. Ама нема резултати. Него имав едно прашање, дали може да користам павловичева маст за лицево? Затоа што имам мрсна кожа..
     
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Да се надоврзам на Лилит што се тиче шампони и регенератори, односно препарати на коса кои можат да имаат непосакувани резултати по кожата на лицето и телото воопшто. Имено баш пред некое време читав статија негде за тоа дека маските за коса и сл. препарати се најчесто предизвикувачи на појавувањето на мозолки по деколтето и грбот, поради составот кои ги гуши порите и наталожува маснотии кои прават од оние ситни бубулички кои неможат да се стиснат а лошо изгледаат на изглед и допир. И демек препорачливо било косата да се мие оделно од телото, односно водата од измивањето на препаратите да не се слива по телото, ама па не ми е логично како ќе се заштити лицето, за телото ај, ќе се наведнам над када ќе завршам работа, ама лицето особено делот кај слепоочниците е невозможно да не се намокри.

    Моево лице за да биде под контрола бара редовна хигиена, секојдневно миење и третирање со хидратантни креми. Еден период го тинтрев и ми се исчисти, после пак го забаталив престанав со секојдневното миење и лом ми се напраи, почнав редовно да го мијам (моментално со луфа и бекутан сапун) а после пред спиење задолжително тенок слој вазелин и оригинална павловичева и се стабилизира.
    Не ми е џам чисто, имам по некоја бубулица али не кратери ко претходно кои со ништо не се камуфлираа.
    И Здравето очигледно кај сите различно делува, кај мене немаше некои забележителни резултати, а скоро половина кутивче истрошив, истите резултати ги постигнав и со погоре напишаната постапка, али тоа е, секоја кожа е различна.
     
    На WildCherry и CrazyStupidLove им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.044
    Допаѓања:
    81.409
    Пол:
    Женски
    Изминатите две недели лицето ми беше во катастрофална состојба - исфрлано со поткожни мозолки по целата Т-зона. :x
    Спомнав и во друга тема дека сменив сапун, сега го користам Дав и намерно не ставав други тракатанци од типот на пилинзи и лосиони, туку само малку Акнифин на самата акна (за побрзо да избие), да видам дали ќе има ефект.
    Ми се исчисти лицето, имам тука-таму по некое мало брунче, ама во главно лицето е чисто.
    Само делот кај слепоочниците ми остана фатален, го средувам со Лала, ама многу споро оди работата и речиси сум сигурна дека ми се појавија од маската, како што спомнала Најубава претходно.
    [​IMG]

    Можеби не е до сапунот, може ми се презаситила кожата од сите глупости што ги користам, ама ете пак почнав да си го користам лосионот што си го имам по дома и нема некоја непосакувана реакција, а навистина се приметува дека дури и оние подлутените акни ми се повлекуваат кога го користам сапунчево. :)
    Го имам и тој зелениот со краставичка, исти ми се по ефикасност, убаво мирисаат и што е најважно, го немам тоа чувство на затегната кожа.
    Ќе купам и Здраве, а со старите препарати ќе терам уште некое време - и онака ми се при крај.
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    91.876
    Пол:
    Женски
    Постои, како што постои и на топло. Не трубам онака, разговарав со доктор. :)

    Инаку лицето го мијам деновиве само со вода и гелот од алое вера. Нема повлекувања ама ич, а и ич не ги сакам тие лекари бре :worried:
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.044
    Допаѓања:
    81.409
    Пол:
    Женски
    Maрама, а да пробаш со маст од невен?
    Мене ми ја носеше мајка ми, ја купувавме од возрасна жена која дома ги приготвуваше кремите.
    Распрашај се, сигурно и фармацевтите имаат таква некоја маст или пак има некој/а што знае да ја направи. Јас ја користев кога ми се појавија едни ко мозолки под очите, како алергија нешто и се повлекоа. Ја користам и кога имам бубулици поткожни, ја вади гнојта надвор и побрзо поминуваат, а и многу смирува црвенила. Може ќе ти помогне, нема да имаш штета зашто на природна база е смесата.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    91.876
    Пол:
    Женски
    Имам купувано од аптека, ете не ми текна да си земам пак. Фала ти, уште утре ќе си ја купам.
     
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Marama не очекувај за една вечер да ти се повлечат мозолчињата, посебно па сега кога си го преотоварила лицето со разни гелови и лосиони. Пред да почнеш со маста од невен ти препорачувам од искуство да го миеш неколку дена лицето само со вода и да не користиш ништо друго, да се одмори малце, па после почни со невенот. Мене таква иритација ми се направи од хлорамфениколот, до толку ме чешаше и пржеше лицето мислев дека ми изгоре.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Морам да го споделам моето искуство со вас,со цел да помогнам на некој во слична ситуација.Преку ноќ лицето ми се исфрли на брадата,па со тек на време се прошири и околу устата и носот,текстурата на кожата црвена иритирана измешана со полно мали бели топчиња(Диајгнозата-Копривка/Периорал дерматитис).Без консултација на лекар почнав со користење со се и сешто што помогнало на друг,ништо не ми помогна.И на крај отидов на лекар консултации,препораки,испитувања и испадна дека целата иритација на кожата настанала поради претходно користење на несоодветен антибиотик(кој ми го препиша матичната-Кларитромицин).Од пред два дена пијам соодветни лекови,ставам два пати на ден облоги со камилица на лицето и го мијам само со вода,и мачкам Елидел крема,која ја има само во околните земји и кошта оклу 1800 ден.Подобрувањето го гледам веднаш.Ни на крај памет немаше да ми падне дека од Кларитромицинот ми се јави ваков проблем,а што ли се не поминав,те викаа алергија е,те акни се.Се надевам ке помогнам на некој.Поздраав :hai:
     
    На Ladybbc му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    104
    Користев многу работи,лосиони,гелови,кремови и триста други работи..Само ми се доуништи лицето,од неколку акни ми се зафати цело ливе..Сега го користам само овој сапун од DOVE (имам намера да ги пробам и другите)...Значи полека ми се чистат акните и кожата е многу мека..Ми дојде умот да земам DOVE оти незнам шо ке праев..А и прекрасно мириса..Ммм.. :inlove: :*
     

    Прикачени фајлови:

  19. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Мене ми треба нешто за смирување на црвенилото од мозолчињата.
    Помош нешто?
     
  20. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Marama- Незнам по кој пат го фалам гелов за миење на лице
    [​IMG]
    топло ти препорачувам да си го земиш,не се скап 90тина денари, а разликата ќе ја видиш по првото миење. Кожата е многу мека и без црвенило :)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.