Во контекст на постовите, од вчера почнав со нов тоник и денес и го чувствувам мазно лицето... тоа е се моментални чувства што не значи дека делувал тоникот. За резултати од производ кој го употребувате треба да поминат минимум 28 дена. Терапиите на акни траат помеѓу 3 и 6 месеци за видливи резулати. За решавање на проблемите со лицето треба многу трпение и упорност, ништо не се случува преку ноќ. Препорачувајте испорбани производи со резултат, а не пилинзи и гелчиња што три пати сте ги употребиле.
Пред недела дена почнав да користам маска за коса, одамна немав користено и под брадата, на грбот под вратот и на деколтето се исфрлав ужасно со огромни бубуљички. Со месеци веќе користам одредени производи и барем лицето ми беше супер, а и на грб и деколте не ми искачаа толкави гнојаници и стварно немав идеја што се дешава сега, а башка не треба ни да добијам. Да не го прочитав ова ќе се тешев дека е ради промена на сезоната или нешто слично. А како решение, лично јас, ќе си земам спреј Глис барем да ми се чешла полесно косата. Фала!
Да , стварно има нешто, пошто ја исто имав ужасни проблеми со лицево и сеа у последно само навечер ке го измијам со антибактериски сапун, или одкако ке се вратам од факс за да си го исчистам лицето од пудра ставам Докторс антиакне шо е и после не го чепкам уопште, и стварно по чисто ми изгледа вака кожата ...
девојки ве молам кажетеми за тоникот напишав ама не ми вративте сакам да знам колку пати во денот со тоник да се прам еднаш само или мојт по појке пати
Ауу значи овие поткожниве премногу ги имам,да одам на козметичар,ќе ми си суредат ли,со игла ли ќе ми ги боцнат,и отприлика колку пари е?
Поткожните акни се најголем проблем бидејќи болат и долго време им треба да поминат. Доколку не се истиснат само се зголемува проблемот на делот каде што се појавуваат и тешко дека сами од себе ќе поминат. Исто така козметичарката ако не е многу стручна може да ја прошири инфекцијата и на друг дел од лицето. Треба да се обратиш на проверен козметичар или дерматолг кој ги прави и овие третмани. Цената на третманот е од 800 ден па нагоре, зависи од салонот или ординацијата.
А на поткожните да им ставаш секоја вечер пред легнување некоја помрсна маст? Така ќе се убрза процесот на зреење на акната и побрзо ќе излезе коренчето и ќе можеш да ја истискаш сама кога ќе биде доволно зрела. Јас така ги средувам сите поткожни, неколку дена по ред ставам маст од невен на акната и така преспивам, или пак ако немам некои активности во денот, ставам да стои и преку ден, кога сум си дома. Оваа домашната крема со невен (ја правеле и средношколки запишани на фармација, ако не знаете како изгледа прашајте некоја познаничка) стварно убаво си ја врши работата, ама било која друга маст ќе заврши работа, само да биде мрсна и да ставате само на бубуличката.
За среќа, пу пу, мислам ПУ ПУ, акни немам ниту сум имала, арно ама жена сум и еднаш месечно, понекогаш, една знае да ме изненади и обично е поткожна. И боли! Хит месеца ЈЕЈ! Едвај чекам кога пак ќе добијам Јас ја премачкувам со хидроциклин и избива на површина за неколку саати, па после ја чистам со тоник и слично. Ми имаат кажано дека хидроциклинот не е баш кошер, и создава своевидна навика на употреба, ама мене не ми пречи затоа што го ставам исклучително, само во вакви случаи. Не често. Арно ама, ако имате повеќе поткожни, нели е поубаво на кожен/дерматолог/искусен козметичар да си отидете? Јас не би ризикувала со експерименти на лицето, пред се затоа што си знам што мака е. Плус, лице е! Ако зезнеш нешто не дај Боже, веднаш се гледа и грдо е, не е убаво, башка што може дупла беља да си направите па ќе ја средувате дупло подолго време. Мој совет - не си играјте мајтап со лицето. Со петици, со раце, ајде, експерименти колку толку се дозволени, но со лицето каде што кожата е толку нежна, никогаш не би ризикувала.
Ама не се акни кај мене,туку онакви ситни бубулици,како топчиња,ама поткожни...ни ме болат,ни ништо,ама многу ми сметаат посебно на допир,или па на сонце се гледаат...пробав Мишела да им ставам маст,ама само неколку дена практикував и толку,неможам на спиење оти цела перница ќе ми ја извалка,а преку ден,веќе доста трауми имаат моиве комшии од Здравето,и гледам што помалку да го шлакам лицево преку ден...и затоа прашував за на козметичар,ваљда со игла ќе ми ги буцне или како и да оди таа работа....
Ако збориме за истите и мене ми се појавуваат.Поткожни бели,како топчиња,тврди се.Во последно време баш често ми искачаат,ама приметувам дека за некое време сами се повлекуваат. Така да,биди малку трпелива сами ќе се повлечат.Малку повеќе време им треба,отколку на обична бубулица. А и мене не ми е јасно од што искачаат,дали од топлово?! појма си неам. Ако имате да препорачате некоја крема или било што,ќе биде од корист
Дајј кажете некоја крема, лосион нешто за подкожните мозолчиња, ги имам многу, сами не се повлекуваат. ме нервираатт
И јас имам такви шо челото, долго време им треба да поминат. Ситни се, и одстрана поради светлината се познаваат. инаку акни посериозни немам освен некоја пред менструација, ама овие само тие ми пречат, веќе и црнките почнаа да мисе повлекуваат и да не искачаат толку, мислам дека на англиски би требало да се викаат whiteheads па треба да прогугламе...
Девојки, препорачајте ми некој гел или од оние течни средства за чистење на лицето. Немам проблематично лице, ама пред и за време на циклус често се нафрлам малку, и некогаш некоја бубулица ќе реши да ми уништи ден! Ако има врска нешто типот на кожа, јас имам сува-комбинирана.
Порано имав само надворешни бубуљици кои траеа само по една недела. сега имам внатрешни кои траат по 2 3 недели и таман ке ми се повлечат се појавуваат пак кога имам пмс така што лицето ми е чисто само 1 недела во месецот а понекогаш ни толку. кажете ми што да правам затоа што многу ми сметаат...
Од никаде ми се појавија групички ситни бубулички околу устата и долниот дел на образите. Мислам ме излудуваат, бидејќи никогаш не сум имала проблематична кожа а посебно што не знам од што ми се. Има некој начин за брза санитација? За лице користам еден чистач од Лаш и тоа веќе неколку месеци и презадоволна сум. Скоро почнав да користам една нова крема, па се мислам од тоа да не е...Друго не ставам на кожата на лице, не ја мијам со сапун ниту правам некакви пилинзи. Ќе се швкрнам ради чудава, како сипанички да имам на лице сум.
другарка ми исто така имаше ваков проблем ,ситни бубулички околу устата и долниот дел на образите,посетуваше и дерматолог но не и помогна на крај го купи обичниот сапун на dove и го миеше лицето секое утро и вечер и за две недели и се исчистија..
Уф, со гулабиве ич немам убаво искуство Јас имам комбинирана накај масна кожа ама на Дав сапуниве премногу ми ја сушат кожата. Во скопје земав еден и зажалив после две миење пресува ми беше кожата. Мислам дека после два месеци сапунот уште си седи во купатило, мајка ми вика ни за раце да измиеш не е...
Најчесто во пределот околу устата и на брадата се појавуваат бубулички и црнки ако имаш проблем со јајниците, па не е лошо да си провериш...во меѓувреме земи сапун Асо Дерм од аптека и чисти го лицето со тоник од Леа или Дермогал.
Девојки да ве прашам нешто. Например ако сакам да користам домашен третман за пеги,некој крем за лице, и тоник за порите во исто време, ке делува ли лошо на кожата, или дури е и подобро?