072/276954.Случајно го видов гледајки низ темава и си го запишав ама немам многу време оти сум со мало бебе ај кажете дали се скапи тие креми од кај тој Саше,да ви кажам смачено ми е веке од овие мозолки се породив и уште со мозолки па до кога вака Имам мрсна кожа на лицето и на телото и се разбира и мозолки на грбот и рамената и кога е лето не можам рает да си се облечам оти ми е срам од мозолките.Дајте некој совет. Поздрав.
Jas би ви препорачала ич да не се лажете со кремава, човекот очигледно си отворил милион профили да се рекламира на темава, ја користев цел месец и освен што лицето ми стана за нијанса полошо бидејќи не користев ништо друго освен кремата, други резултати немаше. Тоа глупости како за 3 дена се исчистило лице полно со акни да не верувате, јас се ислажав ајде викам може мене подолго време ми треба, ама цел месец помина без никакво подобрување, ни малку барем да ме мотивира да продолжам со кремата. И му се прејавив на човекот, ме убедуваше дека така требало. Глупости, срамота, ми отидоа 2500 за џабе буквално, со тие пари можев да си купам барем квалитетна крема.
^ Обична палома ќе ти заврши работа. Имај си при рака пакетче паломи, кога ќе видиш дека лицето е мрсно само натапкај со паломата и толку. После тоа јас ставам камена пудра, за да ја фиксирам течната пудра одоздола бидејќи секојдневно користам пудра поголем дел од денот.
Мишела ти би можела да знаеш, ги има ли кај нас оние хартивчиња за впивање на мрснотија? Ги имам гледано на голем број туторијали на youtube, нормално претежно американски или англиски, кај нив ги има од сите можни брендови и се со некоја смешна цена од 2-3 долари. Дали имаш сретнато такви кај нас? Фала ти
Не мила, не сум приметила вакви шамивчиња низ нашиве аптеки, ама мора да има, ако не низ аптеките, сигурно има низ Космо. Или пак ДМ обавезно би требало да држат вакви - Германците се опасни створчиња, таму мора да има. Ту, што не пишавте порано - денеска бев низ аптекиве, ќе можев да прашам. Ајде ако поминам утре, ќе прашам и ќе пишам во темава. Мене и обични палома шамивчиња ми вршат работа, не ја размачкуваат шминката, т.е. пудрата, ама јас за секој случај откако ќе се пребришев ставав пак малце камена за секој случај.
И јас планирам утре да се распрашам, па ако се со некоја пристојна цена би ми завршиле работа. Палома е мн поекономична работа, само некако ми е незгодно да се бришам со палома пред луѓе, а не секогаш можам да се тргнам на страна и да се истапкам. Јас не користам пудра веќе некое време ама пак се случува да ми светне т-зоната, особено пред добивање. Инаку баш гледав, имаат дури и такви марамчиња со прав од ориз на нив што доаѓа како замена за камена пудра, плус смирува црвенило. И тоа исто за некоја најниска можна цена. Да не зборам за тоа што брендови што кај нас се на некое ниво и држат цена, како Ревлон, Лореал, кај нив се најниска класа и се по 6-7 долари пудрите, руменила и слично. Да си пукне човек
Паднаа кавги паднаа обвинувања, не е битно Ајде јас да го разменам моето искуство, мај месец ја земав кремата од саше си ја порачав ми ја направи човекот. Кога отидов да ја земам пола сат и повеќе ми објаснуваше како се употребува кога се употребува,што треба да се прави што не треба да се прави. Дури и тој ми се јави после 15 дена од како ја земав кремата ( ми рече да му се јавам но не се јавив ) за да праша за резултати и дали дејствува кремата. Од мај месец до сега ја употребувам,првите два месеци интензивно потоа не толку често, два до три пати неделно. Целосно сум исчистена немам ниедна акна, да не испадне реклама и дека го рекламирам но мое мислење е дека вреди да се проба. Доколку е цената проблем пресметај колку имаш потрошено до сега . Пишав затоа што навистина мислам дека човекот е навистина фер и коректен,а и ми помогна кремата.
За да имате чисто лице основно нешто е да си го одредите типот на кожа па потоа да тргнете во потрага по соодветните препарати. Навечер и насабајле обавезно треба да се практикува чистење на лицето, миење со гел за лице или сапун, тоник за отстранување на мртвите клетки и нанесување на крема. Јас не препорачувам сапуни за миење на лице затоа што многу повеќе го сушат лицето од геловите за миење лице, освен сапунот од козјо млеко кој воопшто не ја суши кожата. Го имам пробано и бидејќи имам многу сува кожа буквално можам и да не нанесам крема после миењето со овој сапун, многу сум задоволна, но сепак не го употребувам повеќе од еднаш неделно. Немојте да го миете лицето со обичните сапуни кои не се наменети за лице и немојте да го мието лицето со топла вода бидејќи така уште повеќе се суши кожата. Според мене најдобро е да се употребуваат производи на природна база кои немаат парабени, вештачки мириси и бои. Друго што е многу погрешно е да се мачка лицето со креми како бекутан кои се наменети за бебешка кожа, а повозрасната кожа бара сосема друга нега која бебешките производи неможат да ја задоволат. Погрешно е и на многу сува кожа да се нанесувам многу мрсна крема како павловичева или обичната нивеа или пак вазелин. На сувата кожа и треба хидратација не и треба мрснотија. Порано нанесував креми на гарниер, нивеа, и некои од авон - орифлејм и на моето суво лице сеуште имаше бубулки, црвенила, многу суви делови кои дури и се лупеа, имам користено и Виши и Еуцерин но бев задоволна само одредено време, после пак си почна по старо да ми се суши лицето. Пред година дена почнав да употребувам само природни производи лицето и ми стана премазно, без црвенила и без бубулички кои и онака беа ситни. Ги користам производите на доктор Шелер и Лавера. На доктор Шелер гел за миење лице од калинка, многу е нежен и целосно отстранува шминка и нечистотии, што е најважно воопшто не ми ја суши кожата, потоа со памукче нанесувам од водата со калинка за освежување на лицето и отстранување на мртвите клетки и на крајот нанесувам од кремата од јојоба и шисандра. Кремата моментално се впива и кожата ми ја прави еластична и мазна. Еве ги на слика ако некој е заинтересиран да ги проба: Гелот и водата се по 300-400 денари, а кремата е 700. Кремава е супер стварно но имам чувство дека повеќе хидратација ми терба на лицето, и еве собирам парички да си ја земам хидра зен на Ланком која патем кошта околу 4000 ден. ама ако несакам да шетам со брчки на млади години морам да и ја пружам соодветната нега на кожата. Затоа девојчиња никогаш не си легнувајте со шминка на лицето, не го чистете со секакви влажни марамчиња и не ги менувајте пречесто препаратите за лице. Навистина вреди за лицето да поторшите повеќе пари, знам дека сега во секоја дрогерија има гелчиња за миење лице по 50-100 денари ама подобро само со вода измијте го одколку со тие чуда, уште кога ќе ги видам во бои розеви, плави, зелени ми се гади и се прашувам себе си како сум можела да користам секакви глупости на најважниот дел од телото. Сувата кожа е е по подложна на брчки и порано се појавуаат брчките на сувата кожа затоа не се заебавајте Заборавив за Лаверата да кажам, кремите се многу хранливи јас кога е вака ладно ја користам кремата која штити од студ затоа што премногу ми се суши кожата кога е ладно и кога дува, неможам да ви опишам колку ми е сува кожата ама ова одлично ме спасува. Имаат цела линија од млека и пилинзи за лице до тоници за сите типови на кожа.
А ке може да ми кажеш дал ти даде две креми или само една? Мене ми даде сапун и една кафена крема и ми ги наплати 2500. И за колку време виде резултати? Сите зборуваат за 2 креми што им ги дал, и тоа за 2000, мене само една и тоа 2500 ми наплати, ни резултати ни ништо не видов...
Мислењево тек сега го прочитав и морам да го споделам искуството на брат ми. Значи од негде 7мо одделение се мачеше со акни, ама незнаете какво лошо лице имаше.. Абе што се не му купуваа моите, де креми де лосиони де третмани на козметичари де дерматолози.. па хормонална терапија примаше, тоа ништо не му помогна освен што го здебели. Значи нема што не проба детето, ќе се појави некој мал резултат, па повторно истата ситуација ќе му се врати на лицето..и до 4та година средно се мачеше со креми лосиони чуда.. Во 4та година немаше веќе време толку да обрнува внимание на лицето, во гимназија им режираше 3 претстави, па имаше многу за учење за матура едно друго.. и го миеше лицето САМО СО САПУН еднаш дневно и тоа мислам дека обично сапунче беше.. Ако ми верувате кога заврши 4та, летото и кога почна прва година на факултет АБЕ СТАКЛО МУ СЕ НАПРАВИ ЛИЦЕТО! Тогаш имаше флекички од акните ама НОВИ АКНИ НЕМАШЕ! За одреден период и флекичките ги снема, значи лицето му е стакло! Да го видите нема да мислите дека некогаш имал толку лоша кожа.. Јас сеуште неможам да се откажам од кремиве, пилинзиве, лосиониве.. Иако мене не ми е толку лошо лицето како на брат ми, ама еве се трудам да намалам, да не се шлакам со се и свашта.. Ќе го пробам dove сапунот и некоја хидратантна крема па ќе видам како ќе ми напредува лицето..
Што значи дека твојот брат имал пубертетски акни, па чим му поминал пубертетот прекинале и акните И јас се мачев 5-6 години идев по 100 дерматолози, пробав се и сешто и на крај сами се повлекоа. Лесно е за пубертетските акнички, проблем се оние кои се јавуваат кај повозрасни...
Една крема и едно сапунче 2500, пред десетина дена повторно си земав сапунче ( ми се потроши првото) Јас ја земав во мај месец, почнав со неа прочитав еден лош коментар + имав добиено и ЛП во која што имаше се и сешто изнапишано, малку се подуплашив и престанав, но по некој ден повторно ја почнав. Поминаа дваесетина дена , резултатите беа повеќе од добри. Јули - Август не се појави ниту една ,сега два до три пати неделно ставам од кремата без никаков проблем, кремата не е ни половина потрошена. Избегнувам да ставам пудра, но кога ставам се трудам што е можно побрзо да ја отстранам. Пред да ја земам кремата бев на дерматолог - испитувања па следеше ласер, кој што чини малку поголемка сума , па роакутан - па следуваа оваа крема ке си ја купиш, кој што воопшто не беа со ниски цени. Не сакам ни да напишам, каде бев ни кој ми препишуваше, каде ме препраќаше да ги купам истите не сакам ни да спомнам. Да не испадне повторно реклама, кога се јавив да прашам за кремата и да ја порачам уште за број на кондури што не ме праша човекот, испитувања - третмани-терапии-козметики,што треба да се прави што не треба да се прави,кога ме виде истото најмалку 30 мин бла бла бла - Да не имаш нешто да прашаш ? Дали се ти е јасно ? Збори мислиш крај нема Друго што ми рече - Ќе правиш се како што ти кажав,во спротивно не си ги фрлај парите ! Ете со тие зборови ми го кажа тоа. Прашав и кога да очекувам резултати, ми кажа дека кај секого е различно кај некого побрзо кај некого побавно (тоа можеш и на темава да го прочиташ сите имаат различно искуство) нити сака да ми ветува или гарантира нешто. Многу битен момент,зошто други некој ми даваа гаранции - гаранции се изнаслушав - ама додека да платам,потоа само кревање на раменици. Јас отворено си кажувам -задоволна сум,има резултати, човекот самиот тој мене ми се јави за да ме праша -како сум -дали сум задоволна - какви резултати има. Како што велиш ти, Срамота и грев би било да напишам, да кажам нешто лошо. Си бев свесна и самата си одлучив да ја порачам, ја прочитав цела тема -прашував за искуства во лични-пораки, прочитав и негативни и позитивни коментари, не прочитав за некој производ - институција- лекар-дерматолог-козметичар - за било што на темава, да има исклучиво позитивни мислења. Премерив, размислив,споредив позитивни - негативни мислења, пресметав колку сум потрошила и дали вреди да се проба. Овде на темава ке сретнеш од А до Ш, секој си споделува искуство, некој се фалат од здраве кремите, си пишуваат за дерматолози козметичари препарати, некој се скапи некој се ефтини- исто ке сретнеш и креми - тоници- масла кој што чинат 4000, 6000, 9000 па и такви кој се 50 или 500 денари. Секој си споделува она него што му помогнало,тоа не значи дека сите ние правиме реклама. Тоа колку чинела јас прочитав дека била и 1800,ама и муслите беа 200 денари сега се 230 Пубертетските се најлесни, како дошле така си заминуваат како што кажа- Зафркнати се оние кој што ке се појават подоцна,тие некако тешко си одат.
А колкава е кремата чим си ја премерила и викаш имаш уште? Се мислам да порачам,да не порачам, не ми стои баш ефтина, и не сум од Скопје, да ми објасниш како да го пронајдам, ако се решам да порачам.
Многу уназад имав пишувано за гелот и тоникот од Avon на Clear Skin, а и доста феминки ми пишува во п.п за да ме прашам за нив. Она што можам да ви кажам друго што ептен помага за мрсна кожа и акни, е и Dove сапунот, ептен дава свежина на лицето, чисти мрснотии воедно и акни.