lol Врвот на денешниов ден, ми го направи денот. Кога напишав премерив, не мислев на буквално физичко мерење на тежина ( иако и тоа го направив -100 ml или околу 133 gr вагата не е баш најточна ) Сосема малку се нанесува. Премерив - Проценив , си направив чоколадо, седнав на форумов и почнав да ја читам темата. Страница по страница, читаш мислења - јас користам **** ***** ( ѕвездичкиве наместо букви да не испадне дека кудам некого ) еден позитивен два позитивни три позитивни коментари, четвртиот -лелеее никогаш повеќе јас целата се исфрлав, светам целата. И тоа редовно се повторува, на секое трето позитивно мислење имаш четири до пет негативни. Си велиш -пристапна цена, квалитет сомнителен 2-ца од 6 не се задоволни, лош процент. Потоа продолжуваш, читаш за гелот од ******** кој има млаку повисока цена - еден позитивен коментар следуваат уште неколку продолжуваш -да ја читаш темата ... нагло се појавуваат негативни коментари 5 позитивни-2 негативни, но тоа не е она што одлучува. Ти веќе го имаш пробано тој тоник, но си била во недоумница дали повторно повторно да пробаш. Знаеш дека не ти помага, читаш дека и на други не им помага. Следниот ден повторно,сега со кафенце. Продолжуваш на страницата каде што си застанала - јас бев кај Др- ****** ******* или козметичко студио ********* тоа немам зборови да опишам колку се добри, Др - таа и таа ме прегледа, имаш преглед со сини картончиња не е скапо. Леле третманот што ми го направија СТАКЛО ЛУЃЕ СТАКЛО побрзајте закажете. Продолжуваш и читаш коментар, ми ги земаа парите - ме упропастија-од дома не можев да излезам, повторно ми излегоа, не знам повеќе што да правам. Од 20 позитивни мислења 9 се негативни,лош процент. Си велиш не е толку страшно, ама веќе си била и немало резултат. Продолжуваш понатака, читаш совети за бабини лекови- хигиена - исхрана, кремчиња - сапунчиња - маскари - пилинзи. Некој се едноставни други сложени, некој речисти за 50 денари некој до 6000 денари повеќето ги имаш пробано и знаеш дека не ти помогнале. Иако во себе си велиш - Да имав среќа и мене да ми помогнеа, потајно љубомориш по малку. Продолжуваш со читање, среќаваш напишано за некоја си крема што ја правел некој чичко Сашо - Еден позитивен два позитивни - десет позитивни еден негативен. Си велиш пре-добро за да биде вистинито! Продолжуваш понатака во меѓу време читаш за се останато, масти од невен - природни маски, повторно коментар позитивен еден-два-десет-петнаесет позитивни коментари еден или два негативни ( најчесто од една иста членка ) продолжуваш понатака - сумираш- премеруваш-проценуваш 60 позитивни коментари,има и негативни четири-пет мирисала , не помогнала, не се придржувале на кажаното,или едноставно не помогнала. 4 лоши мислења 60 позитивни мислења, добар процент. Цената на прв поглед горе долу е пристапна. Пресметуваш колку си потрошила до сега на ситници кој што некој ти ги кажал, или си ги прочитала. Крема - Тоник - Гел - Маст - Сетови иако мислиш дека е скапо, увидуваш дека многу повеќе си потрошила. Откако ќе го направиш тоа се решаваш дали ке ја земеш или нема да ја земеш, секако нема да знаеш дали ке ти помогне или нема ако не пробаш. Тоа што си од друг град, како да ја земеш ќе мораш да се јавиш и да си прашаш. Но ако доаѓаш во Скопје,јави ми се да те частам затоа што ме насмеа.
Јас кренав раце од ова више!!! Големи комплекси имам набиено со овие акни.Ми се смачи више. Ми се чини парите што ми имаат отидено за ваква козметика ќе си возев низ град BMW x6 ( не х6 ама х5 сигурно) . Се што имам слушнато имам пробано,што се немам стаено на лице али џабе брате џабе .Една стискаш или се повлекува друга излага.Се е залудно и креми и лосиони.Тоа ако сака да излези ништо не го спречува.Нормално,има и такви што им помагаат кремички,лосиончиња. Али мое мислење е додека не ги излечам од внатре,со апчиња чајови и ред други работи,со лосиони и креми нема ама баш ич. Така да повеќе ни денар недавам за глупостиве. Фино лепо ке си идам на доктор испитувања на крвта и слично па ќе си видам ако ми помине од тоа арно ако не здравје Боже,ќе си се помирам со ова. Имам пиено апчиња да,и од искуство кажувам дека од тоа ми поминаа едно време. Ама тие повеќе беа за редовен менструален циклус, па ги прекинав. А се надевам дека следен пат кога ќе пијам нешто ќе ми поминат
Cамо што го потрошив чистачот за лице од Avеeno,онај што пушта пена,не знам мене овие чистачи што прават пена никако не ми одговараат,овај беше за сензитивна кожа но ми ја досуши,никаква ми е кожава,посебно кај носов Mу се вратив на гелов на Hеутрогена,ем ми го чисти лицево од акни и преубаво мириса. Eден од подобрите гелови за лице е и го препорачувам
Дали некој го има пробано третманов кај анчевски? http://www.ancevski.com.mk/index.php/mk ... -na-liceto
Во секој маркет ги има, цента варира, зависи од фирмата, околу 100 денари се. И јас сакам да пробам ама се двоумам нешто... Искуства од некој благодарамм
Во Кам се 40 и нешто, до 50 денари за пола кило. А таа им е цената горе доле сегде. Јас пробав со овесниве ама некои wow резултати немаше, али во секој случај природен и нежен пилинг е. Алергии и слично сигурно нема да ти се појават, така да ништо не губиш. А ако не ти се свиѓа, можеш да си ги изедеш снегулките, здрави се
Јас ги земам за 38 денари. Веќе второто паќетче го користам,како што кажа CrazyStupidLove нема некои резултати од кои ќе паднеш на г*з ама вреди да се проба колку толку кај мене има некој мал ефект.Можеби е до кожата па кај тебе може да има и поголеми резултати. Ништо не губиш,пробај.
денес купив Здраве крема како да ја користам само навечер ли се става или.....? Jас немам акни но имам флеки дали ќе ми помогне здраве и за колку време има резултати ..ве молам за одговор !
Па ако си дома во текот на денот ставај си и преку ден (бидејќи е како маст, тешко се размачкува и останува бело лицето), инаку навечер стави подебел слој од кремата после миење на лицето (јас, може е невообичаено почнав со Бекутан купка да го мијам со камилица и ептен нежно го прави лицето).. а резултати, па сигурно после 2 недели ќе имаш, ако не и порано... зависи од кожата.. јас ја користам веќе некое време и помага, имав едни како лишаи да ги наречам (црвени топчиња кои чешаат и после неколку дена се сушат, гадно изгледаат) и добро е, ги исчисти и не се појавуваат нови... ама биди упорна, сепак не е магично стапче
е фала ти многу....немам јас многу флеки и не ми се многу страшни....имам нежно лице....така да мислам дека ќе помогне....а денес ставив кога ја купив и многу убаво ми го прави лицето еластично и мазно Да помогнам на оние коишто имаат проблем со акните ...вака јас имав многу акни целата бев црвена бев на дерматолог и ми даде една крема од Бугарија 10 евра ја купив тогаш ја немаше тука во Mакедонија ...кога ставив веднаш ми го снема црвенилото и тие поголемите акни се повлекоа..сите ми се чудеа...сега кога отидов пак на дерматолог и побарав нешто за флеки но тој пак ми ја даде истата крема не ми помогна бидејќи немам акни сега ... незнам во Скопје каде ја има но во Куманово ја има само во една аптека многу ретко ја има...и заедно со лосионот сега пред 1 месец ја купив околу 1000 ден...еве ви линк од кремата се вика ACNE OUT
Бидејќи најмногу проблеми имав со црнките, мене најмногу ми помогна пилингот со шеќер. Све живо и диво извади, а лицето ми е мазно, но не сосема.. Сепак се не излегува од еднаш, како и да не да не должам многу, само да прашам каков е тој крем Здраве? Читав неколку мислења наназад но нема конкретни објаснувања..
Мене па не ми помага Здраве кремата.. Ја користам на пр 1 недела но не гледам некои подобрувања! Може да кажам дека и лицето ми се влошува од овааа крема.. нови акни ми се создаваат. Но пак ќе прочитам на форумов колку ја фалите, и си викам.. ајде сега Лунчика пак пробај да ја користиш 1-2 недели сигурно ќе видиш резултати! Но не.. пак истиот ефект.. Не знам веќе што да пробам.. изгледа безнадежен случај сум штом ни Здраве кремата не ми помага Шала на страна, дајте бе луѓе кажете, нешто против акни навистина што помага? Па грдо ми е кога сите мои врснички имаат прекрасни лица чисти.. а јас сеуште имам акни Anyone?
Значи тоа е крема со цинк оксид која е највеќе наменета за кожа која има иритации и црвенила, но не штети да се користи за лице. Бугарска крема од 30гр. која се набавува за неверојатни 50-60 денари и со редовна употреба може да ја подобри состојбата на лицето. Јас ја користам од пред некое време и ставам само навечер и супер е, ми го исчисти лицето, сепак има мали флеки за кои ќе почекам уште малку еве слика :
јас имам 28 години и немам проблем со мозолчиња на лицето туку имам мозолчиња на вратот и тоа многу никако не моажм да ги исчистам ......дали некоја од вас го има овај проблем и како можи да се реши овај проблем и дали се работи за хормонално пореметување илииииииии.......помагајте
Дечки имам еден проблем, кога учам или гледам ТВ рацете ми се стално на лице зошто имам мозолчиња и ме нервираат и мислам дека само со корнење можат да се излечат. Како да ги тргнам рацете од лицето да не се чепкам? BTW секоја ноќ ставам 1 крема за против мозолчиња но таа работи само кога не ги чепкам а ко ги чепкам таа ќе го покаже дејството ама пак нема да се забележи толку. Тактики ве молам.
Не ги чепкај никако, ќе видиш дека побргу ќе ти поминат кога нема да ги чепкаш! Пробај кога учиш да држиш пенкало во рацете или поарно мрси ја коста отколку да го допираш лицето...а за пред ТВ земи го далечинското во рака или стави си ги рацете во џебовите може ќе помогне...ако не бива барај друго чаре