Значи женски многу ми се мрси лицето оклу т-зоната, користам сапун за лице Dove, гел за чистење на лице oд Авон, ама не ми помага ништо. Помош може ?
Одамна лицево ми е во прилично лоша состојба. Се миев со гел од алое на Орифлем, плус земав некој гел од ДМ, фини беа, ја чистеа шминката целосно, но ете лицето ужасно беше. Капак на се ми се појави огромна флека, под окото лево, голема колку носот, а црвена ко пиперкиве за ајвар. Отидов на кожен, за флеката ми даде една маст, а за лицето ми рече да се мијам со гел/ пилинг што и да е ова на Еуцерин. Околу 500 денари го земав од Зегин ама ми рекоа дека имаат некој попуст, па не знам сега колку е. Се мијам од минатиов петок и лицето за некои добри 70% ми се исчисти. Понежно е, имам поубав сјај на лицето, не е млитаво ко што ми беше. Не ми се даваат уште 5,600 денари и за крема од нив ама ќе морам зошто гледам дека џабе фрлам пари на секакви креми и гелови кога ова совршено ми одговара.
Со Еуцерин нема утка сигурно. Јас го имам користено само антиперспирантот,луѓе нема утка со оваа козметика.
Мене ме интерисира здраве кремата дали одговара на секаков вид на кожа? Мене ми е за лето супер Бекутанот, ама сега на зима ми доаѓа некако суво лицето.
Со Еуцерин нема утка! Верувајте! Консултирајте се со кожен лекар кој производ би одговарал и нема да згрешите. Можеби се малку поскапи но вредат за парите! Инаку... Незнаев каде да го ставам прашањево но каде можи да се најде ваква четка за лице чистење тука низ Мк? по аптеки, парфимерии? имате некаде видено?
Зависи за кого како. Јас ја имам целата колекција, гелови, тоници, креми, бла бла, и не видов некој вау резултати. Се си зависи од кожата
Има во Орифлејм, баш кога го разгледував каталогот ја видов, мислам дека беше во наредниот што ќе испадне, го гледав на нет.
Јас си имам проблеми со комбинирана кожа. На некои делови ми е пресува и е потребна хидратација и освежување а на челото кожата ми е масна и многу често доаѓа до појава на акни. Последнава година немам толку многу акни, но имам разни црвенила, бактерии. Алергична сум на многу работи - а самото тоа ми создава разни глупости на челото. Кочено си го најдов спасот јас ! Мајка ми ми порача една крема од Германија што е прилично евтина и достапна а вреди за секој денар. Цената е 1.200 денари. Кремата е направена од алое 83 %(кората од алоето се фрла и не се користи затоа што многу луѓе се алергични на алое доколку производот е неквалитетен и помешан со кората од алоето што и лично мене ми создава алергии) Не знам дали бев доволно јасна, зборот ми беше дека најдов решение токму како за мојата кожа а тоа е - крема за сите типови кожа - Ако е потребно ја вади вишокот маснотија, а ако е потребно намалува црвенила и сл. ја користам два дена и забележувам подобрувања. Не знам дали ова е вистинската тема, но јас имам само пофални зборови за тој препарат. Спојлер Доколку мислењево не е соодветно за оваа тема нека не се брише, може да се премести.
Па неможеш да го промениш тоа ако имаш мрсна кожа. Миј го лицето почесто,или чисти го со гел и ставај некоја крема која не е толку мрсна.
Marama јас го користев гелот со гранули ти што го користиш сега, и плус го комбинирав со кремата и тоникот и лицето ми беше стакло. Ме фати за сите 3 околу 3200 денари (од зегин ги земав, а тогаш немаше никаков попуст). Месец дена не ги користам, и гледам дека пак ми се појавуваат мали акни, посебно пред да добијам. Верувај нема да згрешиш ако ги земеш и овие 2 производи!
Девојки да ве прашам гелот од еуцерин дали може секој ден да се користи, сакам да сменам наместо сапун да користам, гелот најверојатно помалку ја суши кожата, и колку му е цената, ви благодарам
Женски јас откако забременив ужасно се нафрлав, цело лице ми е акни како адолесцент сум... Лицето го мијам со Regal Natural, + правам пилинг со Clean&Clear Gel и четка за миење лице. - ова нешто е бугарско, ми го купила мајка ми, и нема некое посебно дејство сем да го измие лицето. Обично лесно го измивам наутро пред да почнам со третман, и навечер исто така да ја симнам шминката...потоа следат ритуалите.. + Од вчера почнав да практивуам еден рецепт кој го видов на Доктор Оз : Сок од лимон со толчен аспирин, мачкам со памук оставам како маска да одстои и плакнам 2х на ден, наутро и навечер.. += Уште е рано но мислам дека ќе има резултати.. ----------------------------------------------------------------------------------------------------- Мачкам и Скинорен Крем веќе 2/3 недели но нема некаков посебен ефект... ------------------------------------------------------------------------------------------------------ * доколку имате некој ефикасен совет ве молам пишете...мора да си го вратам лицето во нормала ќе побудалам!!!
Крејзи Леди, ќе си најдеш некоја крема која е наменета за комбинирана крема исто и гел за миење лице за комбинирана кожа. Тие препарати сувите делови ги хидратираат, а мрсните ги матираат. Сигурна сум дека има вакви препарати на сите фирми, Нивеа, Гарниер, Лореал исто и од поскапите Клиник, Ланком и органските козметики. Прави почесто пилинг на деловите што се ти се мрсат на лицето, два до три пати неделно максимум, а избегнувај на сувите делови да правиш пилинг често. Сапунот нема да ти помогне за мрсните делови на лицето, може само да ги дехидрира. И на мрсната кожа и треба хидратација.
Јас околку два месеци имав огромни мозолчиња на делот кај брадата. Целиот тој дел ми беше воспален и се чувствував одвратно. Пробав се што можев на своја рака - од секакви лосиони, гелови, домашни маски, до лушпи од банани, аспирини..ништо не ми помогна. Како последна надеж пред да одам на дерматолог го зедов лосионот Хлорамфеникол, го има по аптеките и поголемите маркети. При крај ми е второто шишенце и од акните ми се останати само црвени лузни кои заздравуваат. Лицето го чистам на секои неколку часа. Свесна сум дека можеби тоа е малку преагресивно но навистина веќе при крај сум со трпението и сакам што побрзо да ми поминат. Првото шишенце беше од Фитофарм и од тоа сум позадоволна, тоа што сега го имам е од Галафарм и е посилно и малку пече кога го чистам лицето. Во составот забележав дека има некој алхохол плус. Сега сум пред добивање и забележувам како малку да се враќаат акните, сепак лицето ми е во мнооооогу подобра состојба од порано. Го препорачувам лосионов (на неколку другарки знам дека им е препорачан и од дерматолог), барем мене ми помогна.
Марама и јас откако те прочитав го земав пилингот на Еуцерин, арно ама дури дома видов дека пишува за мрсна кожа и за кожа со акни, а мојава кожа е нормална накај сува. Сега незнам дали да го користам, иако мислам не би ми штетело 2 пати неделно ако се мијам со него, колку за „заштита“ од акни, а?
Руби мислам дека е подобро да не го користиш, јас го немам користено но немој да ти се појават лишаи на лицето и нешто слично, она што е за масна кожа го намалува лачењето на маснотии по лицето а замисли што ке се деси на твојата сува кожа, мислам ти како сакаш, само мое мислење...