Да пробаш да не ќе ти го заменат? Мене баш ме прашаа за каква кожа ми треба, не знам зошто не те прашале и тебе. Јас не би ти препорачала да го користиш зошто го суши лицето. Мене ми одговара тоа ама тебе со сува не верувам.
Прочитав дека ваа крема го чистела лицето. И сите се задоволни од неа. Ја купив па сакав да прашам дали некој ја има користено?
Ја немам користено но би требало да е многу добра на природна база се сите производи на origin и е со бел чај што помага многу при нечиста кожа. А од каде ја купи ако не е тајна
Девојки,морам да го пофалам новиот гел за чистење лице од нивеа,аква ефект што е и кремот дневниот и ноќниот,во суштина цела колчекција,преубави се.Го чистат ,освежуваат и омекнуваат лицето,даваат природен сјај и го контролира мастењето на кожата.Одлични се,ги чистат и флеките на лицето и мозолчињата,се.
Девојки што повеќе го малтретирате лицето тоа повеќе ви се исфрла. Јас порано нон стоп го чистев , мачкав креми ова она и ми се средуваше али пак после некое време ми се исфрлаше а сеа почнав само насабајле и навечер да го чистам со влажни од бекутан и ми се смири лицето и плус многу ми е нежно... Ова го прочитав тука од неколку членки а и сестра ми ја гледам дома не се замара толку а лицето и е стакло...
Имам голем проблем. Над устата имав црнка, оддамна ми стоеше ама не сум ја забележала, и вчера на истото место ме болеше и ми пораснало како гнојничка, и денеска несакајќи си ја скинав, и ми се познава како белег. Незнам што да му ставам за да ми помине црвенилото..
Измиј го лицето со гел за црнки со смирувачки ефект,пример цлерскин од авоин плавиот пилинг,потоа намачкај го со крем за масна кожа цело лице,и ако има потреба(Излегуваш некаде)мачкај го местото со коректор за прикривајне на флеки,занчи коректор во боја.
Измиј го лицето со сапун и остави го така некое време. Потоа ако имаш помада за лице намачкај се со неа, би требало да се намали црвенилото. Ако не крај краева ако негде излегуваш стави коректор на тоа место или тапкај малку течна пудра, би требало така да се прикрие.
Уф,мене многу често ми се случува така околу устата и многу време му треба за да помине и да го снема,можеби 3-4 месеци.Користи си пудра или коректор за да го прикриеш.
Јас користам од гелот против акни на фитофарм и многу сум задоволна од него буквално ми се намали црвенилото и бубулиците ми се намалија речиси исчезнаа
Прекинав со употреба на нивеа аква ефект линијата,од причина што ја потрошив,и почнав со нова линија неколку дена(4-5)... Тоа е:миење на лице со обичен сапун оној плавиот на палмолајв balanced или така нешто со камилици на сликата што има,потоа миење со докторс сапун антиакне,зелениот со ментол и масло од ментол,и на крај ставам бекутан бебешко кремче. И забележав дека процесот на исчезнување на акните што петходно го имав започнато со нивеа аква ефект,се убрза двојно.Значи нивеа кремот ми беше многу мрсен(и дневниот и ноќниот)што не е случај и со бекутан,барем на моето лице.Mојот став:бекутан крем е универзален и за секој тип на кожа(мојата нормална со малку ,сосем малку мрсна T-зона),која со крем по малку светнува,а ако кремот не е толку масен делот е нормален,значи нема вишок манотија.за сапунот докторс: не ја суши кожата значи воопшто,исто и палмолајв не ја сушат ни малку,мојата бар не е сува сеуште.. Иако секој ќе ви рече не користете обичен сапун ако имате нормална кожа или сува,па дури и масна,ама јас за нормална кожа ќе виго кажам спротивното. Лицето ми е чисто и без акни,исто и не е безживотно и го има природниот сјај,порите се затворени,што со нивеа кремот не беше случај,(порите беа видливи,всушност и тоа е целта на аква ефектот),го нема црвелнилото и иритацијата која претходно ја имав и за сето ова што го имам видено досега за (4-5 дена) можам само да ви препорачам топло и искрено ... Не шљакајте се на лице,она што е клинички тестирано и пробано,докторско,е тоа си е сигурно,може имам брз метаболизам ако е до тоа,може имам таква кожа,што за 5 дена ми изчезнаа сите проблми,незнам но можам само да кажам пофални зборови за сапунот докторс и палмолајв (синиот) и бекутан кремот.
Дај луѓе помагајте не знам веке што да пробам што да мислам... уште каков крем,сапун,тоник и уште што не сум пробала..од летото почнав да одам кај дерматолог има некој мали подобрувања но сепак ни малку доволно... црвенилото ми стои, неколку белези што имав ми стојат а правев 3 хемиски пилинзи од кои еден овошен а сепак лузните ми стојат дури ми се чини дека имам и нови од тие акни што ми поминуваат. Многу пари фрлив едно 300 евра а сепак ич не сум задоволна и цело време ми излегуваат нови акни..Не знам кај веке да се обратам и да барам спас некако ми се чини ова дерматологијата како перење пари некако ич не и верувам ми вети дека ке ми се среди лицето и дека со 2 пилинга ке ми ѓи снема 2-3те лузни што имам си реков ајде ке ги преболам парите но кога гледам дека нема фајда се нервирам ке пукнам. Ве молам да ми кажете искуства со дерматолог дали и вие сте биле тотално разочарани или пак мн ви помогнал.
зависи од големината на акните. јас не сум била на дерматолог но знам по моите братучетки.тие имаа многу акни големи дури и лузни од нив, тие го миеја лицето со DOVE сапунот од зелениот со краставица и малку им се исчисти, па потоа од лосионот на хлоракол на галафарм. црвенилото им исчезна и акните многу им се намалија, но се зависи од твоите акни. еве ќе ти кажам и за мене.јас немав некои акни големи, имав од оние ситните, се миев со глицерински сапун оној зелениот и ставам од гелот против акни на фитофарм,еве го користам еден месец, на лицето немам ниту брукче,но сепак ќе го користам барем 3 месеци бидејќи така имав негде прочитано. се надевам дека ти помогнав нешто од нешто
и јас имам еден проблем, на лицето одма до увото (мислам дека разбирате за кој дел ви зборувам) имав поткожни бубулици, едно време ги стискав и се повлекоа, потоа пак ми се појавија па пак ги стискав али сега на тоа место имам едно големо топче, некогаш ми е отечено а некогаш само се повлекува ама многу ме боли.мајками вели дека можно е да ми се инфицирало местото од стискање. Сабајлево кога станав видов дека пак ми е отечено и црвено е ако знаете кажете ми нешто што ќе ми помогне да го намали отокот и црвенилото. Ви благодарам однапред
ако мислиш за едни големи полни со гној такви имаше мојот брат одма кај увото позади кај што стојат обетките.тој се мачкаше со белогент маст ја има во аптеките.само немој да ги стискаш доколку се такви јас сепак не ти препорачувам може најдобро е да одиш на лекар и тие ќе ти препорачаат што треба да користиш
не не се такви, не е полно со гној туку местото само ми е како потечено и тврдо, и не се позади увото туку на лицето пред увото, сепак ти благодарам
Женски ве молам дај помагајте. Значи на челово и Т-зоната ми се појавија лишаи и кожата таму ми е многу сува благодарение на црната пудра од менхетн. Бидна што бидна нема да ја користам веќе, ама со што да се мачкам за да ги снема и кожава да ми се врати во нормална состојба?
Со помрсна крема и за ден ,два ќе паднат или пак направи благ пилинг. А да си појдеш на гинеколог и тој да ги види затоа што неретко причина може да биде хормонален дисбаланс или пак цисти.Во принцип дерматолозите кај вакви случаи односно акни не би требало да прават ништо без предходно направен хормонален статус.
Ех, таа пудра, а и воопшто мат пудрите се користат на помрсна кожа и не се препорачуваат на луѓе со сува кожа. Сега не ти треба мрсна крема, туку хидратантна. Џабе ќе се мачкаш со бекутани и павловичеви, купи си некоја хидратантна крема, и дневна и ноќна за побрзо да си го средиш лицето. Имаш на сите фирми, нивеа, гарниер ......