Јас имав нормална накај мрсна кожа, ама после подолго користење на таа пудра ми стана сува и еве сега и со лишаи А инаку во темата за сува кожа гледам многу го фалат вазелинов Помага ова во мојов случај?
Незнам дали помага бидеји лично го немам користено. Јас знам дека за сува кожа треба да се користи крема која што и дава хидратација на кожата, ако е кремата мрсна не значи дека ќе го реши проблемот на сувата кожа, ете на пример вазелинот, бекутанот, павловичевата се мрсни креми и навистина ја омекнуваат кожата, меѓутоа го немаат она што и е потребно за длабинска хидратација на кожата. Не за џабе не се наменети за лице, затоа што постојат други креми кои ги третираат баш тие проблеми.
Колку помалце хемија, толку почисто лице.Еве јас го мијам лицето само со вода и лицето ми е стакло.А додека користев разни гелови и сапуни, повеќе ми се мастеше и ми излегуваа бубулици.
За проблематичната кожа склона кон несовршености не е доволно само миење со вода.Секој би сакал да има чиста кожа која е доволно да ја негува со некое детско сапунче и бекутан но за жал кај секој тоа неделува.Затоа кожата склона кон акни,митисери и други несовршености треба да се лекува на соодветен начин според типот на кожата. На пример некој има сува кожа па е невоможно негата на кожата да ја сведува само на миење лице без да стави соодветен крем,истото важи и за мрсната кожа неможе негата да се сведува само на вода затоа што така не се отстранува вишокот на маснотија и останатите нечистотии како прашина и сл. кои повеќе се лепат на мрсната кожа,или пак ако не се користи некој гел потребно е барем да се користи некој лосион или тоник за длабинско отстранување на нечистотиите кои се предизвикувачи на акни и слични проблеми.Дерматолозите и козметичарите не препорачуваат миење на лицето со никаков вид на сапун дури ни со гел за лице,затоа што ја истанчувале кожата и со тек на време станувала по осетлива,но затоа обавезно после миењето на лицето препорачуваат чистење со тоник или лосион,хидратантен крем (кој ја навлажнува кожата но не ја мрси да не содржи масла,крем на кој пишува не е комедоген)соодветен за типот на кожата и некое средство за сушење(лечење)кое се става само акните,многу е важно да не се користат производи кои ја пресушуваат кожата на цела површина,затоа што мрсната кожа тогаш уште повеќе лачи себум.Добра е маската од глина,од квасец природни но делотворни. Колекцијата на Еуцерин за проблематична кожа е добра не е комедогена ја имам користено порано кога имав по проблематична кожа и бев задоволна сега го користам тоникот повеќе како за дезинфекција не ја суши кожата и хидратантната крема за нормална кожа Eucerin Aquaporin Light кремот не е за проблематична кожа но важно ми е тоа што не е комедоген убаво длабински хидрира,а не предизвикува акни.Сум слушала,читала мислења на дерматолози кои нагласуваат дека сериозниот проблем со акни треба да се третира исклучиво со медицинска козметика,затоа што таа содржи повисока концентрација на супстанции кои делуваат против акните,за разлика од не медицинската козметика за проблематична кожа која се купува по маркетите затоа што концентрацијата на активните супстанции против акните кај нив е недоволна слаба за да успешно се избори со проблемот.
Јас немам некој проблем со тежок вид на акни, но целото лице ми е преплавено со незнам каков вид на брунчиња ситни од кои кога ќе се стиснат излегува бела материја.А исто така имам и мнооогу црнки. има ли некој со сличен проблем како мојот па му нашол решение ? веќе со 1 година и повеќе се мачам со ова се сум пробала а моментално лицето само го мијам со асодерм сапун и ми е многу мазно но кожата ми е премногу затегната.
Имам комбинирана кожа и немав никакви проблеми за време на пубертет. Но, пред околу две години ми се појавија мозолчиња на челото и никако не можев да се справам со нив. Бев и на гинеколог, немам проблеми со хормони, проблемот е дерматолошки. Бев на повеќе дерматолози, ама на крај чарето си го најдов сама Изгледа јас сум една од ретките на која Вазелини, Павловиќеви, Бекутани и такви работи не и помагаат. Изгледа моето лице сака троа поскапа козметика Всушност, периодот кога користев Бекутан (тој со цинк оксид) и Клиндацин (ова или ова, иста манџа) лицето ми беше најкатастрофално. Клиндацинот уште толку ми ги воспалуваше мозолчињата, Бекутанот ми ја мрсеше и онака мрсната Т-зона. Го миев лицето само со вода, со Бекутан сапун, со Dove, со Асодерм, користев производи од Oriflame, Clean & Clear (последниве се добри ако имате мрсна кожа, ама дека мозолчињата магично ќе ви исчезнат - нема) и ништо не даваше конкретни резултати. Се до, неговото Височество... ...Еуцерин! Колекцијава поточно. Го користев првото, второто и третото. Ги има во Зегин и се малку поскапички, затоа што сепак се работи за медицинска козметика, ама вредат за секој проклет денар, а верувајте дека без размислување ќе ги дадете кога нешто ве мачело толку долго време и не сте можеле да му најдете лек. Сега, затоа што ми се управи лицево (освен некое мозолче ваму-таму во ПМС), а поголем проблем ми е Т-зоната (кај мене е повеже Ж-зона , имам масни делови и веднаш под очите, само образите и брадата ми се суви), се префрлив на Neutrogena. Полумедицинска козметика, а и е поевтина од Еуцеринот. Овие две ги користам моментално. Уште едно евтинко и корисно производче (ова е последно, ветувам ) е тоников од Балеа. Дава многу убаво чувство на чистина, а има и салицилна киселина и цинк, па помага и ако имате некое мозолче. Сеуште сум во потрага по соодветна матирачка крема. Користев една од Oriflame, ама не бев нешто многу задоволна. Ги гледам овие Solutions од Авон, а има и една зелена од Балеа, од колекцијава погоре, па можеби таа ќе ја земам. Предложете некоја ако знаете дека е ефикасна
^ Јас ти препорачувам да ја земеш Еуцеринот, колекцијата што си ја постирала погоре. Одлична крема, дава мат ефект и пудрата ја чува долго на лице.
Овој пилингот кој го беше некој напишал погоре е многу добар :up: Со сапун го миеш лицето и ставаш шеќер,почекуваш да се стврдне и триеш и потоа го миеш лицето со млака вода и повторно со сапун...Само требаше посилно да тријам за да ми излезат повеќе црнки,малку излегоа ама сепак сум задоволна,лицето ми е премеко Да прашам само на колку време се прави пилингов?
http://fitofarm.com.mk/MK/proizvodi/koz ... aspx?lId=1 Е овај го зедов пред некој ден, па да видиме резултати за некое време само не зна, дали ко ќе го става после некое време да го измија лицето, или? Никаде не пишува како е употребата..
Се нанесува на чисто лице, само на местото каде што имаш акни, или ако сакаш можеш и на цело лице ама не е препорачливо бидејќи е антибиотик ќе ти се пресуши лицето и ќе ти стане преосетливо. Се остава да делува барем 1 час, а најдобро е навечер пред да легнеш да го нанесуваш и да го оставиш до сабајле, преку ден заради УВ зрачењето не се препорачува ама не е толку страшно и да дојде во контакт со зраците.
Ако барате решени со прблемот со црнки и масна кожа во ова се крие решението...Немам масна кожа но понекогаш имам маснаТ-зона,и на ност забележав мали ситни црники,и веднаш почнав со континуирано користење на маскава и одлична е,освен што убаво го чисти лицето и го омекнува,ги чисти црниките а воедно го ексфолира лицето.. Одличен производ,не го рекламирам ама навистина вреди можеби е скап ама незнам по кој пат ја фалам маскава,некој период не ја користев и одма ми испаднаја црнки,и сега се среди се..
На носот имам мали црнки, ни со шеќер, ниту авон, ниту стискање не помага. Дај кажете нешто, оти еден месец така ми стојат недопрени.
Oxymoron ако сеуште не си земала крема, топло ти ја препорачувам на зелената на балеа. 125 или 135 денари е, ама преубава е и како подлога за шминка.
Не знам во која тема да го поставам прашањево, се надевам дека е соодветна.. Вчера ми се појави бубулица веднаш до долнава усна на лицево. Сабајлево кога станав ми беше малку потечена левата страна од усната, ама не се заприметуваше. И сега паметна јас, го стегнав. И сега местото ми е потечено дупло.. како 2 усни да имам. Некој совет, што да правам за да се намали отокот? Утре втора смена сум нашкола и не би сакала вака да одам..
Веќе една недела користам крема за акни од пазар miss beauty (пишува на неа acne cream,портокалова опаковка).Не верував дека ќе ми помогне но испадна многу добра .Имав ситни бубулички и една две поголемки значи скоро не се ни познаваат .За цена не знам безпари му ја дале на татко ми но сигурно не е скапа ..пробајте ја мн е ефикасна
Мене на дерматолог ми го препорачаа хлорамфениколот и ми рекоа да ставам само на мозолчињата ама јас ставам на цело лице само навечер скоро година и многу сум задоволна. Дефинитивно најефикасен производ до сега. Сега единствено имам проблем со ситните подкожни, за нив сеуште немам најдено лек Ако некој има некој совет нека пише.
Анн.94, мислам дека имам пишано во темава за истото, но како и да е. Истиот проблем го имав и јас, од исто пудра со мат ефект на менхетен и исто т-зоната ми стана сува и лицето почна да ми се лупи. Лекот го најдов во вазелинов и Бекутан кремот. Прво нанесував од кремот нормално, а над него од вазелинот со малку поголем слој, како некој вид на маска на лицето. Едно време (точно летниот период) паузирав со пудри и чуда и лицето го средив целосно. Сега нема вечер да легнам а да не ставам вазелин. Ни лушпи, ни сува исперутена кожа..ништо. Стварно ти го препорачувам, чист пример сум дека нема да згрешиш. НЕзависно што на некоја од овие теми една феминка ме искритикува како се осмелувам да ставам чист вазелин на цело лице, си нема врска со здрав разум...Ама како и да е,помага,ефектот е прекрасен и долготраен. Еве колку месеци поминаа ниту С од сува кожа. Исто да напоменам дека имав и уште поголеми проблеми на носот и околу него. Пудра ми се собираше како на лушпи и изгледаше ужасно!
Јас за да си го одржувам лицето чисто, користам секој ден хлоракол ( содржи хлоранфеникол), пенлив гел за чистење мозолчиња од Clearskin-AVON и пилинг за прочистување на порите од истата колекција. За мене ова е совршена комбинација, затоа што од многу несредено лице, дојдов до бебешко мазна кожа